Како е тоа перфектно? Сум пробал да пријдам на некоја со еден куп подароци и пак сум бил одбиен(можеби сум бил нападен?) незнам ама баш тоа перфектното сум сакал да го направам а незнам како?
Да, нападен си. Нејќат жените така. Тебе може скроз најдобра намерата ти била ама поинаку се сфаќа тоа и не остава добар впечаток. А рече и дека типката крајно незаинтересирана била за тебе, не те ни приметувала, така да, џабе, а ова со поклонов уште повеќе ја одбило. И жените не се исти нормално но ако си културен, фин, љубезен и пристоен ќе оставиш позитивен впечаток кај сите, само одмерен биди, без преувеличување, посуптилно однесувај се и природно, не се фолирај, не користи глупи фори, и не се прај мангуп, џентлмен биди ама и со тоа не претерувај, да не се добие спротивен ефект. Не е тешко колку што мислиш. Само си знаеш ваљда дека со сила убавина не бидува и нема што да се трудиш и да настојуваш, ако глеаш дека нема интерес.
Имаше еден Хазард клуб на железничка за мене сеуште беше како вчера иако тоа беше 2015, таа девојка тешко ја преболев, ја сум повлечен срамежлив деморализиран како личност и кога неколку пати отидов за пикадо таму со другари не ја ни загледував ниту приметив иако беше тука но еден ден додека збореше со еден другар таа гледаше со насмевка и со остар поглед кон мене имаше наочари кратка коса беше облечена како 80те иако имаше тогаш 22 години и тогаш ме хипнотизираше со погледот и почнав мн често да одам само и само заради неа и секој ден чекав само да дојде нејзината смена сум ја загледувал ми враќала на погледот сум оставал нон стоп бакшиш сум и нудел мастики (земала) и тоа ме наведе да мислам дека имам шанси... Еднашка ја прашав на фб кажа не користи после некое време ми даде и фб и број ама после на Вибер ми кажа да не ја замарам и ме блокира...и после неа пак ми се случило истото со касиерка да ме загледува прва да прашува прашања за производите да ме прашува дали сум на нешто и таа ми дала фб пишевме на месинџер и после престана.... И од такви работи се разочарав и мислам дека овие женски личности тука повеќето сакаат селски живот со мажи што пијат пушат одат по бирти шунд и турбо фолк штп слушаат пцујат изневеруваат се разведуваат купуваат фалсификат гардероба никаде не одат низ цел свој живот итн итн такви критериуми се бараат тука... Можеби грешам ама се повеќе тоа го гледам
Негативно искуство си имал но не смееш да генерализираш вака, не е убаво сите у ист кош да ги ставаш. Сите сме се разочарале но животот продолжува, идеш даље, пак си ја пробуваш среќата, ќе се трудиш, ќе бидеш упорен. Иако, се е до среќата, да налеташ на права особа која во целост би ти одговарала и ти на неа. Ете нив не им било до врска, онака само сакале, забава, знам дека ко лажна надеж да ти дале си се осеќал, затоа не треба врзување одма, кога не се познавате добро треба време да помине па да увидиш што всушност е целта и која е. На старт не моеш баш да процениш на што си, треба да се утврди уште тогаш ама не е честа практика тоа или па ти дале до знаење како стојат работите ама си продужил ти да си се надеваш.
Крајот на исказот не е во ред. Океј сите имале лошо искуство. Нема потреба од генерализирање. Не мора да значи дека ако некоја одбила да прави муабет дека сака "селски живот". И каков е уствари тој селски живот?? Делува како здрава фрустрација, од страна на typical "nice guy". Не се сите луѓе исти, ќе најдеш некоја што сака "градски живот" само полека
Грешката ја имам увидено дека мн брзо се имам запалено на обично внимание... Иначе не ги ставам сите во ист кош секако, ама кога ги гледам биртиите полни сфаќам дека шунд карактер и менталитет ги привлекува повеќе од жените тука и затоа не можат да се синхронизираат со мене и сум им чуден на некои на кои сум пробал да ја замолам за внимание...
Не генерализирам дека сакаат селски живот, ама просто некогаш сум вџашен како некоја женска што е привлечна изгледа и западно и се разликува и има различна аура е во врска со некој со карактери што се воодишевуваат на биртии шунд и филмови како Ране.. Тоа сакав да го кажам
Е добро де, благе везе нема изгледот со вкус за филмови и музика. Само затоа што некоја се облекува од Зара/Bottega veneta/ Massimo Dutti.... не значи дека треба Моцарт и Бетовен да слуша и да излегува со некој што носи лакирана кондура за по леб насабајле. На Балкан живееме, српската музика/филм се потенцира (а дека сегашните пејачи се shit, е друга тема на муабет). Карактерите ако се поклопат што е битно кој што слуша/гледа.
Мислам дека он сакаше да каже дека свињите ги јадат убавите крушки. Или убавите крушки паѓаат накај свињите
Он со ова некако не е на чисто, се си мислам не го сфаќа. Си бара некоја иста 300% ко него, идентична. Е тоа тешка работа богами. Зашо постојат компромиси не знам, не е можно да се сложуваш со партнер за све, тоа у реалноста го нема.
Лелелеле имаш една швајцарска чоколада од мене што ме извлече од оваа ситуација со правилните зборови ❤️
Што пишувавте ако не е тајна? Пошто чим ти дале број/месинџер тоа е добар почеток, е сега што муабет си им направил па одеднаш сакале да прекинат контакт...
И пишував комплименти заради кои ми се допаѓа и дека многу ми се допаѓа и дали може да излеземе на кафе... Тоа беше во неколку реченици и толку и траел разговорот.. Од оваа перспектива сега кога гледам мислам дела стратегијата ми била погрешна и мн сум избрал
Не ме сфаќате сакав да кажам дека ми е криво некоја што е мој тип иако прв пат ја гледам кога ќе сретнам некаде да ја гледам со некој што знам дека ништо нема да види со него и тој не ја гледа како скапоценост и не ја цени и не ми е јасно зошто не даваат шанса на некој што има голем жар за неа?
Те сфаќам. Затоа ти кажав само затоа што некој физички изгледа како наш тип не значи тоа компатибилност. За happily ever after треба карактерна компатибилност и мал милион други компромиси. И малку делуваш очајно, без навреда. Од кај да знаеш дека не ја цени? Слуша Аца Лукас и оди во кафана во петок вечер? Работи на себе, види каде ти се слабостите, што предходно довело до лош резултат за да знаеш како да постапи наредно. Голема работа ако те откачи некоја, не е крај на светот.
А ти од кај знаеш па дека нема аир да види од него? Од кај толку сигурен, одма значи на прв поглед проценуваш и ги етикетираш луѓето? Крај краева, нејзино право, она иде со него, си го одбрала, нека си го трпи. Сами си ги трпиме последиците поради нашите избори. Затоа ти реков, мораш да го прифатиш фактот дека со сила не може ништо, расчисти си со ова и ќе се најде и некоја за тебе, треба да се надеваш, да не губиш надеж но и реален да си пред се.
Не етикетирам, просто се познава како машките се однесуваат со нив? Зошто има толку разводи? Иначе ние не збориме за брак туку за посветување на внимание ? Иначе треба да се гледа секој детал за да не се изненадиш после... На пример сестра ми фати прв дечко и и викам нема ништо од овој и посочував некои детали... И она ми викаше гледај си твојата работа не се мешај во туѓ живот после 3 години одма се залетаа планираа брак... А она има 24 год... И викав пак нема ништо од тоа иако не сакам да деморализирам и демотивирам ама очигледно гледам неконтабилности... И на крај раскинаа