Жените се облекуваат прво за себе па после за другите жените не за мажите. Кога е дотерана и средена има поголема самодоверба. Кога носи секси долен веш иако никој не го гледа кај жените расте самодовербата. Жена гледа друга жена како е облечена и што носи, а мажите мислат само што има под облеката. Маж (има исклучоци) не гледа кој бренд, каква боја одговара или не, дали чизмите и се кожени или ташната шо бренд и е. А тоа што вие мажите летате у облаци е друг муабет.
Ама во кој контекст ти зборуваш. И како тоа цел машки род го нарекуваш луд. Сакаш да кажиш дека на нас машките не треба да ни бидат привлечни атрактивните жени. Не разбирам!?
Whatever. Истото го кажувам само вие ме гледате низ некоја друга призма, пошто најверојатно имате лошо искуство со машкиот род.
Јас сакав да ти кажам дека жените не се облекуваат и шминкат заради вас. Тоа го правиме заради самите себе.
А јас кажав дека ако не си убаво дотерана и нашминкана нема ни да те погледнам (хипотетички кажано). Значи со тоа што се дотеруваш нормално е да го привлечиш спротивниот пол. Без да знајш (ама се сомневам дека е така) делуваш на околината ако си атрактивна.
Како и секогаш секој си збори и не/разбира од свое ниво на не/разбирање. Спојлер, Да, не се сите различни дома/ поинакви од онака какви излагаат пред народ, машки или женски. Значи да, најпрво за себе се средуваат.
Мислам..... за што зборуваме сега. Па нормално, која сака да привлечи манијак, која е користа за нејзе од тоа.
Значи доаѓаме до тоа дека не е луд машкиот род ако се загледа во атрактивна женска. Мислам, ало во што да се загледа
Значи ако е во тренерка нема муабет. Да знам што да облечам за да не ме замараат чичковци кога пијам кафе или коктел ама сама на маса. No offense, ама цо превод таквото размислување е изговор на сељачко понашање. Се дотерала затоа што мора да сака да и се залепам на маса...
Ми се чини дека вистина на лоши личности имате наидено, излегуваме од контекст, место нормален разговор за која е привлечноста и како се ствара и која е причината, зборувате само за манијаци. Па избегнувајте ги едноставно клошарските места, во отмен дел нема место за селјаци.
Кој е тој отмен дел? Театар? Или мош? Пошо мош е полн со сељаци. Не е проекција на емоции само затоа што некој кажува како стојат работите. Факт е дека ако си дотеран и физички привлечен повеќе машки ќе се лепат. Но и не ми се допаѓа констатацијата дека ако некоја е дотерана самата дала зелено светло за да ја замара некој.
Леле како размислувате. Само нешто контра да е. За се си има пригода. Ајде кој ќе те погледне во ресторан а ти по тренерки?
А што ако отидам а прв дејт со фустан штикла. Се тоа. И после се разболам и на 4/5 дејт веќе сум во тренерка. Ќе ми раскине, ќе прекине да се гледа со мене? Има многу луѓе особено студенти што почнуваат врска во читална каде што сите се небаре како од поплава излезени. Благе везе нема облеката.
Само пробувам да образложам дека делувате на околината, а сега секакви ќе ти пријдат, ти одлучи со кого ќе продолжиш. Е сега ако не сакаш машко друштво тоа е друго
Со вакви ставови вас одамна не ве погледнуваат затоа доаѓате на форумов, бар виртуелно да осетите женско внимание.