мене ми изгледа како моментално да си има голем избор на мувачици,така да и не му баш толку важно дали пишал или не...важно е само да се смувате кога тој сака,т.е кога во одреден момент нема други жртви
не се битни годините, битна е личноста а според тоа како го опиша дететео си е сасвим ок така да гуд лак
јас разбирам на сите ви е некако интересно да се мувате да имате врски без обврски некако како да се во мода овие работи ај ок такво е времето ке речеме .Иако оваа врска без обврска може на секого да му се случи...сакајки или не Ама ке ве прашам вас машките -Имате врска без обврска (мување) и се деси девојката да остане бремена и што тогаш кое ке биде вашето решение? ок ова може да се деси и по грешка,под дејство на алкохол но ете се деси уствари ова прашање би требало да си го постават и девојките што ке биде тогаш или пак на располагање ке стои можноста АБОРТИРАЊЕ???
Што кога бившиот ти вика дека те сака, дека уште има чувства спрема тебе, дека е љубоморен кога си со друг.... а ти дознаваш дека претходната вечер бил дрво пијан и се смувал со некоја си к.... На крајот ти вели дека бил многу пијан затоа тоа се случило, а те сака тебе,,,.. неможам да разберам
Бил пијан и се смувал бидејќи барал утеха или едноставно цурата му се свиѓала. Е сега тоа што ти ја нарекуваш курва може да е и од некоја љубомора и нервоза, да бидеме реални. Би можеле да си дадете шанса за повторна врска, т.е. да му поверуваш дека те сака само тебе итн итн, но претходно расчисти со овој случај. Што значи тоа? Ако се враќате заедно, не му префрлај за мувањето со таа девојка, колку и да те копка. Кога веќе сакаш (а очигледно е дека сакаш) да имаш нешто со него во иднина, не гледај во минатото.
Не размислува денешната младина за тоа... т.е. само мисли дека размислува... или е нешто во стилот: нас тоа нема да ни се случи затоа што внимаваме или као демек еве ќе се договориме однапред што ќе правиме во таков случај... А зарем и самата не си свесна колку свадби во денешно време има затоа што невестата е малку трудна... Или колку девојки постојат што неможат да останат трудни затоа што некогаш во животот морале да направат абортус... Јас сум бил сведок на долги врски каде што паровите имале секс без заштита затоа што или така било поефтино или поубаво а ако ги прашаш дали се за брак и бебе превртуваат очи дека се сеуште млади за тоа... Или оној супер познат одговор... е како не ќе се случи... ние си користиме заштита... и после деца правеле деца... @lovelost, А кој кому раскина и од која причина? Затоа што тоа е многу битен момент тука, посебно затоа што типот бил со друга девојка... Мада искрено, јас еве ќе ти кажам дека тој изговор: пијан/а бев па се случи.... никогаш не ми бил јасен ни кај девојките ни кај машките... мислам... ко да ја не сум бил пијан и не сум имал прилика во таков момент... муабетот ми беше... пијан бев никогаш не е вистинската причина... има друга причина... откриј ја точно која е пред да решиш што понатака...
Сакам да ми дадете совет и мислење во однос на следното..... братучедот на мојата најверна другарка и јас се бендисуваме..... кога ќе се видиме се поздравуваме се гушкаме и другарка ми му пишала пред некој ден и тој рекол дека ќе ми пишел и ме поздравил..... и ми вика другарка ми дека ќе ме викни да излеземе ама ете го нема да пише, а се уклучи од тогаш неколку пати.... Што мислите вие не сака да излеземе или се срами П.С Заборавив еден детал.... во петокот вечерта се сретнавме и вика јас ќе одам да гледам како паѓаат ѕвездите, ама штета тоа толку е романтично, а јас без девојка- потоа другарка ми ми рече ова го кажа за тебе како знак дека му се допаѓаш
kamikazus @ - тотално е јасна приказната за (невестата е малку трудна) ,или пак (неможе деца да имаат) или како што е веке шемата праат свадба и после 3 месеци веке е почнат процесот за развод .Се е тоа познато и јасно како ден а сепак сите се изложуваат на тој ризик дечкото и девојката ај ке кажам не страдаат толку но барем малку да им светнеше сијаличката на двајцата дека го уништуваат животот на детето понатаму како ли се осекате машките кога некоја девојка ке ви каже дека е бремена,според муабетите нема ли да ве јаде црвчето дека можеби не е од вас и сл.
Спшоред опишаново од твоја страна, ми делува дека типот навистина те свиѓа, но е некој срамежлив, или нема силна самодоверба... Затоа, ако и ти си навистина заинтересирана за него, дај му некој индиректен знак, почни некогаш муабет на ФБ, чисто онака... А потоа препушти му ја него иницијативата и види до каде ќе ве одведе.
Јас му пишав =) вакво на ѕидот и само лајк добив не знам што му е , другарка ми ми вика ќе средела се но со сила убавина не бидува, сепак благодарам за мислењето
Па со =) вакво тешко се отвара тема за дискусија. Пробај некако да отвориш муабет со него, нека тече природно, види дали ви оди муабетот и така многу работи ќе дознаете за себе.
