да @Teodoris после и ти не враќај колку и он, па види како ќе биде, дали ќе се налути, што викаш:? ќе се согласат или и така не бива, намерно правиме така ќе биде после, а?
Тоа што не ти е расчистено барај го внатре во себе, а не надвор од тебе. Многу проблеми доаѓаат од нерасчистени нешта сама со себе. @Teodoris
Ако се љутите и вриете кога не ви враќаат на пораки, подобро да не сте во врска Кога ќе олабавите малку, тогаш фаќајте си дечковци
Уште сум под импресии како водите така врска јас мислам дома си а ти во град. Еве просто се чудам. И неможам да разберам.
Пишуваме со еден пријател, се знаеме со години.... И ај некако да се видиме на кафе и сл... И денес му пишувам дај кажи предлог што марка гузерици, поквалитетни некои,пошо се лизга надвор. И ми се изнасмеа, ми рече боса да сум одела.....се изнасмеа како демек глупости прашувам. Вака нз дали јас утнав со прашањево или.....??
Тука е разликата. Не седам дома и активно да мислам кај е партнерот. Не е ситуацијата "јас го мислам дома, а не е". Буквално не размислувам кај е сем ако то е релевантно за ситуацијата. Пример ако сум свесна дека е на работа па да му остам смс ако ми треба него да му ѕвонам за да не му напрам проблем. Пошто е живо суштество и постои во просторот и ко ќе не сум јас со него. Така да можи заминал в комшии, можи му излезе нешто па е во град, можи гости му дошле, можи спонтано се договори со друштво за кафе итн. Шо треба да ми кажи - ќе ми кажи ко ќе се слушниме или видиме. Ако нешто е поважно да го знам порано - ќе пресуди дека е така и ќе ми кажи порано. Воедно, истото ова го нудам и јас. Се осеќам секогаш дека морам да нагласам дека то шо барам и то го нудам. Башка ова е дел од едно секојдневие. Јас сакам темите за секојдневие да ги чувам за во живо или за преку телефон ако немаме можност да се видиме. Пошто е тема за муабет. Колку подолго си со некој, така ќе стигните до ситуација да си кажите се и да се познавате целосно. Па уште и секојдневието ако ви е транспарентно како шо се случва, live, па досадно е. Ни тема за муабет нема да остани. Пак ќе нагласам. Покрај то шо си во партнерска врска, ти си индивидуа. И двата сте. Не ја губете индивидуалноста само зошто сте со некој. Не треба да се поклопите во една личност. Треба да сте две личности шо им е убо да се заедно.
па ете она тоа нуди и истото го бара. иначе да некогаш може да стане досадно ништо тогаш единствено решение само навечер да разговараме за денот и такаа, друго решение не гледам.
Јас би бил посуптилен, би му купил часовник што мери колку калории трошиш, че го следам каде шо прај и колку движи. Еееее ако ја фатам во 1 по полноќ да речи спијам, а троши калори...
Тој не го нуди то. Очигледно. Со сила да натераш некој да споделва толку - не можиш. Колку побрзо станите свесни дека другите се живи суштества со свои желби, и дека контрола генерално ги гуши - подобро за вас. Ако двете страни го сакате то немаше овде да седиме и да дискутираме зошто не е ок. Ќе си е вашето нормално. Ни први ни последни. Ама дечково, очигледно не го нуди и не го сака то. Јас зато тргнав од себе, и јас ни го нудам ни го барам ова. Во ова ситуација јас би издржала можеби два месеци ако при поставени граници да олабај - не олабај. Преку сила и то два месеци. Па би му раскинала оти ме гуши.
На шала, на смеа ама другар вака ја фати долгогодишната девојка дека го изневерува. И купи часовник, поврзан со телефонот преку апликација. На оваа нешто не и работеше апликацијата, и земал да ја среди, што ќе види, викендот после 12 имала 7000 чекори направено, а му рекла дека ќе оди да спие. И тука му светнало ламбичето. Малку истражување, малку притискање и му призна дека таа вечер излегла во клуб на журка. После дозна и дека завршила со некој тип. Му се колнеше дека била пијана и декa само се лапале. 5 годишна врска, фрлена низ вода. А се спремаше да ја запроси за Нова година.
Ако сакате. Ако неќите не. Ако мислиш дека ќе седнам и да ти кажвам шо мислам јас дека е единствено нормално и ако не прајш така е лошо - дебело си се излажала. Пошто има многу начини шо се функционални во една врска и се страшно индивидуални. Башка шо знам дека ова не го прашуваш искрено туку пробваш некоја поента да извлечиш. Сфаќаш дека поентата на пишаното не е дека треба само на вечер да зборате или само дење или само во живо? Се борам активно да не прашам колку години имате и двете. Поентата на пишаното е за поставување на здрави граници. Нема тука ригидни правила како "збораме само пред спиење" лол. Секој пар ги определва тие граници. Ама двата инволвирани ги определват тие граници. Не само едната страна да турка премногу, а другата страна едноставно да се "откажи" и да е пасивна. Воедно пишаното е личен осврт како не седиме и активно да мислиме шо прај партнерот. Пошто не е реално in real time да ни пиши се зошто има 101 ситуација и да си врзан за телефон 24/7 е нереално.
Вајда од побуда за изневерување? Не знам. Aко планираш да изневеруваш ќе гледаш да го скриеш тоа и ќе лажеш?
@Billy Idol @FreeToGo Мене ми се има случено нешто слично со еден бивши, не да го изневерам, ама кога имав 21 година, тој 22, јас бев навикната со другарка да одиме на техно/транс журки. Буквално тогаш бев во екот на излегување, што е и нормално, тој период ми почна на 17, 18 ама дечково беше страшно против такви журки и не ми бранеше експлицитно да не одам, ама ми бранеше меѓу редови. Тоа беа страшни љутки, како тие журки биле ненормални, болни, таму оделе наркомани, не знам какви работи се дешавале, он одел порано, на времето и знаел се тоа како оди, му било одвратно, не одел веќе, и буквално ми се мрштеше кога ќе му спомнев за журка. (кое време, 22 години имаше ). Бев под постојан притисок од него, дури имаше и љутка кога еднаш си фатив автобус од кај него, и му реков дека си одам дома, дека сум уморна, ми се јави другарка што живееше близу мене во бус и ме викна на кафе, и јас пукната за дружба и реков важи. Му кажав дека ќе одам, смртно ми се налути како сум го излажала, како до тогаш сум била уморна, сега наеднаш одам кај другарка на кафе (а она на 10 минути од мене), он на другиот крај од Скопје, плус угушена од него. Плус работиве не ми ги кажа во моментот, туку беше само лут и ќутеше, и ми ја упропасти цела вечер, тек отпосле ми кажа. Да се вратам на журката, од што ми "бранеше" цело време, а јас нормално сакав да одам и не смеев да му кажам, го излажав дека ќе седиме кај другарка дома и отидовме на журката. И за тоа нешто беше подналутен. Јас место да уживам, цела вечер зјапав во телефонот и проверував што и како ми пишал, дали ми вратил, и во какво расположение е господинот. Така што, сакав да кажам секако не ја оправдувам девојката што го изневерила дечкото, ама има тука многу нијанси и 1000 зошто, 1000 затоа, зашто некој би излажал и скрил нешто, а најчесто потекнува од постојани притисоци, следења, бранења, љутки и слично.