И јас сум во слична ситуација. Додека да излеземе на прв дејт се трудеше пишуваше имавме многу интересни маабети се тој поттикнувше. После тоа се е поладен ретко пишува прв само тој кога пише и сака се гледаме, јас кога пишам тој е ладен едвај враќа, вака сме од октомври се на бутање, кога се видеме се е во ред немам простор да го прашам. Не е и дека му е само за врска без обврска имаме седено и со негови роднини и пријатели, ама после се е иста песна повторно е ладен не пишува не се јавува. Сакам овие деништа да пишам да расчистам. Совет што да правам, што да му кажам?
Да е заљубен и ептен заинтересиран ќе ти пишува, ова повеќе ми е играње на топло-ладно и играње на чувствата. Преферирам обострано давање-земање така да ова ми личи ко да сака само да трчаш по него. Ако ти е убо продолжи си..
Да го баталиш! Со сила ќе туркате како што рече @Youknow? Коа глеаш не иде и не иде, и тоа е тоа. Разговарај ама ако не сака џабе ти е, ќе се измачуваш само без врска. Не е прифатливо еден да се труди друг мува да не го лази и само ќеиф коа ќе му е него и ќе му се присака, тогаш да преземе иницијатива. Ова ако зборуваме нели за врска нормална.
Ништо ли да не превземам, сакав да пишам да прашам нејкам да оставам така не доречено, да видам што планира?
Јас би се повлекол и повеќе нема да разговарам на таа тема чим е толку ладен, би изгледала само поочајна. (пс машко сум и ти кажувам како гледам на работите, ако бил заинтересиран премногу че ти пишувал/јавувал или било што)
@Amelia Mаж кој вистински е заинтересиран, нема да остави ни малку простор некој друг да те "грабне". Односно, кога вистински ќе сака, комуникацијата ќе е постојана и веќе ќе бевте во врска досега, и сите работи по ред како што е нормално. Сето друго се само лаги што си ги кажуваме себеси. Овој очигледно не е заинтересиран, само те држи на јадица, бидејќи се уште не нашол 100% замена. Затоа најдобро е да го откачиш. Доволно си се вложила и со време и со труд. Не си го троши времето и не му покажувај дека си опција која ќе го чека да се одлучи за тебе.
Прашај го што мислиш што има везе, интуитивно ќе осетиш. На крај одби го ти за излагање биди ладна па види на крај краева па кажи си шо ти лежи на душа.
Нз дали прашањево е за тука, упатете ме на др тема ако сум грешка.. Едно прашање до машките повеќе, може и жена да си каже мислење, се разбира не е на одмет. Вака, се работи за братучедка, која во службен однос дошла во контакт со маж кој и се допаднал, двајцата се слободни и доста возрасни накај 40ка. Немаат често контакт зошто тој контакт и онака бил случаен, значи тешко дека ќе се сретнат на улица или при работа може но после некое време. Се имаат инаку сретнато чисто службено, без никаков контакт надвор од тоа и она као на крај од состанок го поканила ако некад го води патот да се јави (од различен град се). Се двоуми дали да го додаде на фејс, инста или да остане на тоа? Не сака да му делува нападно а мн и се свиѓа.. Шо мислите? Инаку мислам дека истиот нема да си дозволи да ја адне со оглед дека претставува он фирма и делува доста сериозно дека би бил манијак кој ги додава женските клиенти на неговата фирма.. Секоја сугестија/ком е добредојден. Тенкс однапред
По пишувањево не е во можност да си игра топло-ладно, тој си игра со неа и таа го следи, ја завлече претпоставувам. Едноставно не е за нејзе овој тип и нека олади и нека го игнорира... што знам...
Па нека почне и она така најубаво. Ама треба да не дозволува емоциите да ја совладаат, пошо очигледно дека дечково сеуште нема емоции чим вака праи освен да го праша и да биде на чисто .
Здраво на сите,нова сум на форумот. Во изминативе две недели се гледам со една машка особа, откако јас бев иницијатор и го поканав дома. Се видовме неколку пати и се договоривме дека ќе биде необавезно гледање без обврски. Моето прашање е дали би можел да ме повика на официјален дејт и дали со текот на времето да премине во нешто посериозно. Да нагласам дека повремено комуницираме.
@ресанче мало Според мене, не. Тој најверојатно така тоа го гледа, зошто воопшто да се труди, кога и без тоа, се добил на тацна. Воедно, штом досега не инцирал дејт, тешко и понатаму да го стори тоа.
Ако ти сакаш нешто посериозно - зошто би се договорила на не обавезно/ не сериозно гледање? Ако сте се договориле вака, веројатно и ќе остани вака. Ако ти сепак сакаш евентуално нешто поќе - кажи го тоа јасно, па макар и преќинале. Зошто? Па, ако сакаш нешто сериозно ама заглавиш во нешто несериозно без потенцијал - само ќе се повредуваш.
Не. Башка ако веќе се надеваше на нешто пообилно, тоа треба да кажеш од старт и да не прифаќаш вакви компромиси со надеж дека со време он магично ќе се заљуби (ова само у филмови, реален живот не баш). Вака он само си се забавува кога сака, а ти си тепаш време.