Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Alek90

    Alek90 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Машки
    Ќе помогне ако кажеш колку години имате. Ако сте околу 20 години можеби донекаде има смисла ова, ако сте постари, имаш многу слободно време
     
    На IvvaNeo и Teodoris им се допаѓа ова.
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.702
    Допаѓања:
    19.160
    Пол:
    Машки

    Imav vakva devojka, ne mozev raat ni da izlezam so koj si kako si da izbrojam lujge teretana vo lafich koj e sho e do mene, najprvo mislev e ljubov ama posle nekako ko da e kontroliranje...
     
    На IvvaNeo, Anyshka, Teodoris и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.658
    Допаѓања:
    167.878
    Пол:
    Женски
    @Teodoris покрај пар вие сте и индивидуи. Не се губи како индивидуа во врска. Не е реално секој чекор да си го кажват партнерите во моментот. Ко ќе се видите за шо ќе зборате во најмала рака? Остајте нешто за ко ќе се видите.

    И не само то, која е потребата да знајме шо прај партнерот 24/7? Има живот и кога не сме заедно и то е океј. И јас имам. И то е нормално.

    Или не пишал "добро утро". Па има обврски и то ете ти го нагласи. "Добро утро" е слатко, не велам не, ама ако знам дека после то ќе морам камера да уклучам или да пишам цело време кај сум - ќе го одложам то "добро утро".

    Лично, партнер да се постави вака кон мене многу брзо ќе ми здосади оти ќе ме гуши.

    Разработи си шо прај да се осеќаш вака и шо прај да имаш потреба вака да се поставиш. Пошто ќе ти страда животот со партнерот ако продолжиш вака.

    п.с. Препрочитав и видов дека пиша како си му пишела детално и ти шо прајш. Така и да ми пиши партнер веројатно ќе му вратев: "мили4ок остај нешто и на фантазијата, те молам". :D Шо е многу, многу е.
     
    На Tam4yy, Mumoftwo30, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Mart1na

    Mart1na Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2022
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    И јас сум иста.
     
    На Teodoris му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    8.520
    Пол:
    Женски
    И самата се преиспитуваш веќе, така да знаеш дека е премногу.
    Што е тоа информирање за секој чекор?
    Ниту треба ти да го информираш за секоја ситница, ниту тој тебе.
    Не само што го прашуваш ти него, туку самата го затрупуваш со информации кои не ти ги бара?
    Убаво ти кажал што планира за наредниот ден, зошто да го проверуваш?
    Кога ќе завршите со личните обврски тогаш може да си раскажете за изминатиот ден. И тоа ако има што да се раскаже и да се сподели. Тоа е нормален разговор.
    А давањето отчет за секоја небитна активност во денот е обид за контрола.

    Видео повик практикувам само од дома и ако знам дека другиот е дома (и ако сакам да видам нешто или некого, во спротивно само би се јавила). Никогаш не се јавувам од јавно место и не очекувам да ми уклучи камера некој кога е на јавно место. Ако не може да ти крене, одговори или зборува исто треба да се почитува. Секако не гори никаде.

    Ако насетуваш дека имаш некој личен проблем ова не е начин да го решиш. Решавај го сама, не го префрлај проблемот на врската. Дечко ти не е должен да трпи заради твојата несигурност.
     
    На Mumoftwo30, Teodoris, Mrs. right и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    4.615
    Пол:
    Машки
    Е не треба така...:worried::doh:
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.187
    Допаѓања:
    39.865
    Пол:
    Машки
    Според мене до некаде си во право и нормално е на пример утрово да очекуваш добро утро пред да излегол. Дури и да немал време тогаш, ќе имал покасно, ако ништо друго да ти пиши кратка порака.

    Што е премногу, е барањето да му го знаеш секој чекор, каде е, што прави, и да мора да ти дава репорт за буквално се. И секако ненадејното ѕвонење на камера.
    Тоа не е ок, и ако продолжиш така ќе го угушиш и дистанцираш уште толку.
     
