Па може тој од селото е подобар, поучен, подомаќин од тебе. И по сите овие муабети шо ги прајш, гледам дека некој од Крива Паланка стварно е подобар избор од тебе.
Ааа не ти одговара сарказам така? Не ме нервира бе, кој фактор си ти да ме нервираш? Ти дадовме совети ко на чоек, без сарказам без посмев ама почна да забегуваш многу затоа и ваков третман доби. Ајде, доста беше. Убав ден.
Ако сум од западна Европа би ми бил важен карактерот. Башка знаеш дека глобализацијата прави луѓето да ги прифаќаат другите сосе различностите. И зачудувачки постојат врски помеѓу различни раси, националности. Бидејќи луѓето пронашле компатибилност.
За мене пристапувањето преку интернет на непознати е непристојно и малку нападно и излитена работа беше тоа некогаш, и добро што не го правиш тоа. Иначе не може секоја девојка да те гледа на секоја да и се допаѓаш физички, како што и тебе не секоја девојка не ти се допаѓа физички.
А што има везе брате од каде е човек, битно каков човек е, колку сте компактабилни, дали можете да си ги прифатите различностите. Ако така ги гледаш работите никогаш нема да градиш вистински односи во животот.
Има врска бе како нема врска. Скопје е центарот на светот, се друго не се важи. Штета шо тие британките, германките, италијанките не мислат така
2024, a мислењата на некои ви се за во 2004. Ниедна зрела личност не сака игри и манипулации, не правете будали од себе. Ослободете се од егото и полесно ќе ви е во животот и во меѓучовечките односи. Па кога ќе прочитам до кој степен некои одете… требало или не требало подароци, па пишувал или не пишувал прв со вистинската личност нема да ви требаат калкулации, многу е просто. А ако не ви изгледа така, guess what? Или не е вистинската или вие не сте?!
Тешко на таа девојка, утре-друг ден жена што ќе чека сигурност од маж. И обратно. Жалам што сум искрена, ама сигурноста си ја креираме сами. Зборувам за секаков можен аспект, колку повеќе човек како индивидуа е понезависен, толку подобро. Тој муабет со сигурноста можеби некаде во минатиот век, кога целокупното живеење се доживувало поинаку. Се' било слога, се делело, се разбирало. Од денешен аспект, подобро е човек да не се заборава сам себеси, колку и да му е добро.
Јас зборев дека попривлечни се мажи со самодоверба. За жал, не се сите тие добри. Затоа им викам на овие "повлечените" малку повеќе самодоверба да имаат. Ама они не разбират.
Тебе те сфатив, туку сакав да дадам мислење од друг агол за членот. Ама кога сме кај попривлечните мажи не е вистина дека имаат секогаш самодоверба. Често се одбивани, често им се лепени етикети на самобендисани. Или поинаку речено, секој со својот проблем што го мачи.
Да го земеш шетајте по нивите таму... Ја неписмен ќе шетам по Лондонските дворци и нека те рани со сув бел леб секако не поскап од 33 денари во Кипер или Кам
Го земав и тоа од село, ме донесе Германија и ми купи стан. И леб не јадам, туку само по ресторани. Фала на грижњата. А ти ќе мора да се вратиш во Мк да се жениш оти таму ниедна нема да те поледне со таков однос.
Да светот зависи од Скопје, само го немаат видено многу луѓе, да ги фати скопскиот воздух и они да почнат да се осеќаат така. Немаат дојдено затоа. .
Тој што е зрел знае што сака, и е свесен за своите постапки. Точно се сложувам егото е најголемиот проблем во меѓучовечките односи, за да можеш да градиш нешто со некого не тебе да имаш его. Со тие што сакаш да градиш вистински однос а и сите останати не треба да имаш его, љубовта е побитна од многу други работи. Не знаеме која е вистинска или кој е вистински човек за нас, а мислам дека лошо е уште пред да го запознаеме некого градиме илузија во нашата глава каков човек сакаме пред себе и ти сакаш да го ја запознаеш таа илузија а не човекот, од кога ќе го запознаеме се разочаруваш.
За жал има такви примери од двете страни, мора човек некогаш да помине низ такви случаеви. Не секој е фин како што се претпоставува или изгледа на прв поглед, тоа ти дава едно искуство во живото те созрева, мене лично колку ме користеле, па не сум се откажал, не треба човек да се откаже.
Добро, малку претеравте. Членот најнормално си праша, после вртење на иронии, па уште вреѓања дека лечел фрустрации. @Еlinas23 нема рецепт за ова што прашуваш. И да бидеш најдобриот и најкултурен што пишува, ако не сака, нема ништо од тоа. Можеби си бил нападен, можеби и не, некогаш и да не згрешиш ништо, пак ќе се чудиш зошто не ти успева. Многумина им пристапуваат на девојките на секакви начини, и промашени и соодветни ама не успеваат сите да освојат. Зошто? Оти нешто не се поклопувало. Енергија, аура, како сакаш наречи го. Е тоа. Тука треба да има компатибилност, првенствено. Ако сакам нешто со некој, знам тоа уште пред да ми пише/пристапи. Ако ме привлече со тоа, пола работа е завршена. После, низ комуникација ќе проценам колку има памет и карактер и дали е добар избор за мене. Ако нешто не ми се допадне во тој дел, ќе се повлечам, не е тој за мене. Ако задоволува критериуми и се совпаѓа со тоа што сакам, тоа е тоа.