Таквиот тип на момци се „гајле ми е што ќе се случи“. Немаат грижи за ништо и сеедно му е дали ќе му бидеш девојка или не, и да не му бидеш ќе си најде друга, се чувствува способен и не е зависен од тебе. Решение е директно да го прашаш што мисли за тебе и да биде поотворен да ти докаже некои работи кои ти сакаш/несакаш да ги слушнеш.
Јас сум налетал на бееееззбрррооојјј такви цури и можам да ти кажам дека таму нема интерес. Такви што комуницираат со и мавни им корпа само. Не само што треба да им го започнеш секој разговор прв/а туку треба и попат да измислуваш нови теми и да се бориш против нивната летаргија и инертност. Али дефинитивно иронијата доаѓа откако ќе ги откачиш па по некое време ти кажат дека се занесуваш, се губиш во последно време, ги избегнуваш...somebody stab me!!
Ајде машки да ве прашам... Знам дека за вас многу работи немат посебно значење онака си прајте Да ви се дешава нешто...Ама јас сакам да знам шо значи... Ова е приказната. Имам скоро 17 години и од поодамна си бендисвам едно дете кое моментално има 20 години. И има женска, да. Значи тој е онака како да кажам убав паметен бла бла едноставно out of my league... И си пишевме порано нема врска ништо конкретно и после 2-3 месеци никаков контакт немавме. И сега пред некое време ме виде Градиште ова-она и ми пиша од ко се вративме. И муабетот беше онака ...Како и сите до тогаш...Шо прајш како си како си помина на одмор...Те видов не бев сигурен дека си ти ...Бла бла бла... Другиот ден се запознавме се убо вака-така... Се гледаме сега секој ден си збораме... Муабетот е не можам да разберам шо сака од мене ? Не е онакво дете да се дружи вака-така...Не седи мн на фб ретко ептен си има ЖЕНСКА си учи си работи... Да речам не е женкар или фраер или така нешто. Зошто ми пиши ? Пријателство сака ??? Не ми изгледа ко да му требат другарки...А во спротивно не кажва ништо конкретно... Има сватено дека го бендисвам и сега си ја крева цената? Или шо е муабетот... Ај некој нека ме просветли
Краток офф топик: што значи тоа дека дечкото е убав и паметен и е out of your league? Тоа значи дека ти не си ни убава ни паметна? Не се фаќа дечко со такво размислување. Барем не некој што ќе те цени. Просветлување: мислам дека во тоа заљубената главичка твоја малку се преувеличени работите. Дечкото едноставно ти направил муабет во живо затоа што веќе сте чателе, сте имале некаков контакт, нели. Штом тој си има женска, значи зафатен е, и не би ти препорачал да се трудиш многу околу него барем сега. Сепак, тоа не значи дека не можете да си одржувате барем основен разговор. Сега за сега имајте си пријателство. п.с. ако разбрал дека ти се свиѓа, можно е да му скокнала цената па ај да те размуабети, да си го масира егото. Во секој случај, не би ти препорачал да подлегнеш на евентуални обиди да те шармира, да му бидеш бројка на страна оти така нити ќе го добиеш него, ќе завршиш како некоја што се меша во врски и тој ќе се чувствува како некој тежок јебо. Сега за сега можете да си правите онака основен муабет, не мора да значи ништо. Ја гледаш светлината?
