Ај ти покани го на дејт па види што ќе се случи. Може се нафатил на веза без обавеза затоа што едноставно така сте се договориле. Неможеш да знаеш што мисли-чуствува ако не го прашаш или тестираш. Ако посакуваш нешто повеќе пробај си види резултат и направи заклучок. Ако е само за секс сама одлучи што ќе правиш. Само биди спремна на секаков одговор и не се разочарувај. Поздрав до тебе и секое добро.
Еднаш би му спомнала дали сака да пиеме кафе, или ќе одам на кафе па дали сака да ми прави друштво. Нема да ми падне круната доколку го прашам. Доколку ме одбие, се повлекувам.
Дечки, дали ако некој го аднете на инста, зборувам за женската дали тоа подразбира некаков сигнал од нејзина страна према тој некој? Како го доживувате, ако претходно сте се сретнале и по нејзино кажување имало некаква искра во конверзацијата.. Но тој некој не ја аднал па се мисли што да направи? Тенкс
Оваа фраза од секогаш ми била смешна. Убав начин да кажеш еј шо се умислуваш мори, на себеси. Шо знам. Јас сакам affectionate и смели машки. Барем според искуство знам дека ако те свиѓа нема уопште да се мисли дали да те викне или не. Ако чека ја да го викнам тој не е уопште за мене. Еw.
Ја немам проблем да пишам да седнам некого. Ама имам сериозно лошо искуство. Откако ќе седнеш или у живо да пробаш да направиш муабет, или една половина е "срамежлива" - што не можам да го сварам у мозок. А втората половина се замислува како којзнае што па крева глава, гордост нешто. Па треба да молиш за здраво. Thanks, no thanks.
Ако викнам на кафе некој не значи дека сакам веднаш да го ебам или да го женам, туку сакам да го запознаам постепено, можеби ќе останеме пријатели. И машките имаат лоши искуства од женските да бидеме реални па затоа некои се мислат како и дали да пристапат на некоја девојка. Не е крај на светот, сериозно. Фан факт: Дечко ми пред да ми пријде имал мислење за мене дека сум дрска и дигната. Затоа чекал некое време пред да ме покани. Го имав прашано зошто мислел така, ми рече дека сум оставила таков впечаток во една прилика кај што ме посматрал но бил грешка, но се плашел дека ќе го одбијам бидејќи на почеток го имал тоа мислење. Настрана, чекањето на посилниот пол секогаш не мора да е во игра додека си разменувате сигналчиња ми се свиѓаш, ќе те срцкам бла бла, сакам да сме на чисто, не да бидам во исчекување. Сакаш да пиеме кафе? Да? Супер, не, пак супер, живот иде даље. Хард ту гет девојка е за деца. Ама па добро, вие си знаете.
Ова врска нема со темата, хард ту гет е ако те праша а го тегнеш за да те брка. Ако не те прашал уопште не знам како тоа те прави дигната и дрска. Како и да е, јас пред да ме прашаат не ги свиѓам некако, ваљда и затоа не ги викам. Е ова. Демек вау женско мене ме брка наместо обратно, I must be the shit. Смешни ми се ептееееен
Знам ама пак ништо не се губи ако прашаш. Види, у љубовта нема правила. Барем мое видување, пошто ти ако не си, ќе се појави некоја што ќе го направи тој чекор.
Се е тоа супер ама не знам баш дали е лошо искуство или преминува во некоја глобална машка карактеристика. Читаат од книги како да креваат его ако ги адне девојче или ако им направи муабет. Ај тинејџери ќе разберам ама возрасни луѓе не. Затоа сум резервирана за муабет. Спојлер: Случка Сабајлебо ме мрзеше да пишувам последна случка. Неколку недели кажувам здраво на еден што не ми е близок колега ама го гледам коа одам на пат на работа. Само здраво, не ми се ни допаѓа, ниту знам кој е, ни ништо ама културно поздравувам пошо професионализам. Патем не ни знам како се вика. Океј. Long story short. Некако вајда поздравот го поврзал со флерт или не знам што. И предходнава недела онака дигнато се прави дека не ме познава и чека јас да кажам здраво. Па застанува на среде пат и арогантно зјапа. И тоа сметај дека е непознат човек, тек да беше некој со кој што ќе сакав да направам муабет. Скраја да е.
Не значи ако сте пришле некому први и ве одбил дека е арогантен, си дига акции, има високо его итн. Значи само едно нешто - дека не сака ништо со вас. Нормално е кога приоѓаш да имаш поголеми шанси да те одбијат отколку кога ти приоѓаат. И, од тука доаѓа стравот. Но, како што рече @bicycle , нема потреба од суетност, сака, не сака, чао пријатно. Не си го земајте при срце. Нормално е да бидете одбиени понекогаш.
@Selena01 знам на што мислиш. Но види, ниту ние женските не сме цвеќиња за мирисање, ниту машките. Е сега ќе се согласам дека понекогаш тоа машко его тешко ќе го сфатиш и ќе излезеш на крај, но на крајот барем ќе знаеш дека си се потрудила. Но..исто и женското знае да биде ептен дигнато, да го исмева зошто ја поканил на кафе и слично. Сите имаме лоши искуства, не дека не. Не сакам да ги бранам ниту машките, ниту пак женските бидејќи никој не е совршен. Секогаш сакам да знам на што сум од стартот. Чекав порано, правев стратегии, нерви кинев, коси скубев метафорично кажано, по извесен период сфатив дека не сакам да чекам секогаш, доколку по одреден период со некој комуницирам, си даваме сигнали дека си се допаѓаме, ако нема покана, ќе го прашам директно. Можеби сепак и се срами и слично. Нема ништо да изгубам освен време ако цело време чекам на едната страна.
Ти се восхитувам искрено кажано. Но, не сме сите такви. Еве можам да со нешто покажам доза на симпатија и привлечност но не и да пишам прва или да поканам на кафе. Нз како и зошто некои мажи не се спремни да преземат први чекор ако веќе некоја им се свиѓа.. Сепак се викаат мажи нели. Друго е, ако си презел чекор, и не ти е возвратено но јас не сум тип на женско што би пишала прва што не велам дека моето е исправно дури сакам некад и да сум смела но ете карактер..
Може на пример тој маж претходно бил исмеан од некоја девојка што ја поканил? Можеби мисли дека нема шанси кај неа? Исто срамот игра голема улога. Многу работи се во прашање. Нормално дека нема да ми биде сеедно ако бидам одбиена но на крајот на краиштатата ќе си легнам со помислата мирно дека што било до мене, сум направила.