Што очекуваш да ти врати на ова? Освен можеби А и мене многу повеќе ми изгледа дека другарка ти забележала дека ти се допаѓа, па сега ја пумпа работата.
А зошто не пробаш на чат, ако веќе сакаш да почнеш разговор со него. Па и кога ќе се видите задржи се повеќе време со него, поразговарајте. Ете кога ти рекол за ѕвездите зошто не отиде да му правиш друштво? Бре жени, се сакаме на готово, да дојде и да не пољуби.
Така е се си сакаме на готово.... ми е страв да не не ми врати + рекол дека ќе ми пише ако соберам храброст јас ќе му пишам
^^ Нема ни две минути од кога постирав мислење во СДК. Не е лично за тебе,твоево сега го прочитав. Оди,прочитај го и пробај да не му напишеш на дечково.
Во главно сакате да фрлите искра и ние да ја претвориме во шумски пожар како тие во Австралија што го пеплосаа половина континент, ете тоа сакате во главно. Или во подобро сценарио, НИ ТАА ИСКРА ДА НЕ ЈА ФРЛИТЕ, едноставно дечкото да биде вистински ПРИНЦ и да знае се што и како треба да одигра. Needless to say има исклучоци де
Па обично тоа го очекуваат девојчиња или девојки кои што немаат доволно самодоверба или пак некоја што мисли дека е предобра за да се потруди да го добие тоа што го сака, во случајов тој што го посакува. А и кај нас девојките е - па што ако добијам корпа, па девојка сум, срамота е, па што ќе кажат другите? Пупи не се мисли за тоа дали ќе собереш или нема да собереш храброст, па крај на краишта и да добиеш корпа, да не ти врати не е ништо страшно. Плус вие веќе се познавате, разговарате е де и да не с еслучи ништо, битно си пробала. Штета што имам дечко иначе како би му отишла на келнерот од Коктел бар
Искрено ме насмеа... мислам не е за смеење, за плачење е работава ама сепак... тие таквите искрено не се способни за себе да мислат а не па за други... мислам секоја чест на исклучоците... не велам дека ги нема... ама сум разговарал ете така со многу на таа тема и неможам некогаш да им се изначудам на мислењето... како демек, па ако не ми е убаво во бракот ќе се разведам, не е ова минатиот век па морам да останам во брак цел живот... демек децата кој ги шиша што ќе растат со еден родител и што после цел живот или ќе имаат трауми или ќе имаат цел живот погрешни врски поради тоа... битното е нејзе или него дали му било убаво во бракот... а и плус, првата поголема кавга и одма развод... ама таков ни стана светот... никој веќе не размислува за тие работи... А за тоа како се чувствуваме ако некоја девојка ни каже дека е бремена... па најискрено се би требало да зависи од тоа колку и веруваш, колку ја сакаш...и мислам дека повеќето машки се водат по тоа... ако ја сака доволно и ако и верува тогаш нема ни да се сомнева ниту да помислува на такво нешто... едноставно или ќе биде пресреќен што ќе стане татко или ќе му се сруши цел свет затоа што мисли дека е сеуште млад... ама јас лично за себе сум рекол дека кога ќе се случи тоа, независно колку ќе ја сакам и ќе и верувам сепак скришно ќе си направам еден днк-а тест... што си е сигурно сигурно си е... од една страна, да, ќе има право да ми се лути ако дознае дека сум направил таква работа затоа што сепак нели довербата е најважна, ама од друга страна, таа со сигурност знае дека е нејзино... а ниедно машко неможе со таква сигурност да знае... тоа мора да се признае нели... а од трета страна, пред некоја година читав и не сум баш сигурен дали е точно, бидејќи ми е малку сомнително, но читав дека во Германија донеле некој закон за да неможеш туку така да направиш днк-а тест за да видиш дали е твое детето... затоа што статистички пресметале дека дури 30% од децата таму се туѓи и дека ако тоа почне масовно да се применува дека ќе има многу разводи и дека сетоа тоа ќе влијае лошо и на економијата и на социјалниот живот во држвата... а и плус со оглед на тоа на колку неверства сум бил сведок во животот веќе ништо не ми паѓа чудно... Е сега... повеќето машки се егоисти по природа и информацијата дека би требало да гледаат туѓо дете би ги убила во поим... но се пак зависи од ситуацијата... ако останала бремена пред да биде со мене а јас навистина ја сакам, тогаш е ок... ќе го прифатам и детето, затоа што тоа е сепак дел од нејзе... ама ако останала трудна од друг додека била со мене... ееее... тоа е веќе нешто друго... Е сега, во принцип девојка би требало да биде многу расипана за да подметне такво нешто на некого, ама повторно ќе кажам... во ова денешно време ништо не зачудува... а и не дека и машките не се такви... направи дете и замини си... она ќе си го гледа... ти само ќе си плаќаш алиментација и тоа ако таа има толкава храброст да те даде на суд... Арно вели вицот: -Тато, тато, ти повеќе сакаш ќерка или син... -Е сине, ја само сакав да ми биде убаво вечерта...