    На Teodoris, blueeparadise, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Нормално е. Јас дури и би платила возилото на Google да го следи насекаде за да можам да го пратам live. 8-|
     
    На MarigoldA, sweet-cherry, Stark и 8 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.658
    Допаѓања:
    167.878
    Пол:
    Женски
    Со ова се согласувам, ако условите беа "нормални". Поздрав за добро утро и такви ситници се мали и интересни начини на искажвање љубов. Ама, во ситуацијата, јас да бев дечкото и ако знаев дека после то мое добро утро муабетот ќе тргни кон то да продолжам да пишам секој чекор кај сум и да ми ѕвони на камера во јавен простор само за да види как сум? Ќе го одложам то "добро утро" до ручек време барем. И уствари така полека го губиме партнерот, за глупости, dare I say.
     
    На Mumoftwo30, sweet-cherry, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.187
    Допаѓања:
    39.865
    Пол:
    Машки
    Условите им се такви какви што се затоа што не се ставило граница уште на самиот почеток.

    Сето ова требало да го реши дечкото уште при првиот видео повик во јавност, или првото напнување/контролирање.

    Но, наместо тоа, веројатно он е индиферентен и уште толку немо се дистанцира и не и пишува баш поради тоа што ти го наведе. Што, од друга страна ја става неа во позиција уште повеќе да го бара затоа што и недостига таа нормална блискост.

    Секако не ги знаеме деталите, но од една страна мислам и дека на некој мазохистички начин и му се допаѓа тоа колку она се замара околу него, веројатно го доживува како лична сатисфакција дека девојка му "не може" без него ниту да "дише" и он ја има тоталната контрола во врската.
     
    На Cosmic Girl, Teodoris, blueeparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Teodoris

    Teodoris Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    Не е така како што мислиш дека после секое добро утро јас му ѕвонам.
     
    На Mart1na му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mart1na

    Mart1na Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2022
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    не може никој да те сфати што не е таков.
     
    На Teodoris му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.658
    Допаѓања:
    167.878
    Пол:
    Женски
    Океј. Ете крив е за то. Ама то не е подлабокиот проблем во врската према то шо опиша.
     
    На Mumoftwo30 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  14. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    1.505
    Леле гревче е дечкото, добро што издржува вакво психичко тормозење. Уште да го натера да праќа слики и видео материјали и кога оди во тоалет, што има јадено, кога е во друштво со некого и слично. Ако не му верува нека му стави локатор и ако излегол од дома веднаш со брзина на светлината по него во потера.
     
    На IvvaNeo и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Teodoris

    Teodoris Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    Сакате да ми кажете дека не е коректно да ми пишува "добро утро"? Не треба да очекувам да знам дека му започнал денот? Сега е 1 саат а јас незнам сеуште ни дали му "започнал" денот.
    Сакате да ми кажете дека е нормално јас да мислам он е дома а уствари он искочен пред 5 саати?
     
    На Mart1na му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Teodoris

    Teodoris Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    Не собирај лајкови на твоја испревртена приказна!
     
    На Mart1na му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Alek90

    Alek90 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Машки
    Немаш ли ти твоја работа да си бркаш?
    Пушти го нека си ја брка он својата работа, вечер ќе ти раскаже како му поминал денот.
     
    На INNERBEAUTY, Tam4yy, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    12.678
    Пол:
    Женски
    Види, може да се случи да има нешто во меѓувреме. Никој не е должен да виси 24/7 на мобилен, отчет да ти дава за секоја ситница е претерано. Убаво е да знаеш граници, оти тебе така некој да ти прави ќе осетиш како е.
     
    На Mumoftwo30 и Teodoris им се допаѓа ова.
  19. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    1.505
    Не ми е поентата тоа воопшто. Треба да му дадеш да дише. Стави се на негово место и тој тоа тебе да ти го прави постојано како би се чувствувала? Зарем треба да ти кажува и дава извештај каде оди и што прави? Тоа што го напиша не е воопшто нормално. Нормално е ако си член на Гестапо.
     
    На FreeToGo, black-angel и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. Teodoris

    Teodoris Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    Затоа реков просветлете ме, можеби е траума од претходните мои врски.

    Фала ви на убавите совети бај д веј.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.