Па за то дека е out of my league е ! Знам дека сум паметна и уба ама има луѓе едноставно шо се поубај и попаметни Иначе тој на секое го прај истото ...Таман ќе подзаборам оп ете го ! Нека ме остај на мира да си живеам...Иначе не сум заљубена во него ни во никој друг ...Никогаш не сум била...Онака си прашвам јас.... Фала за светлината хаха ... Иначе само да се знај никогаш не би се мешала во врска !!! Поздрави
^^ Аман девојко,велиш на мира да те остави. Да не те малтретираат по улица за него или ти се сокапа телефонот од неговото ѕвонење како те моли? Мислам хелоу. Дечково се шо направил е бил пристоен,како што и му доликува на годините 20,со оглед на тоа дека ти си 17,имате различни дефиниции за пристојност и све остало. Риалити ис колинг ју. И баш како што ти кажа Елементал,и јас го помислив истото веднаш кога го прочитав постот. Како тоа мислиш аут оф мај лиг? Да мислам за некој дека е попаметен и поубав од мене,а два реда муабет само имаме направено,шо се вели ни презимето не му го знаеш? Прва грешка. Велиш,не ти изгледал како некој на кого му требаат другарки. Изгледот лаже. И друго,па и јас би си ја кревала цената ако најдам некој кој шо ќе мисли за мене дека сум сто пати поубава и попаметна од него,а единствено шо сме правеле муабет се 5,10,20 минути на фб. Така да,немој толку да си . Oстави на спонтаноста,прајте си онака муабет,а у меѓувреме врие од мажи наоколу,сигурно има и некој друг.
Ко реков да ме остај на мира не мислев од малтретирање туку да ме остај да заборам на него...Пошто како шо кажав си го симпатизирам подолго време. Второ јас детето многу убо го знам... Не од личен муабет. Си имам извори. То дека сум реална и дека не се кревам без потреба то е друго.Сигурно јас в лице него нема така да му кажам тука сум само искрена.
сега знаеш како се чувствуваат машките и колку иритирачко е тоа понашање шала настрана, од кај знаеш дека типов е доволно интелигентен да води конверсација?може стварно незнае како да одржува конверсација, зашто сум налетал на безброј такви девојки до сега....тука можеш да им почнеш тема на разговор како во денешно време ретко да најдеш некој што може да ти напраи добар муабет...ако не му текне дека е за него, плесни му го во фаца
Епа да,се смувавме и тоа не само еднаш. И сега треба пак,ме праша,ама јас не бев дома деновите и пак ме препраша.Кога се вратив ми рече дека не можел дента и од тогаш ми нема пишано,а тоа бешре пред 2-3 дена. И,сега што? Стварно не го сфакам.
Едно полесно и едноставно прашање до машките... Дали во периодот од 16 до 18 години може едно машко да се заљуби? И дали зборовите кои им излегуваат од уста се баш од срце кажани или колку да шармира и да биде највечи фраер со кој девојката ќе се фали наоколу со што несомнено ќе му се зголеми егото
Вака дечки да го прашам вашиот машки мозок за совет Со бившиот идевме 4 месеци се беше супер по малку се каравме при крај на врската 1 ми има кажано дека ме сака...Ми раскина поради следнава причина "не сакал да биде во врска сакал да биде слободен као иде лето немој да се деси да се напиел и случајнооооо да ме превари " е сега да ме сакал не би ме ни оставил јас така мислам.Ама јас сеуште го сакам и сакам да се помирам со него Се видовме пред некој ден како другари ми се пушташе као да ме смува а пред тоа ми убаво кажа дека нејќе да има девојка а има сега една мувачица...она била као чисто за мување.И јас му кажав дека сум имала мувач ова лето и криво му падна.Стварно не знам што да правам дали да чекам да му помине тој "период на слобода " или пак не.. ?
Девојко заборави го! Се извинувам сега на изразов, но дечкото си игра к*рташак со тебе.. ми изгледа на некој тежок егоцентричен „фраер“ А да не зборам па за тоа дека ти кажал дека те сака, ти раскинал од причина што бил „загрижен“ да не те извара а потоа се шета низ град со неговата мувачица?! Нема што повеќе да се каже.. Бегај од такви, не е за тебе тој.
Ако сакаш дечко и врска, најмалку ти треба некој што игра топло-ладно. Батали го, очигледно дечкото си има on - off фази, не ти треба таков, што ни сам не знае што сака. Плус, сепак не сте оделе долго, полесно да го заборавиш сега, отколку натаму...
