Нека не биде само на зборови, дај му он да зготви па оцени ти дали е подобро или не. Тогаш ќе видиш дали си имаш работа со некој што реално оценува или е дрдорко.
Он готви со саати, едно болоњезе го прави 2 саати, полека, натенане, ретко готви ама окапува во кујна, јесте да е вкусно ама јас немам 2 саати за во кујна да седам секој ден..
Не мора болоњезе, истите јадења ти што ги спомна како палента со сирење, или пиперки со јајца, или омлет со спанаќ. Тие за кој што зборел дека подобри може да ги направи. Исто, на крај краева, шо ако му треба 2ч да готви, он нека си готви ти терај си други работи. Пробајте цела недела он нека готви, не еднаш неделно едното јадење што знае да го направи, па да видиш што ќе ти каже (т.е. идеално би ти се извинил зашто е напорно да се готви секој ден, а некој да збори само како може подобро е лесно)
Па не знам што ти е чудно што баш ова си го искусила кога си пишала прва? Нормално е дека кога ти пристапуваш на некого, шансите истиот да сака нешто со тебе се помали отколку кога тој некој ти пристапува тебе. И ти не постапуваш исто со сите што ти пишуваат. За тие што си заинтересирана развиваш повеќе разговор, за тие што си помалку заинтересирана ги влечиш и им пишуваш поретко, кога ти е досадно, или кога ќе имаш повеќе време, приоритетот за нив ти е помал. Тие па што ич не ти се свиѓаат одма на сеен ги ставаш. Епа во ситуација ти кога пишуваш прва, ти си во позицијата на тие тебе што ти пишуваат, а дечкото е во твоја позиција. Што значи има големи шанси да те откачи, што и се случува. Ама не се секирај, нема ништо лошо во тоа некој да те одбие, нормален процес е. Секој маж бил одбиен многу пати во животот кога прв пристапил, па еве сите сме живи и здрави. Ќе преживееш и ти. Што, од друга страна не значи дека не функционира, ама не може да очекуваш дека на секого што ќе му пишеш одма ќе сака да е со тебе. Не е логично тоа да се очекува.
Значи - нека готви почесто. Јас на твое место би кренала рачна и би рекла- врска немам од готвење, не ми е предизвик, свечено предавам функција на куќохранител. Стварно, што има лошо во тоа, да работите ги прави оној што има повеќе интерес и талент? Нула сарказам имам во ставов, најозбилно.
И да се надоврзам на погорното оти многу девојки "боледуваат" од одбивање. Одбивање е нешто нормално. Процес кој секој ќе го доживее во животот без разлика колку е убав, добар, успешен, и се нај нај. Јас кога бев во тинејџерски години исто секое одбивање го сфаќав како да е крај на свет. Се повлекував, губев самодоверба, не сакав да направам прв чекор поради тој страв. Имав среќа многу мене да ми приоѓаат прв, па некако се ставав во позиција да чекам девојките да направат прв чекор. И тогаш ако ме одбијат го земав со тешко срце и ми влијаеше негативно до степен да не ми се излага од дома или да станам тотално индиферентен на подолг период. Не дека скроз сум го искоренил тоа до ден денес. Сеуште сум повлечен и овертинкувам пред да пристапам, и имам врски кои ми почнале каде другата страна направила прв чекор... Но, тоа што го сфатив е дека да се биде одбиен е нормално и очекувано... И не е крај на свет. Не можеме да се допадниме секому, ниту секој нас да ни се допадне. Неминовно е да минеме низ процес на селекција, и од наша, и од другата страна. Но, она што е најбитно е дека ако пробаш, може ќе успее. Ако не пробаш, неуспехот е загарантиран.
Twenty years from now you will be more disappointed by the things you didn't do than by the ones you did.
Ако бидне бидне во плус си ако не бидне никому ништо а ако не бидне а имало некаква дружба тогаш секој по свој пат кратко траеше ама барем убаво се дружевме идемо даље
Според ова убо готвиш ти Нине се гледа дека те бива во кујна, само така ти вели за да те мотивира секогаш да бидеш толку добра во готвењето, ако те пофали можеби му е страв да не се олабајш и да почнеш полошо да готвиш, не му обраќај внимание што ти кажува. Се додека се јаде тоа што го готвиш добро е.
Секогаш јаде, никогаш не оставил нешто што имам зготвено неизедено, ама ме нервира што коментира дека не е убаво и дека знае поубаво он да го направи, што значи моето јадење не е убаво.. Логично е да не јаде ако не е убаво нели?
Аии Нине колку ја комплицираш, ако ти каже он да го направи, дај му ја тавата и он нека го направи чим знаел поубаво . И маж ми така некогаш знае да каже нешто додека готвам, зошто тоа така зошто ова вака, му викам " сакаш ти да го направиш?". И одма се повлекува
Дали им кажувате на партнерките каде се наоѓате моментално без да ве прашаат или јас премногу барам, токсична сум? Прост пример. Му ѕвонам на камера и негде иде, без да каже каде нити да спомне (до продавница требало да оди). Патем да не му заѕвонев на камера немаше ни да знам дека е искочен. Кога си дојде дома исто така незнаев дека е дома додека не му вртев на камера (издрамив и мислев си ја научил грешката и ќе каже ејј јас сум дома). Вчера ми спомна за денеска од сабајле дека имал нешто работа по банки требало да стане во 8. Јас немам порака ни за добро утро (сега е 11) а не па да каже каде е. Јас да бев на негово место одма чим отварам очи му пишувам, гм, мијам заби, се облеков (слика од аутфит),искачам, фатив бус, се симнав, у банка сум, чекам ред,завршив во банка, идам дома,чекам бус,се симнав, дома сум. Дај исправете ако премногу барам ако сум токсична ако имам траума од некоја бивша врска.
Мислам дека малку си љубоморна. Остави го човекот да дише. Никој не е должен на секои 5 минути да ти дава допис каде е и што прави. Вака може да му скурчиш и да те откачи.