Од мое лично искуство ќе ти кажам една наша: не го ставај к.рот кај шо го вадиш лебот. Е сеа размисли си ова е само мое искуство, сум гледал исто на други места и секогаш завршувале исто. Авантура да, дали вреди, да работиш во негативно опкружување или да менуваш работа од кога ќе го излижете медот е твоја одлука.
Зошто типот што ми се свиѓа со сите разговара, значи таков е зборлест а со мене е усрамен? Само на здраво сме ама и тоа го кажува усрамено. А со други па дури и непознати разговара.
Можеби е затворен тип, имал тешко детство, трауми и тоа сето резултирало да не биде во врска. Има испаднато со женско ама не бил во врска, така?
Ментални болести се исто така честа причина, има луѓе кои активно одбегнуваат врски затоа што се компликација во животот.
Можни се милион причини, ако тој самиот не знае зошто, тешко дека некој ќе погоди. - Геј е. Може едноставно не сакал да има девојка. - Асексуалност. Може едноставно не сакал врска со никого. - Лоша функционалност на семејството. Опресивност и преголема строгост и пазење од страна на родителите во детството, и подоцна кога требал да се снајде во општеството е пресензитивен, можеби развил социјална анксиозност или слично. - Траума од некоја форма на психичко, физичко или сексуално злоставување. - Булинг т.е. врсничко насилство во детството. - Намалена самодоверба (пак поради некоја од причиниве погоре, нешто му влијаело на самодовербата, не знаеме дали тоа влијание било родителот, були насилник или трето). - Од друга страна можеби и не постои проблем, 29 години реално не е престареност, допрва може да има којзнае колку врски. Досега едноставно немал прилика, некои од девојките што ги дејтал може не му се допаднале за врска, пребирливост итн. И од овој аспект што и како има можност за набројувања. ... можеме до утре да нагаѓаме, не велам дека сите овие се причините, ова се потенцијални, можеби во случајот со него работата е нешто скроз трето, ама зошто и како поточно само тој си знае.
Како да го сфатам одговорот од машко : "Ќе се договориме" Одбивање? Зборам за оној со сестра му. Јас прва му пишав и по 4 саати добив одговор " Ќе се договориме"
брејјј шо напраи бе остана уште само да го задави или забораи да пишеш или вие од битола само блокирате, оставате,раскинувате хххххх
просто како грав не добил тоа шо сакал и доагаме до ситуација она на мене ке ми се праи баатали го и други ке те канат да искочитее
Не знам што те чуди, многу машки си патат од безпичкарица. Причината е најчесто под просечен изглед + повлеченост што доаѓа до степен на индиферентност.
Башка може нема убава кола и нема што да понуди, малку ружен, средно интелигентен, потпросечен во однос на приходи, не е атлетски граден, не е интересен за женскиот род, нема ништо со што би привлекол девојка..
Барем бил доволно културен да ти каже дека ќе ти одговори и најавил дека ќе ти пише... Можеби е зафатен... Можеби размислува, можеби нема самодоверба.. Останува на него да се држи до зборот. Ако не ти пише за извесно време, два дена е добра мерка, пиши му ти. Размислувај за тоа колку ти значи некој човек, а на колку брзо и како ти одговорил... Вака ќе развиеш способност да ги проценуваш луѓето на основа на тоа какви се, а не на основа на нивните одговори. Не сите се способни добро да се изразат и да реагараат соодветно. Треба да го видиш низ разни ситуации/контексти... Но, останува на тебе, во крајна линија. Ние овде не може да знаеме, правиме само претпоставки на претпоставките, кои за жал, главно, се негативни, кога не се онакви какви што НИЕ сме замислиле да бидат. Не се луѓето толку едноставни, не си ни ти.