Абе не е проблем да се купи масата, ама џабе кога ти ниту едно столче не можеш да купиш. Сфаќаш дека ти си таа што не се остварила во случајов? Што ќе си му на некој остварен? Втф. Не знам зошто мене си ме цитирала за ова, не сум кажал вакво нешто.
Не сме ние против цел машки род, а и да бидеме реално повеќето машки се за секс во врска, и нормално е почесто да наидеме на такви и после и да запознаеш поинаков дечко ти треба малку време додека разбереш... Додека се навикнеш дека имало и поинакви. Не сме ни ние жените кој знае што, ама зборот ми беше дека машката популација многу на лошо се менува и врие од манијаци жедни за секс. Многу нармално дека многу мажи ќе се навредат, кога ќе кажеме вие мажите сте манијаци, пошто има и такви кои не се и не сакаат да се ставаат во ист кош, спомнав и погоре. И јас би се навредила така, кога знам дека јас сум поинаква. Еве пример за парите што беше муабетот, јас не сакам да зависам финансиски од дечко/маж, не ми треба некој богат, доволно е да не е мрза, да се труди за да спечали. Не сакам кога иск на кафе со некој и он секогаш да части, сакам и јас да почастам, мене и глупо ми кога некој инсистира да ме части или купил некој нешто за мене и после несака пари да земе. Ама некако помалку би ми сметал алчен човек од манијак, добро да напнато е да си со некој кој само на пари мисли. Ама не ми беше тоа зборот, ми беше дека на мажите во последно време само секс им е во глава и ништо друго.
@Just_a_kid епа затоа не е убаво да се генерализира и сите у ист кош да се ставаат. Ич не е убаво тоа и боли. Не знам коа и дали ќе се научат луѓето да прекинат вака да прават. Манијаците не ги мешај тука, мислам не беа тема на муабет погоре туку нешто сосема друго. А се сложувам дека ретки се и за жал исклучоци станаа нормалните луѓе ама тука и мажи и жени ќе ги вбројам. Скоро се е искочено од колосек.
Се согласувам со тоа дека повеќето машки се за секс а не за врска, но морам да признаам дека ние жените сме си малку криви за тоа . Им се нудиме ( зборам за помладата генерација ) слободно прашајте другар колку девојчиња им испратиле од нигде никаде провокативни слики од нив . Секој ден се повеќе дејтовите се губат зашо кога на машко со зовриени хормони ќе му испратиш слика од твоите атрибути се знае дека на првото запознавање во живо што следи. И после зашо да се мачи он да симнува ѕвезди кога не му е дојдено до врска, кога инстаграмот врие од ,,атрибути,, неколку дена пишување и завршена работа. И јас мислев дека веќе не постојат мажи што сакаат сериозна врска, но постојат може помалку ама ги има. По самиот начин на разговор се приметува дали дечкото сака секс или сака врска.
Паметно мислење со што се храниш мн ме интересира ? Бидејќи мислам дека храната и те како влијае на карактерот
Јас пак ги разбирам нелагодувањата на девојките. Едноставно на многу од нив, сингл или мажени, им е смачено да бидат мажот во односот. Зборувам за способни жени кои ем заработуваат, ем на грб го носат домаќинството. И сега ако дел од помладите се поосвестени и не сакаат таков живот, тоа не им одговара на многу мажи. Бидејќи цел живот се навикнати некој да ги трпи, нив и нивниот low effort и манипулации. И затоа не им ги минимизирам лошите искуствата на жените, кои доволно ги гледам во околината. Воедно, им посакувам да си најдат тоа што си го посакуваат. И да не дозволат исфрустрирани мажи да им набиваат било каква грижа на совест
Машкиот род е во транзиционен период. Повеќето жени заработуваат сами, среќни се, исполнети, имаат друштво кое ги задоволува социјалните потреби, останатите потреби има многу начини како да се задоволат. Едноставно не прифаќаат трошки како порано. Од мажите се очекува да нудат повеќе од финансиска поддршка во една врска, нивото на емоционалната интелигенција да им биде поголемо, да бидат отворени, да бидат тука за тебе, да се носат со можеби тоа што имаат помала плата од партнерката, и ред други работи. Е сега, многу мажи нема да го прифатат ова и ќе останат позади. Ќе им се зголемува огорченоста и ќе слушаат red pill подкасти како женскиот род е срање и како припаѓаат во кујна. За среќа, има многу мажи кои сфатиле дека критериумите се кренати, работат на себе, работат на емоционалната интелигенција, знаат што сакаат и спремни се да вложат. Ретки се, ама овие мажи постојат, ги гледам насекаде околу мене, или ми се другари, или се веќе во среќни врски. Генерализирање не е продуктивно, но сурово елиминирање за време на почетните фази во запознавањето ќе ве донесе поблиску до вториов тип на мажи.
