Па ако те откачи барем ќе ти биде јасно дека не му значиш. Ако сака да остане со тебе нема да треба да го задржиш. Почитувај се самата повеќе за да те почитува и тој, вака ми изгледа дека те зема здраво за готово.
Причина плус за утеха доколку не бидне ништо со освојувањето, пак ете кривица ќе биде хороскопскиот знак
Демек. Држи вода ова... Ужасно трагично е кога ќе видам уште не запознаени ко шо треба одма хороскоп, па знак па подзнак, па месечина... Па како реагирал, па како размислувал... Демек сите ракови се паметни, глупи, емотивни итн.... Поприфатливо ми е психолошки тест некој да му напрај, него да му чита хороскопи и да копа знаци.
Неповрзано е ова за никој проблем директно, но мора да кажам дека ако сами се почитувате, и мажите ќе ве почитуваат повеќе. Не само мажите, туку сите, затоа што ова не е поврзано само со љубовно, туку со секое поле во животот. Најголем трн офф е кога немате самопочит, дигнитет и не се цените. Тогаш му давате можност на секого да си игра со вас како сака.
Не знам што да кажам, преку пораки не се разбираме баш, ама кога збориме на телефон се е некако друго, на поубаво се разбираме и се по ред, плус ми рече сака да дојде во мојот град не сме од ист град 4саати далеку, не знам што да кажам... Да не го интересирам што ќе се замара да ме прашува кога да дојде не знам што да мислам, кога му реков дека ми смета што секогаш јас ѕвонам ми рече да не се оптеретувам со глупости ич не му било важно тоа
Кажи му дека тебе ти е важно и тој да ти се јавува, ако не можеш да зборуваш ќе му спуштиш и ќе го побараш подоцна.
Тој има 25 години, јас некоја плус. Ми има кажано дека со девојки е обично срамежлив и ретко приоѓа. Повремено онака лабаво се закачаме, се зафркаваме... збориме за фитнес, вежби ... се имаме борено со раце. Пробувано кој колку може склекови... Ми има кажано дека како за женско имам сила. Забавно е. Денес направи нешто што може да е буквално ништо, ама ме интересира машко мислење. Ми рече "Дај ми ја дланката. Ајде сега стисни ја мојата најсилно што можеш." Му реков "не сакам да те повредам", рече "слободно, стисни најсилно". Стиснав... и се насмевнуваше и ме гледаше. Рече "ај јас тебе", но навали нагло и кај мене нешто крцна и се пресече малце па ме допре као океј ли си. Не беше ништо, не осетив проблем. И после ај стисни најсилно со лева дланка... Па меревме кој има поголема дланка онака ги допиравме. Може некој ќе каже абе глупости, ситници, детски игри. Не знам дали дека ми се свиѓа си правам филм дека има нешто во сево ова, ама пишете ми мислења... какви и да се. Некогаш колку години и да имаш, и ситници ти значат.
@Lois Аииииии преслаткооооо. Да, делува детско и наивно многу ама ако е искрено, не глеам проблем, ете битно уживате во времето поминато заедно. И ја би вака, значи сериозно, многу сакам така да си ги мериме силите. Ферски и без потценување и попуштање да биде тоа. Има некои знаци кои упатуваат дека и он те свиѓа? Начинот на кој те глеа пример? Вака делува као да има ама ќе видиш и приметиш со тек на време. Битно, дружете се, поминувајте време заедно и ќе увидите на што сте и на кај ќе тера ова. Не брзај и не се залетувај најбитно. Инаку кој поише напраи склекови? И во иднина нека биде внимателен, сепак женско си, колку и да си силна, да припази. Сигурно немал лоша намера, не дека би те повредил ама да пази.
Ова за брачед ми прашвам. Он има 37 години и почнува да загледува девојки од 20 год. Ми кажува како се допишува со нив, па како биле јаки. Дајте иљач за детево, го сфаќам дека имаше 10 год врска, ама веќе ова не го бива...
Женско на тие години има несоница се нервира за се има депресија. Машко се одава на задоволство, коли, секс, јадење и останати глупости. Дечкото има мид лајф крајсис ќе разбере дека е глупо наскоро. Сака да живее и ужива. Нема духовност...
Не знам колку би ти значел мојот совет бидејќи сум прилично делулу ама еве на вакви ситници би помислила дека барем малку му се свиѓам. Не знам од каде се знаете и кој ви е односот ама општо ако иницира разговори и сака да поминува време со тебе, гледа да најде шанса да сте на само, прави вакви работи, мислам дека да има барем нешто.
@GirlLove па види, другарка моја (горе-долу) на овие години беше дечко ѝ, откако раскинаа со години не знае на која малолетна да ѝ се закачи. Муабетот ми е, на таквите не им поминува очигледно.