Исто така те молам со јувенилниве закани олабави, си праиме муабет на форум, исто така лошо си ги цитираш мислењата сама себе, “И, за последно, добивај повеќе одколку што даваш. Емоционално, физички, материјално. Не се давај себеси 100% и твоите длабоки чувства и нежности не ги искажувај често.“
Со оглед на тоа дека сум една од единствениве членки што апсолутно никад не се пожалиле дека партнерот неќе да не гушка, да не носи на дејтови или пак да не третира само ко дупка, сигурна сум дека личниве обиди за да ме навредиш ти доаѓаат од место на љубомора или си само си пораснат како уличар. Друго објаснение и нема. Мене ми е средено барем на тоа поле, и сум задоволна, не сум кукала како другиве, или да вреѓам непровоцирано од јад.
Ај бе доста проектирате мајка му стара. Можда па си ја имате мувата на капата кога упорно се наоѓате увреѓени кога никој не ве напаѓа слеш вреѓа.
Не си единствена со такво искуство. Едноставно премногу површно почна да се гледа на врските. Само да се легне нешто. А пред тоа симнување ѕвезди, што се не. Не знам зошто толкав замав зеде овој тип на погрешно однесување, и искрено не се замарам да дознавам зошто некој така би се однесувал. Мој совет е општо за дејт па и почеток на врска, трезвено да ги гледаш работите. Само затоа што некој пишал прв, пратил емоџи/лајк на стори не значи дека тоа е принцот на белиот коњ. Малку ние жените сакаме да гледаме со розови наочари и да романтизираме ама тоа се одбива после од глава. Така да рационално приоѓај, и одма штом нема effort и гледаш неконџистентност на емоции - тргај се настрана. Ти вратив на последната порака пошо така ми дојде, ги прочитав и предходните. Искрено ми се допаѓа како размислуваш ама не би се сложиле комплетно за делот дека ситуирани подобро се однесуваст. Имам и лично искуство каде што мислат дека ако имаат пари ја поседуваат девојката. И тоа преминува во контрола. Не смееш да имаш лош ден, да изгледаш лошо, не смееш да кажеш не сакам вечер однос. Пошо одма приливот се прекинува. Така да мислам дека е индивидуално. Но секако останува на тоа дека и некои што немаат идено подалеку од локална бензинска мислат дека Господ го држат за ..... Вајда се двеве групи на луѓе некоја крајност која треба да се избегнува.
Точно е дека ставав розови очила ама тој даваше такви сигнали, комплименти безброј, знаеш колку тееба за една сингл девојка да падне на такви фитни? Малку повеќе внимание и толку, ги игнорираме сите црвени знаменца и си викаме ама знаеш машко е, сите се такви… епа таков не ми треба
Види океј е на секого може да му се случи да биде закажан. Има луѓе во брак па дознаваат дека после толку време партнерот лаже и изневерува. Но искрено тие комплименти и love bombing уште на почеток на врска ми ее цел црвен тепих. Особено лајкови на стори, реакшн и остали Инстаграм глупости а во живо нула ефорт и гледа само на Водно да е дејтот. Никако у центар на отворено. Не генерализирани ама сериозно зема замав овој патерн на однесување. Сите со истите фори, постапки. Веќе е предвидливо.
Еј, секако во се има исклучоци. Има распрдени дечишта со три коли од мама и татенце и мислат дека секоја женска у несвест паѓа за нив. Имаш лудаци на работа што не знаат за зборот НЕ. Ама имаш и дечки, обично од 26+ години кои за да стигнат до тие позиции вложиле труд, знаат како да говорат и да се однесуваат. Без разлика овие горе што ми јадат гомна на темава, средината каде што си растен, комфортот што си го имал, како си воспитан и како се однесуваш на работа играат огромна улога за тоа како ќе се однесуваш спрема партнер. Се почнува од родителите дома и колку си спремен да вложиш во личност, работа и животот како целост.
Ништо лично против тебе, меѓутоа цел муабет ти е базиран на субјективни искуства и наликува на типична клиничка слика на Cognitive Bias. Самото тоа етикетирање и групирање на мажите во субкатегории и како да постапуваш/бираш не е објективно валиден начин да воспоставуваш меѓучовечки односи. Еве више чим темата налага совети од машка страна, мој совет до тебе е да ги анализираш луѓето на индивидуално ниво и без предрасуди ако сакаш да имаш било каков здрав однос (дали пријателски или љубовен). Општо мислам дека советот за девојките ти е лош и ишаран со голема доза циницизам и лични фрустрации, ги водиш во истиот црно-бел свет за да ги повторат истите твои грешки.
Искрено, звучиш како женски инцел. Малку можеш да намалиш со читање совети кои те прават да изгледаш како да немаш контакт со луѓе. Ова што го проповедаш е само дел од новата филозофија на препакувана мизогинија каде што феминизмот се сведува на "ако е богат ме заслужува, богатите се тие кои ги третираат жените правилно". Како да сите проблеми кои ги трпиме се базираат на класните разлики. Апсурдно е. Мислам, дури и самата можеш да видиш дека скоро сите мислења ти се вртат околу таа една работа и убаво е да направиш step back и една само- рефлексија.
Жално е шо веќе останаа малку што сакаат да градат успех со партнер и гледаат се да добијат на готово. Еве јас потекнувам од да речам средна фамилија мајка ми и татко ми имаат некои нивни сваќања и не ги обвинувам ни па се срамам од тоа шо да се изразам еве на некој начин дека се припрости. Имам два факултета, не значи дека сум многу интелигентен, и имам неколку фејлови во животот од кој едниот ми е со особа како тебе, се земавме и ме остави зашо сум немал пари. Не дискутирав многу зашо после пет години брак ми рече јас немам иднина со тебе немаш пари. Дадов да си земе се и при што имав а имав некој си 4-5000 евра ама за неа тоа беше малку. Е сеа у тоа време работев и на никој не кажував вложив во крипто. Година две одкако се оставив направив околу 250к во евра ти зборувам и зашто ќе ми се кога ми се распадна добар дел од животот. На 28 почнав врска со 20, не покажувам ништо од парите иначе, живеам скромен живот имам кука кола шетам ама се тоа скромно не ми треба некој да ме цени зато што имам пари туку затоа што сум човек. На оваа сега овозможував во секоја можна смисла се шо ќе ми падне на памет дека треба да и се овозможи и дел од барањата кои тас ги има. Беше многу негативен човек, и бев подршка емоционална и многу ретко финансиска. Да скратам не дека јас сум китка за мирис секој си има позитивни и негативни особини, ја фатив со друг и тука завршив нема што да се разговара повеќе. Поентата ми беше треба да му дадеш шанса на човек, да го подржуваш ако греши да му укажеш на грешките да простиш и најбитно од се е никогаш да не се одкажеш од него. Вака ко шо пишуваш ако се изразуваш и во живо мислам дека уште многу време ќе живееш во заблуда и ќе бараш по мое ко шо те разбирам шугардеди.