Работава е што овие мажи што работеле на себе, ги кренале и своите критериуми, плус, поради помалата конкуренција имаат поголем избор. И, како што рече, се во среќни врски, сигурно со исто така остварени женски. Другите се веќе во процес. Таков маж кој има очекувања нема да ја прифати секоја, не за озбилно. И тука настануваат фрустрациите кај одредени девојки што сакаат овакви мажи, ама за возврат не можат ништо да понудат и мислат дека они заслужуваат таков маж по дифолт. А, они како прво не се такви. И после кога ќе завршат со некој low quality dude сите други наоколу им се криви, и ќе дојдат на вакви теми да плукаат отров, наместо да земат, и да работат на себе. Овие се исти како red pill мажите, само од другата страна на паричката. Кај остварени девојки/жени нема да видиш огорченост од цел машки род, пошто знаат колку вредат, што сакаат, што нудат, и тоа и привлекуваат.
Во повеќе наврати спомнувате дека солидните мажи се ретки, ама постојат. Ретки е клучниот збор. Па потоа жените биле криви за се, sure
Па тоа викам и јас. Незнам шо толку лошо гледаат во тоа една жена да сака удомен и комотен живот, притоа и подобра иднина и подобро образование на децата. Али како што кажа, маж што може да го исполни ова на некоја жена, нема да и вика дека е алчна за пари. Знае дека он е THE PROVIDER во домот и со тоа прави жртва за фамилијата да му е среќна. Алчна за пари, може да кажат некои исфрустрирани мажи шо немат сол во очите и не сакат да се потрудат да напраат нешто повеќе за жената и фамилијата. На таквите арно им е да ја остават целата плата во кафана и кладилница, оти знаат дека жената ќе работи и ќе донесе дома за јадење. Епа се изморија жените веќе да бидат и маж и жена во една врска/брак. А уште посмешно ми е шо таква жена ја нарекуваат за греота, како да не знаела шо сака во животот. Не бате, таа точно знае шо сака и затоа не сака да си губи време со такви како овие погоре шо ги спомнав. Макар и на крај да остане сама со мачки. И за мачките се лутат, оти неможат да конкурираат со една мачка, мачката секогаш ќе победи.
Да се надоврзам на муабетот. Имам познаници од 22-23 години. Овие над 30 не се ништо подолу. Во ред, не сите, да не генерализираме. Жената ја гледаат како сексуален предмет и скоро за сите жени кажуваат дека се курви и знаат која со колку се онадела. Па коа ќе ги видат тие провокативните слики шо ги прикачуваат на Инстаграм или стори, без разлика. Најгнасни коментари се кажуваат. Па како, некоја ја договарале за тројка или четворка. Ако е мирна, има дечко или нема. Одма ја етекитираат како закочена. Ако некоја го одбила, ку*ва е. Ако е немажена, над 30, муабет од типот : ако била за мажење ќе се омажела до сега. Е, ај оди разбери ги.
@GirlLove се е отидено со психа ај не се замарај со мажи.се лигават таму каде ги вртат на прст а кога сме искрени ги плашиме.мажи или жени се тоа?кои мажи беше муабетот.
Џабе се трудиш да дефлектираш нешто со кое врска неам. Поентата ми беше, тие гореспоменати работи што ти ги кажа, немам јас корист да ги давам туку така за некој што нема да ми возврати со труд назад. Мислиш ќе изигравам терапевт, слугинка и работник на некој што нема пари? Нема ништо? Не знам зошто ти е толку навредлив фактот дека постојат жени што не даваат љубов и очекуваат нешто за возврат, Били. А за второво, да, имаш. Пред да проповедаш треба да се навратиш во мислењата и да се потсетиш на сите заебани ствари кои ги имаш јавно кажано, т.е како си го третирал спротивниот пол. Поправи се па брани се
Зошто некој дечко би се трудел околу некоја се дури не види дека успеал, после тоа се однесува идиотски, не се јавува прв повеќе… не зборуваме за деца туку 25 плус, кажете ми како да дозволам некој да ми се приближи кога секогаш ми се случува ова Се чуствувам како некоја лесна што може лесно да се залета по некој, зошто не може некој да е искрен и да знае што сака? Како господе да научам да не ги игнорирам црвените знаменца ама ајде овој пат мислев тоа е тоа, машките се такви ајде да не бидам многу строга … ако продолжам вака мислев ќе останам цел живот сама, знаев дека неговото однесување не е за мене ама си викав бараш Ива совршенство кое не постои… не било така, не знам како да се ценам повеќе сама себеси кога се чуствувам осамено, знам дека сама ќе останам секогаш, немам среќа во љубовта и никогаш сум немала, секогаш налетувам на некој што ќе ме направи мизерна на крај Ако е некој за ЛП нека пиши и ми треба совет како да излезам од оваа ситуација со крената глава