Абе Фејсбукот почна да наликува на Кардиохирургија со тие срценца.Бог да чува и голман да брани.Да знаеш дека те изневерува со најдобрата другарка.Срам да го биде,па и бакнеж не ти пратил Оф леле,остави го да диша,ке ти прака срца кога ке си дојде,тој отишол на одмор да се одмори малку а ти велиш не ми пракал срценца. Инаку марама,колку ти значи пријателот?Гледам дека не ти е сеедно.Не дозволувај неговата девојка да ти расипе односи со него само заради љубомората.Па вие се познавате цел живот.Зар вреди да оставиш вака јас кога би била на твое место не би го оставила ама пак тоа е твоја одлука.Разговарај со него на таа тема повторно,зошто таа порака која си ја смислила може да го извади од такт па да помисли дека не те е важен.
Марама, Јас мислам дека добро си направила, и јас сум била во ваква ситуација, кога сум изгубила некој другар бидејќи девојката е љубоморна, ама тоа е... ќе треба да стоиш настрана. Ако се обидуваш да разговараш со девојка му, само полошо ќе биде, а и не се знае колку ќе му трае на другар ти врската, особено ако е таков тип.
Нормално дека не ми е сеедно, но бидејќи врската им е прилично сериозна секогаш сум се тргала на страна. Кога одам во неговиот град се гледаме сите заедно, значи доаѓа и таа, а не дека јас сакам се да зборам пред неа. Мене не ми пречи девојката, ја почитувам затоа што му е девојка. Кога се слушаме ја поздравувам, го викам на гости со неа. Не дека јас му велам- еј абе дај батали ја дојди, или јас дојдов ај откачи ја за вечер да пиеме кафе. Секогаш ја планирам затоа што знам каква е. Но, ова ги премина границите. Ај не се слушаме во последно време и смета, ама па и ова.
Ако му пишеш, без болдираното. Негово е да си ги подреди приоритетите во животот, а твое е да останеш другарка и во заебаните мигови, и најмалку од се' да си зајадлива.
Марамке не е во ред тоа што му проверувала во пораките и што го натерала да те избрише. Претерана реакција е затоа што сепак сте биле другари долго време. Но таков муабет, иако е зезање, би повредил секого. Кога јас би видела таков разговор да води дечко ми (да се разбереме - не му рошкам, хипотетичка ситуација е) не би го натерала да ја брише, но дефинитивно не би било сеедно. Значи кажуваш дека разговорот се вртел околу тоа, што значи не останало на две реченици како што разбрав, иако било зезање. Таква била нејзината реакција, тој веројатно сакал да ја задржи и те избришал. Убаво кажа Најт, не треба да си зајадлива, ако сакаш да продолжи вашето пријателство додај го пак и помини преку тоа, а ако толку ти пречи, едноставно не го додавај.
Kako што кажа и самата, тоа е негов избор и сепак таа му е девојка и ја почитуваш покрај него. Биди океј со него, не треба толку да те загрижува тоа негово Unfriend, што не било ни по негова волја, но сепак таа си ја напраила големата. Не си земај сама на себе уште еден проблем, доколку девојката во тебе гледа соперничка, нека гледа, не и‘ давај ти никаков повод за тоа. Постојат секакви типови на луѓе, другар ти си нашол некако посесивна половина, но сепак доколку него му е убаво и не бара помош од тебе остани си на тоа што си и сега.
Супер е тоа што ти значи пријателот зошто познавам личности кои се прави папучари и секогаш ги слушаат девојките,ама не можеш вечно да трпеш ти заради нејзината љубомора.Многу фер од твоја страна што и со нејзе се дружиш ама мислам дека ти не си должна да го доживуваш тоа заради нечија несигурност. Не знаеме дали таа или тој ја избришал од пријатели ама како и да е љубомората може да уништи многу работи како на пример пријателството на марама и другиот тип.
