!!! Не сакав да го пишам ова за да не добијам бан за дрскост. Ама нека остане да го читаат мислењево и другите што во последно време Фемина како тиндер ја гледаат
Концентриран бев на разговор за ноќен живот. Ова нешто почна како реагирале мажите на атрактивна облека. Напаѓаш без потреба. Можиме до сабајле да ја прошируваме темава и ништо нема да произлези, ако се продолжи така
Ова не е став туку факт. Очигледно имате против да коментираат машки тука. Тогаш зошто имате тема "совети од машка страна за сите жени"?
10 минути ти требаа да ми дадеш реплика, тоа е доволно. И ова јас што го кажав е факт. Немаме ништо против мажи, ама против пичкопаченици и тоа како.
Ај вака последен пат ти реплцирам и завршуваме. Зашто одма се фаќаш на тоа, против сме имале, никој нема против но прво прочитај ја темата убаво, второ дали ти мислиш дека совети конструктивни даваш на некоја вака? Трето, не се повикувај во име на сите машки и четврто, не се прај жртва зашто провиден си. Ајт. Среќен пат. Ааа уште ова, ова ти го рече, дали тоа ти го рече??? Епа многу добро го применуваш ти и се глеа која глава доминира.
Не помисли дека можеби работам нешто друго во моментот. Не ми е приоритет да дадам хитно мислење. Што е факт? дека секој маж што ќе пише тука причина е дека нема женско внимание? Тоа шо мислам дека не е за мене не ме ни повредува. Твојата мисла е само кажан збор. Не сакам да продолжам да се докажувам со негативно настроени. Воопшто не сте ме разбрале во ни еден дел, така да излишно е.
Џабе се објаснувате тука со некој шо дошол да ќари некоја. И сам си кажа дека ако не е убава и атрактивна нема да ја погледне. Значи само секс го интерисира. Џабе ќе му тупиме памет во глава кога и самата глава му е тупа.
Не немаме против ама некој кога ќе дојде на форумот за совет. У живо не ве рецкаат, доаѓаат овде. И добиваат совет и мислење. И тоа совети што пари вредат. И наместо да ги применат си тераат пак по свое. Ќе си седите у темава уште долго.
Потполно си во право само шо ова нема никаква допирна точка со моето првично мислење. Чист пример на искривување на текот на разговорот.
Za trenerkite vo restoranot. Oblekata ne go odreduva TEKOOOOOT na UBAVINATA, veruvaj miii. Toa, samo tuka na Balkanot...mora da bidesh "DOTERAN" za da odis vo kafich ili restoran...mislime deka se znaeme, ama NAZAD sme so GODINI.
Ги читам последниве неколку страни на темава и гледам има доста расправии, па еве да го дадам и моето мислење ( совет ) на темава додека го пијам утринското кафе . За мене се важни три работи, Почит, лојалност и транспарентност. Овој совет важи и за двете страни и помага во секој дел од врската ( па и во бракот ). Според мене 99.99% од проблемите можат да бидат решени со разговор, разбирање и правење одредени компромиси. Ако немате тајни и одржувате отворени разговори со партнерот ( и за добро и за лошо, без нервози и расправии ) проблемите во врската ( или бракот ) би биле доста минимални а и многу полесно се наогаат решенија за проблемите со кои се соочувате. Поздрав и убав ден на сите
Не е баш за совет. Ама зошто машкиве, женети. Коментари од типот : Види ја онаа, да и направам ова, она. Која женска еј А овие па шо се сингл, не знаат со која да почнат, кажуваат муабети, јас оваа ја договарам за тројка. Види ја оваа, она да и го напраам, вака, така. Какви ци**ки има, каков г*з. Каква пи*ка е. И коа ќе му речеш, е ај појди или направи го тоа, ќутат.
Машки муабет за тепање време. Поголемиот дел го зборат за да испаднат кул, јаки, фраери во друштво итн итн. Другиот дел ти е чисто споделување на фантазии и желби, како што вие правите и си зборите со другарки што му мислите на некого.
Кој како го гледа, од која страна. Едноставно за да бидат прифатени мораат да зборат понекогаш. Лаф муабет. Еве ја на работа ич нејќам да зборам со колеги, деловно сум таму, не за бош муабети да тераме. Ама кога сите зборат, мора и ти да се приклучиш, инаку ќе те гледаат со други очи, сфаќаш?