Мажи,ајде еден совет за мене,дека денес цел ден ми помина у нервози и ништо паметно не ми падна на памет во врска со мојата ситуација Од средината на мај сум со еден дечко од друг град..досега навидум се функционираше нормално,додека денес јас на неговиот ѕид на една од социјалните мрежи не видов како една девојка од неговиот град му пишала-''Прашај ме што сакаше да ме прашаш?''Очигледно они комуницираат,и ова комплетно ме поремети кога го видов..Прашањето ми е како да откријам во кој однос се они,затоа што станува збор за bearshare,не знам дали се знаат,или допрва договараат средба,а освен да разговарам со него немам друг начин да дознаам,дека немам некој познат од таму,освен него.Прашањето ми е во кој правец да го водам разговорот,како и од каде да почнам?Ситуацијата ми стана мене симптоматична уште пред извесно време кога неколку пати по ред они стануваа и престануваа да бидат пријатели...И сега пред 6 дена видов пак дека станале пријатели..Просветлете ме,стварно ми е потребен совет...Фала
Абре вадам сочни детали од интимата, ама тие се добри, вршат работа. Толку, не замарам веќе на оваа тема и не одам офф топик. И фала
Прашај го него директно ама да не делуваш љубоморно или со недоверба кон него сум бил во врска на далечина и ако крие нешто сигурно ќе го тргнел постот од ѕидот ако веќе сакаш да го провериш дали ти шетка наоколу бар денес е лесно напрај си лажен профил контактирај го и види дали шета наоколу секако ова е опасно внимавај да не те фати
Не ми е јасно зошто мора да глумиш онлајн детектив кога повеќе од очигледно е дека момакот си комуницира со други девојки. Зошто едноставно не го прашаш? Не мора да е директно и со љубомора, но во разговор, со насмевка, заобиколено малку perhaps? Ако договараат некакви средби или планираат нешто позади твој грб, ваљда нема девојката да му пишува на ѕид. Белким не се толку отепани и невешти. Што знам...ќе треба да ја примениш древната уметност на разговарање со партнерот
Тена, ако нема како за жал, мораш него да го прашаш, ама со сите изнесени факти како тука.Е сега, како ќе се снаоѓа се ќе ти каже, дали ќе биде нервозен, колку ќе биде убедлив, а за да бидеш посигурна поставувај му и потпрашања Врз основа на тој муабет и неговото однесување после ваљда ќе можеш некако да дојдеш до заклучок, иако мене искрено најмногу ме буни и ми е сомнително тоа што цело време се бришеле па додавале во пријатели.
^^^И мене тоа најмногу ме бунеше,бришење и додавање,може имале некои ''љубавни''несогласувања,којзнае?И не знам кој кого бришел,кој кого додавал на крајот на краиштата.. А Елементал,ваљда девојкава не ни знае дека јас постојам за да се устручува да му пишува на ѕидот,а и овака по сликиве слободна девојка делува,по пози и све тоа,така да нејзе веројатно баш ја интересира за таму некоја си што постои во друг град И да додадам,тој и е единствен пријател на профилот..Ситуацијава е
сепак изгледа подобро е кога со свои очи ке види човек мислења од повеке особи поготово од машки особи ви благодаам од мое име а и од името на пријателката која конечно го свати тоа што сакав да и го кажам но со ваша помош секако големо БЛАГОДАРАМ до вас дечки ELEMENTAL и MISTERY и помогнавте на другарка ми да свати некои работи и да ке заборавев ELEMENTAL јас претходно наведов дека од мојот профил прашувам за другарка која не е регистрирана,но за да не бидам повторно погрешно сватена сепак ке инсистирам за нејзино регистрирање на форумот за да нема повторно недоразбирања поззз
Ако сакам да бидам во врска ќе кажам дека САКАМ ДА БИДАМ ВО ВРСКА со неа! Нема да кружам околу тоа ко незрел мајмун! Ако веќе и кажувам дека неќам обврска тоа и го мислам! И како ли те молам би ја навредил повредил и понижил со тоа????? Што е подобро?! Да ја лажам дека ми е се на светов за да ја откачам за месец-два кога ќе осетам премногу притисок од неа. Па да ја оставам да се распаѓа. Ај ти се молам... И колку да знаеш, денешно време повеќе се жени оние кои сакаат врска без обврска. Ако не ми веруваш читај наназад по постови на темава.
Епа Тена, изгледа има нешто .Добро е што не ми делуваш премногу потресена, значи и не ти е којзнае колку битен, така што јас и би си играла малку на твое место, би му напишала нешто на профил со што ќе дадеш до знаење дека има нешто меѓу вас...не за друго, уште еднаш да се избришат од пријатели
Искрено,за потресена сум потресена,али нема што да се прави,ќе видам како ќе реагира тој на сето ова,моиве очи не можат ништо да видат..далечината е таква. А,за коментар еве само што оставив,чисто да си го разубавам денов на крај за сите мисли денес што ми пројдоа низ глава... ke te prasa be devojce,ne bidi nestrpliva,svasta ili vek te prasa? ова е мојов коментар под нејзиниов...ова не е во мој стил,али малце зајадливост не е на одмет
Jас мислам да си прашаш дирекно, но внимавај на тонот на гласот......за да не испаднеш како лудо љубоморна....
