Сесре ама и ти загорена си, 2 години ли го бркаш... Искрено, те разбирам, ама ако некој не е ентузијастично into you, не верувам дека ти треба како врска или потенцијален date. Тиндер и Бамбл за тебе.
Тешко е да се каже, нема доволно инфо, ама чим сте излегле, и не пишува веќе две години, мислам дека не е заинтересиран,
Дали ги познавате оние мажи што мислат дека се семоќни, што мислат дека можат да ги имат сите жени шо сакат, да се заебават со нив, да се прат гоолеми мангупи,да лудуваат ама од друга страна да имаат девојка/жена па и деца да, да познавам и во приватен живот и по социјални мрежи, а НЕДАЈ боже некој да речи нешто или да ја погледни нивната партнерка... ? Just asking
Мора да има поента? Би сакала да слушнам мислење на таа тема, дали некој познава таква личност? Зошто сметам дека ВРИЕ такви а малку се прича!
Како би помогнало шо би ти помогнало еве ако ти речам дека знаам такви личности и не можам повеќе од еден час со нив на иста маса.. Не се само со жени такви, општо и во разговор маж со маж тие секогаш знаат се и во право секогаш.
Мене лично не само, туку општо мислам доста жени дека паѓаат на такви мажиња, т.е мислат дека се посебни, дека ги сакаат затоа што нив ги одбрал за домаќинки и чување деца... Како и да е убаво е да се продискутира ако некој сака..
Таквите мажи се егоцентрични и че дојдиш до стадиум каде што нема да имаш право на збор и ако му се противиш ќе добиеш една по муцки. Ама нели тоа е маж со силен став и не можи никој да му речи ништо.. И најчесто проблемите ги решаваат со викање, никако не слушаат туѓо мислење и некогаш и со насилство.
Дали ако еднаш одбиеме машко за дејт ( во случајов беше ради несигурност и др. фактори во тој момент) тој ако доволно сака би иницирал уште еднаш ?
Зависи од личноста, тоа е индивидуално. Исто и самодовербата е битен фактор во дадената ситуација кај другата личност.
Ако вистински му значиш, сигурно ќе се обиде пак. Но, можеби се двоуми – првото одбивање знае да боли. Ако ти значи, пробај да му покажеш дека би му дала шанса.
Секогаш е муабетот ми се свиѓа ама не знам дали да го викнам и да му кажам. Без поента е. Не дека лошо ќе го свати...па дури има и некои шанси да ве одбие. Јас сум лоу контекст ако не ми кажат директно и со јасни и недвосмислени зборови. А не најчесто зависи како е образложено не е секогаш баш не. Ако сериозно мислам ќе предложам ако не сум сигурен нема. Едноставно не сакам ако некоја сакам и има основа за врска да не пробам. Ако има некој проблем кој го спречува тоа не се обидувам или може и да одбијам предлог. Жал ќе ми биде ако не пробам повеќе од колку да ме одбијат. И најчесто ми функционирало ова до сега. Никогаш не ми било проблем да најдам врска дури сум имал и многу опции.
Не се сите машки исти. Но ете, според мене, јас не би иницирал повторна средба. Вртам нова страница и тоа е тоа.
Искрено јас лично не. Не ради несигурност, али ако некоја ми стави до знаење дека и е незгодно, непријатно или ја замарам, толку од мене. Не сакам никого да замарам, да сум терет и да превртува очи кога го види/слушне моето име.