Ниедно машко не може да ти даде еден апсолутен одговор на прашања од ваков тип. Знам дека те интересира и навистина би сакал да ти дадам нешто со што подобро би се ориентирала на темава, ама одговор на вакво прашање ќе биде полн со "зависи од машкото, зависи од карактерот, зависи колку е заљубен, зависи колку е зрел, зависи...." Ти текнува? Можам само да ти кажам дека и машките и женските на таа возраст во главно не се сигурни што сакаат или можат да имаат силни чувства, и после краток период да им исчезнат и тие самите да не знаат што им се случува. Тоа е цело торнадо од хормони во телото што често не дозволува ни сам да се 'прочиташ' што сакаш уствари. Не знам кои ти се годинките, ама ако си имаш работа со машки од таа возраст, барем не очекувај чуда. Така шансите да се разочараш се помали. Не знам што друго да додадам што би помогнало... @ Ruza. Ruzica - Преведено на јазикот на Машките "не сакал да биде во врска сакал да биде слободен као иде лето немој да се деси да се напиел и случајнооооо да ме превари " значи ИДЕ ЛЕТО, САКАМ ДА СИ ПРОБАМ СО ДРУГИ ДЕВОЈКИ И ВРСКАТА СО ТЕБЕ НЕ Е ДОВОЛНО ДОБРА ЗА ДА ТИ БИДАМ ВЕРЕН И ДА ПРОПУШТАМ МОЖНОСТ ЗА ЛЕТНИ АВАНТУРИ. ИЛИ ЌЕ РАСКИНЕМЕ ИЛИ ЌЕ ТЕ ВАРАМ. ОДБЕРИ СИ. Сеуште сакаш да се смирите и да го имаш покрај себе? Јас ти го дадов преводот, ти одлучи си.
Му се свиѓаш доволно за да сака да биде повремено со тебе ама недоволно за да сака да биде стално и само со тебе. Ако го сакаш за озбилна врска заборави го а ако ти е ок он покрај тебе да иде и со други кажи му сигурно ќе го израдуваш. Нека не те лаже иронијата, знам како ти е .
Тој има 16, а јас кај и да е ќе навлезам во 16. Идеме година и нешто, детето гази по земја цврсто, во одлично друштво е, има прекрасен брат во кој се угледува(премногу ми е мило за тоа) и се тоа... Моите знаат за него, целиот зимски распуст го пројдовме кај мене, мајка ми вели дека изгледа на стабилен дечко што не гледа да извлече корист од било која персона и сето тоа.. Доста пати знаел да биде „романтичен“(ако можам да го употребам тој збор за приредени изненадувања и поклончиња), полн е со разбирање, разговараме на сите теми.. Но, на моменти имам некои филмчиња во глава од типот: машките знаат да одглумат цела врска и заборавив да надополнам дека често пати ми отворил муабет дека сака посериозна врска со мене од колку овие „тинејџерски врскички“ во кои се се врти само околу заебанции, и се што е поврзано со самото тоа
Дечкото звучи како да е на место, според твојот опис. Кога веќе толку сте се здружиле, си го имате муабетот и тој се труди околуу тебе, да те изненади со позитивни работи,, еве не гледам зошто не би се обиделе да бидете заедно. Точно дека има машки 'рѓи, но како што кажав во еден претходен пост, ништожноста не знае за возраст и пол, неа ја има насекаде. Плус тоа, давање шанса на некој и искажување чувства по дефиниција си носи ризици да не те повредат, нели? Па и тој ризикува со тебе, бидејќи и нему ништо не му е ништо гарантирано. Дадете си шанса, опуштете се, сте си создале многу позитивна средина, не гледам зошто не би ви било убаво.
Cynthia, не сум машко ама сепак да си кажам јас. Сметам дека може, но понекогаш им е да се фалат. Јас познавам само еден пар во кој машко на околу 15 години стапи во врска со негова школска и алал да им е на луѓето сеуште се во врска , имаат 17-18 години, и постојано се заедно, де в чаршија де на школо ама постојано. Другите примери се неуспешни за жал што ги знам јас на таа возраст Овој што го имаш опишано подолу баш некако ми дејствува како успешниов пример Само за охрабрување да ти кажам, а ти размисли си двапати !
Некој? А,да се надополнам. Му пишав и нешто правиме муабет бла бла, ми кажува дека се кара со некои девојчиња и ја демек ок,не те замарам и ништо не ми врати после тоа.