После 2 минутно размислување ова не ми личи на ништо друго освен нормален разговор помеѓу 2 познаника. Сигурно тој сакал да ја праша нешто во врска со „нешто“ па и оставил порака на профил „имам едно прашање“ и потоа таа му вратила со пораката што си ја прочитала. Најверојатно е за некоја Песна/Филм/Секојдневен разговор/БлаБла муабети... не ми се чини да е романтичен разговорот или да средуваат средба јавно преку ѕид на социјална мрежа, како девојки вие најдобро би требало да знаете дека тоа секогаш се прави по приватни пораки или на начин кој друг нема јавно да види што тие договараат.
Момци помагајте ! Во врска сум само 2 недели и 6 дена и овој мојот е на одмор во Хрватска 15 дена..сега веже уште 11. Пред да замине кажа дека секој ден ќе ми звони татко му имал ефтина тарифа. Ама еве го сега ни еднаш ми се нема јавено и само првоте два дена ми пуша порака и тоа утрото во 8 и пол.. Не знам што да мислам.. И пишувавме на Facebook и не ми прати ни едно срце ни еден а да ги видите раговорите пред да замине немаше реченица без или срценце .. лелеле не знам што да мислам.. Дали ме изневерува ? Или некој друг проблем има ? ПОМООООШШШ !
Ај бидејки ја сум само тука од овие "дилери на совети" (другите спијат ) ако некој те ни прака срценце на ФАЦЕБУК или бакнежи на ФАЦЕБУК незначи дека те изневерува а Хрватска отишол да се одмори гледаш има школо наскоро или факултет ,богами треба одмор за тоа а да те изневери , сигурно не , свежа ти е врската .. неможеш да очекуваш од машко после 2 недели "дружење и држење за раче" да ти прака бакнежи и срце сеа само лајкови и коментари на ФАЦЕБУК , а другото после месец дена врска следува
^^ Да,те изневерува. Ајде сега иди фрли се од тараса. Девојко,14 години си,те разбирам дека цела твоја љубов квантитативно ја мериш преку бројот на испратени сЛценца на факбук,али ќе ти помине. Значи дечко ти само се одмара од се,а тоа СЕ те вклучува и тебе. Жал ми е што ти кажав и што сега ќе мораш да живееш со тоа. Не те изневерува,најверојатно. Туку само ужива сам таму. Тоа е се. нема потреба од кревање општа паника.
Навидум многу сериозен проблем во прилично долга и сериозна врска. Одговорот е да, те изневерува и срценцата ги штеди за некоја друга па затоа не ти ги праќа тебе. Абре деца! Шала на страна, не паничи. Сега може најбитни ти се срценцата, ама ке пораснеш малку и ке разбереш дека љубовта се искажува на други начини многу поубави и поинтензивни од едно срценце и на секоја секунда. Дотогаш, како што спомна CharmedGirl, дружи се со гламстик, тие имаат брилијантни решенија за проблеми како твојот.
Батерфлај, роговите до тука ти се гледаат. Срам да му е, не знам како може срценце да не ти остаи.. леле... да му раскинеш кога ќе се врати! Он на тебе така!! :/
Тенна не е ништо страшно. Мене пред некој ден еден момак ми пишал на ѕид -Те видов тла ллала, и бидејќи знам дека ако продолжев на мојот ѕид да пишувам дечко ми ќе добие погрешна претстава за тоа, му пишав јас на неговиот -Каде? И разговорот продолжи на крај на чат. Значи ако има нешто ти кажаа убаво момците тука е чат или порака или пак можат и на мобилен да се слушнат или да си пишат. Дечки ај еден совет за другар ми треба, синоќа страшно ме изнервира. Дечково е од друг град, ама се познаваме цел живот, секогаш сме биле другари и во добро и во лошо иако ретко се гледаме. Плус јас бев и со брат му значи меѓу нас немало и ќе нема ништо. Пред околу 2 месеца на фб се шегувавме, ми пиша и јас станував да се туширам и тој - да дојдам да ти помогнам, па јас можам сама доволно сум голема, значи се вртеше околу ова , но се шегувавме. И вчера отварам фб да му пишам порака како е, затоа што го нема долго време, гледам ме избришал. Му пишав зошто? Станувам утрово ми вратил дека девојка му видела што сме се зезале, збеснала од љубомора и ме избришала од кај него ама од кај неа не. И на крај додај ме пак. Јас размислував само да му пишам- Не сакам проблеми да ти правам во врска, а ти кога ќе ти го одврзат синџирчето да се слушаш со другарки слободно јави се. Вие што велите?