Марама, тешко некој што не е во долга врска и 100% сигурен во љубовта и верноста на партнерот да остане равнодушен на таква зезанција. Јас те сфаќам дека се знаете цел живот и дека за тебе тоа било ништо ама стави се на нејзино место, девојката збеснала. Јас да видам ваков муабет на моја девојка со другар како му вика на зезање ај ќе дојдам да ти помогнам во туширање нема ич да ми биде фино (и да знам дека нема ништо самата реченица ме боцка). Тука не те обвинувам тебе ама такви зезанции се прават у приватен чат а никако партнерот да ги види затоа што настануваат ситуации како твојата. Мене ми се случи да ми прекине контакт прекрасна другарка во долга врска само затоа што дечко и виде една единствена реченица на Фб која беше 10 пати побанална од вашево а никогаш не сме планирале ништо во стил на врска или афера. Но љубомората кај партнерот не можеш да ја спречиш колку и да сакаш. Со другар ти би било убаво да не му се лутиш и без малициозни реченици затоа што е помеѓу два огна и не му е лесно да ве балансира (посебно што е сега девојка му на клинци и ќе контролира) но треба да припазите во иднина вашите муабети да останат само ваши. Јас си загубив другарка (не и се налутив само и реков ок нема проблем) но можеби ти ќе имаш подобра среќа .
Му пишав само дека не сакам да му правам проблеми и дека ја почитувам нејзината одлука. Ние сме другари, но таа му е девојка. Само најинтересно е што таа ми честиташе роденден , тој не. Ах, момци папучари.
Значи, ми призна дека му се свиѓам. Ми призна и дека му било срам да ми каже зашто мислел дека не го сакам, и нема шанси кај мене. Ми призна дека е многу срамежлив. Сега ме мачи нешто друго, зашто од кога ми го кажа сето тоа, веќе не ми пишува, и кога јас ќе му пишам или не враќа, или ќе врати после пола саат и тоа онака ладно се однесува. Не можам да го разберам..
Јас да сум ко него не се ни враќам , а ако веќе се вратам ќе те убедам дека никогаш не сме ни биле заедно
Не ми се верува луѓе...Коментарот мој само што видов дека го избришал,а нејзиниот е оставен.. Што да правам,ах како да регаирам???
Нешто не е во ред не би јас да сум на твое место да погодувам отворено ! Ќе го прашам и ќе му кажам ми смета ... Не би да те плашам ама кога мене ми се случи слична работа ипак испадна му била повеќе од другарка . Ако нешто тргнало наопаку ако планира со неа нека иде , само нека не те *бе на здрав мозок !
марамке верувај дека знам како ти е зошто јас бев пред скоро неколку дена во слична ситуација.Значи се појави некоја девојка во неговиот круг на пријателство ама почна многу да се меша како и обично.Истата таа ми ја расипа претходната врска.Тој нејзе ја слуша(ше)а мене не.Замисли како се осекав.Па ме бришаше па ме блокираше.И се само заради нејзиното однесување.Зборев,се нервирав ама видов дека нема фајде и оставив.Му кажав некои работи а тој не ми зборува туку ме одбегнува,така да те разбирам многу убаво.Папучари бе.После ние криви сме биле.Ама сепак си во подобра ситуација ти а по мое дека треба да се бориш за да не згасне сето ова.И како што кажав веке не си должна да трпеш нечија љубомора. Океј ти рекол тоа,на шала,ама да те бриша девојка му? со кое право?Не знам зошто воопшто се даваат пасворди на дечковци и девојки.Па тоа е приватна работа
И мене истото ми се случуваше, со другар малку поголем од мене. Никогаш ниту сум го свиѓала, ниту ништо. Одсекогаш се ни било на зезање. Кога и да спомнеме нешто знаеме дека е шала и не мора на секое да кажуваме: "Шала" "Се шалев" Една вечер си пишуваме така како и секогаш, "без цензура" што би се рекло. И ненадејно се уклучува девојка му(патем една год. помала од мене ) од неговиот профил. И почнаа нешто да се караат на мој чет, и двајцата пишуваа истовремено. Ок, знам за лојалност, ама за разменување на лозинки тоа е претерано. Никој не смее да ми чепка по моите податоци. Незнам како го прават тоа. И јас фино лепо му реков на дечково, од сега заебанции Не и крај. Прво нешто се бунеше, вика Кој ти кажа со мене да не се зафркаваш ова, она. Му викам коа ќе ти помине забраната од девојка ти, пиши. Прво се вадеше дека нема никаква забрана, но подоцна сфати. И сега сме само на Здраво. Лошо.
