Имам едно прашање, дали е во ред девојката доколку е во врска(брак) да поставува фотографии од нејзе по социјалните мрежи? Доста мажи сметаат дека не е во ред, што има други да ја гледале? Мене ми е ок, доколку таа не прави ништо лошо спрема дечкото/сопругот, зошто да не си става? Нека ме просветли некој
Имам едно прашање, дали е во ред девојката доколку е во врска(брак) да поставува фотографии од нејзе по социјалните мрежи? Доста мажи сметаат дека не е во ред, што има други да ја гледале? Мене ми е ок, доколку таа не прави ништо лошо спрема дечкото/сопругот, зошто да не си става? Нека ме просветли некој
Затоа што постојано сум се наоѓала во такви кругови на луге со тој став, од лично искуство па и другарки, брачеди, познанички. Дури си помислува човек дека прави нешто не во ред
21 век, луѓето на месечината се качија. 500год под турско ропство сеуште се осеќаат за жал. Многу луѓе немаат ни социјални мрежи па крајот неможат да им го фатат. Сликите воопшто не значат ништо ако некој е незадоволен од партнерот и од себе па оди со други.
Во ред е, зошто да не е? Единствено не е во ред ако ги поставува со цел да стапи во контакт со некого, или просто кажано, да им пушта водичка на некои следачи. Можеби на некој и би му сметало ако цел живот го дели на социјалните мрежи, од тоа што јаде, каде оди, што прави, итн. итн. Но, тоа е индивидуално.
Не,не е во прашање никаква водичка, чисто за себе ништо посебно. И тоа е на неколку дена еднаш, не сум напорен тип со сториња.
Не гледам проблем во ставање на слики на социјалните мрежи ако однесување спрема партнерот е коректно. И јас да одам на Малдиви ќе се сликам по купачи. Нека пукнат хејтерите. И десет слики ќе ставам ако треба. Проблем е кога се поставуваат thirst traps за повеќе следачи или ако се прави муабет со другого на инста а се крие од партнерот. Ако немаш ништо од ова, тогаш проблемот е во несигурност на партнерот која се изразува како посесивност. Истово важи и за жени кои контролираат телефон на дечкото пред спиење, just in case.
Океј е. Ама ако сакам ќе ја објавам. На крај краева е мој профил. И да става некој срциња, ќе блокирам. Верноста спрема партнерот не е заклучен профил со нула слики и не излегување од дома. На 25гпдони сакам да ставам слика од мене во фустан со деколте? Тоа не значи дека го изневерувам партнерот бидејќи сликата ми е профилна на ФБ...
Ок, така е како шо викаш ти, се облекуваш за себе - самодоверба. Ајде гледај малку со машки очи. Секое атрактивно облекување за мажот е провокација - природа, треба да е геј за да не пријде на атрактивна женска. Мислам дека сите се облекуваме за да изгледаме убаво во очите на другите. Ама која е поентата на атрактивната облека ако не да го привлечиш спротивниот пол? Апсурд е да мислиме дека се облекуваме за себе. Ако е така тогаш зошто дома седиме облечени како било а кога сме во друштво сме дотерани?
Да во ред е зошто да не го прави тоа ако сака, битна е намерата и нормално да става слики чим користи социјални мрежи. Никој нема право да му забрани на некој не е нечива сопственост или ако си во врска/брак да мислиш дека имаш право врз некого, или право на ограничување и контрола врз некоговиот живот, не смее човек воопшто да помисли на тоа. Па кога оди на работа или кога излегуваат заедно не ја гледаат, ја гледаат сигурно, а такви размислувања се од заостанати луѓе.