Никој не рече дека ни требаат алфа мажјаци туку мажи кои што се сигурни и знаат што сакаат и се трудат околу тоа да ја освојат жената и од кога ќе ја освојат, не престануваат пак и пак да ја освојуваат
Што знам, мене повеќе ми треба стабилен, разумен и паметен човек со кој ќе имам мир и ќе делам живот. Тоа е доволно за да ме освои, не мора одново и одново да ме освојува, зошто се што сакам произлегува од тие работи што ги спомнав. Тотално ми е небитно кој кому пишал. Притоа јас ретко сум пишувала прва, ама тоа е заради мене, а не зошто сметам дека пишување прв е маженствена особина особено денес кога секој сељак може да ти пише прв.
Ама и не очекував поинаков пристап и мислења од персони кои овде коментираат со “грев”. На крајот сите се сложивте дека не сакате да приоѓате први! Богами за греота сте!
Абе уствари ние дури си збориме тука, дечковците шо ни се свиѓаат веќе имаат девојка пошто некој од нив двајца пишал прв и не дремел на форуми да оправа како е правилно
Во право си де, секако дека првите особини кои ги наброја се најважни. Поентата ми беше дека ако некој е заинтересиран за тебе ќе ти ги докаже овие работи, секако мора и од другата страна да има интерес, но ќе го сврти светот за тебе. И можеби викаш дека не ти треба освојување, но сепак сите жени си сакаме внимание
Не знам и зошто не би пишувала прва. Ништо страшно ни лошо, дури и полошо би се чувствувала ако некој цело време прв ми пишува и јас си враќам се супер (а во меѓувреме си чекам), како тој да има контрола врз мене а јас си сакам да имам контрола и да пишувам кога ми се пишува
Имаше едно, ако сакаш да оттргнеш маж од себе, само дај му некоја одговорност или работа. Веруј, има ефект, често го користам.
Ako mu prijdes prva si ja turkas cenata, ako ti prijde prv ti ja kreva. Ako se otkazis od predrasudite, ete ti raj. Za da se sluci ramnopravnost treba da se podigne globalnata inteligencija. Uzivaj vo zivotot I zgrapci go toa so ti e na dofat. Dali si maz ili zena ne e bitno, ako cekas na drugiot da ti prijde samo gubis. Ti upravuvas so tvojot zivot.
Според мене е затоа што не се заинтересирани доволно за да трошат време или да се измачуваат да го завршат тоа и затоа се повлекуваат.
Добро согледување на работите браво, отвори и една добра дискусија, освен што е предрасуда мое мислење се работи и за его, да сфатиш дека егото штети не да го притиснеш бидејки ако го потиснуваш ќе тоа повтроно ќе се одрази, кога ќе немаш его ќе немаш ни предрасуди ќе сфатиш дека сите сме исти и ќе бидеш многи поефикасен во живот на многу полиња, и ќе си го живееш животот, а предрасуди и е го не смее да има кога се работи за љубов.