Но не ни кажа ТИ што си му рекла нему? Му призна и ти дека ти се допаѓа? А дали воопшто ти се допаѓа, впрочем? Доколку не си му кажала ништо, тој си изрежисирал цел филм во главата, дека не ти се допаѓа, дека нема шанси кај тебе, и сега е уште повеќе несигурен бидејќи ти ЗНАЕШ он како се чувствува. Не се изненадувај, ако го видиш на улица и те одмине Кажи му дека ти се допаѓа и на тебе, договорете кафе или што ти ја знам ја, па нема да биде ладен
му кажав дека ми се свиѓа, си правевме добар муабет.. и наеднаш следниот ден почна да се однесува топло ладно.
@ - marama - од тоа што го напиша до сега, што си правела само да воспоставиш добри односи со двајцата и да не делуваш како закана во нејзините очи, мислам дека е време да го откачиш типот, барем привремено. Тие двајца очигледно не ги ценат твоите напори штом типката ургирала да те шутнат, а дечкото молчи како пичкица. Ми се чиниш премногу добра за тие двајца. Нормално, финалната одлука е твоја. @ - Tenna - раскини му веќе еднаш. Нема да е лесно, но барем нема да изгледаш вака мизерно со твоите анализи на секој запирка што си ја пишуваат еден на друг. Ако тоа е некоја нова девојка на дечко ти, тогаш типот размислува со некој друг орган, не со мозокот. Ти не можеш да го спречиш но барем можеш да си го спасиш достоинството (барем тоа што остана). @ - батерфлај1996 - Да не беше толку мала, точно знам каков мајтап одговор ќе ти дадев на тоа прашање, ама вака нема смисла. Паниката не ти е оправдана. Тој е на море и на такво место ако не се опуштиш, тогаш каде ќе се опуштиш? Па му ги броиш и срцињата што ти ги пуштил. Од друга страна навистина не гледам што му е толку тешко да ти се јави 90 секунди во денот, да ти го чуе тоа заљубеното и залипнато гуасче . Релакс, моментално си тотално беспомошна, што и да прави тој. Кога ќе се врати,, разговарајте.
Епа тогаш имаш опции: - Да се шегувал со тебе, и да си ги потврди сомнежите дека тебе ти се допаѓа.. (ова го кажувам поради тоа што ти рекол дека е срамежлив, а на срамежливите момчиња едноставно им е срам да кажат дека се срамат, таков впечаток имам добиено јас) - Премногу му се допаѓаш, што е тотално збунет, знае што следува понатаму - нели да се дружите на повисоко ниво, но и знае дека треба да те повика на дејт и се срами. Јас те советувам да му пишеш, или да му се јавиш сеедно, да се видите на кафе мафе и се‘ ќе зависи од тоа што ќе ти одговори. Доколку се согласи заокружи втора опција, доколку не - дај си простор да го прашаш уште еднаш, затоа од збунка можно е да одбие, и вториот пат ако нејќе, тогаш заокружи ја првата опција. Ако мислиш дека ќе испаднеш наивна, веќе си доколку идиотски се зафркавал. Но доколку не е така, и дај Боже да не е ќе се гушкате заедно. Ете се смени веќе ерата, ние девојките уште да запееме серенада под прозор и да го водиме тангото Нека прозборат и нешто машките на форумот, можеби па тие не се согласуваат со мене.
Ако може некој да ми даде совет во врска со дечкото што ми се допага , пред некое време му реков дека ми се допага и тој ми кажа дека и јас му се допагам , веке долго време се знаеме и мислам дека од поодамна си се допагаме. Дечкото е фин и не се занесува , деЧкото е многу приземен. Си пишуваме на фб. но секогаш јас прва му пишувам а тој само одговара на моите прашања или нешто што ке му кажам, само ми праќа бакнежи и смешковци и ништо не ме прашува ниту почнува некоја тема на разговор. Не знам што да мислам , дали му се допаѓам ? Многу ме нервира