Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Alek90

    Alek90 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    Ми звучи ко да си многу забавна да е човек во врска со тебе. Ако врската ти е полна со инаетење и злопамтење... сама си знаеш!

    Ај уште малку ќе заврши зимски распуст и ќе тргнете на училиште, ќе имаш друга заниманија. :D
    Проблемот во врската ти е што не му веруваш на дечко ти каде е и мислиш дека те лаже. Не седи дома туку е на кафе со друга. Зошто си во таква врска?!
     
    На eliesaab, Anyshka и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.187
    Допаѓања:
    39.862
    Пол:
    Машки
    Одлично е да се види од друга перспектива ситуацијата. Успеа многу добро да ја доловиш, и може и тоа било првичната причина што не му кажала, не знам.

    Е сега, од друга страна, јас те разбирам, но не и оправдувам.
    Зошто?

    Затоа што една врска треба да се гради на меѓусебна доверба и искреност меѓу двете страни, а не на лаги, забрани и токсична атмосфера.

    Ти, иако си знаела дека твојот партнер тогаш е против техно забави, и дека не му се допаѓа тоа, сепак си решила да го излажеш и да отидеш затоа што си сакала.

    Исходот од тоа, ако дознал, ќе било губење на довербата, а можеби и врската. А една врска треба да се заснова на здрави корени, a не на лаги. И веројатно да си била во неговата ситуација немало да сакаш да те лаже.

    Затоа е потребно да разговарате и да разграничите неколку нешта на самиот почеток. Што е тоа прифатливо за вас? А што не?

    Пример јас не обожавам исто така таков лајфстајл, одење по журки, клубови и константни искачања без партнерот. Океј да се случи во одредени периоди. Некогаш и јас сакам да искочам со партнерката во клуб, некогаш можеби и со друштво при некој повод. Но, ако тоа е некому нормален лајфстајл секој викенд по 3-4 пати да искочен во клуб, не е за мене. Ниту било кога бев студент, ниту пак сега кога сум во зрели години.

    Ова би го разграничил уште на самиот почеток. И ако не сме компатибилни, тоа е тоа, секој на своја страна и ќе си бара тоа што сака. Без забрани, без пасив-агресив, уништување на денови, викенди, месеци...

    А за изневерување пак од друга страна нема никакво оправдување.
    Да, тешко е 5 годишна врска, и веројатно некогаш доаѓа до презаситување и ти треба да се излуфтираш, ама пак ако не знаеш да ставиш граница и да се контролираш, завршува вака како што заврши.

    П.с. Да не излезе дека за мене се работи. Не, стварно за другар се работи.

    Ја сум во среќна врска и се надевам таква љубов како нивната нема да ме најде. :D
     
    На Mrs. right, Anyshka и blueeparadise им се допаѓа ова.
  3. Mart1na

    Mart1na Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2022
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    еј ми се налути и ако не сме во врска, само затоа што правам исто како тебе.

    тоа не е его, тоа е ----> SELF RESPECT <-----
     
  4. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.236
    Допаѓања:
    8.382
    Пол:
    Женски
    Ако бараш совет тогаш треба и критика да прифатиш, а не да бараш некој да ти даде "одобрение" дека си во право.

    Не, ич не е во ред да ти го кажува секој чекор, може нешто му искрснало во последен момент, не мора за се да те известува де.
    Ако не пишал он добро утро, пиши ти, големо чудо.
    И не си прај проблем таму каде што нема, го гушиш и оддалечуваш од себе само вака. Без токсични побарувања биди, оди завршувај си свои обврски, шетај со другарки... повеќе обврски- помалце нервози. :D
     
    Последна измена: 13 јануари 2025 во 15:30
    На Teodoris, Mrs. right, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  5. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    1.536
    Пол:
    Машки
    Мислев, да не имале некоја криза во врската или слично.
     
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.670
    Допаѓања:
    6.558
    Разговарано беше сто пати. Односно беше пробано да се разговара од моја страна, од негова страна само наидував на лутење, мрштење и незрело однесување, и одговори од типот дека одење на техно журки е "ненормално и болно, и таму само одвратни наркомани има" и тука беше крај на муабетот и нема продолжување. Ова е исто ко мене да ми текнело дека не ми се допаѓа да оди во рок бар со другарите пошто ете не ми се свиѓа таа музика кога ќе оди кај него дома, (не беше од Скопје), и не смее таму две пива да се напие, и да му глумам лута цела вечер. Мене ми се ова скроз нормални работи, и сама му викав да излегува и не седи дома и да си ужива со другарите.

    Впрочем, јас не одев на журки секој викенд, не бев вработена, па не ни имав пари за толку. Одев еднаш месечно, еднаш во два месеци, ако сум имала пари може да сум отишла два пати во месецот. Стварно не знам кој има и снага да излегува 3-4 пати за време викенд, па и на журки. :D

    Треба да се разбере дека и во врска постои свое јас надвор од партнерот, а под тоа се подразбира да излезеш на кафе, во ресторан или диско со другар/другарка. Па и да отидеш на одмор или патување. Ништо чудно или несфатливо според мене. Јас сум била и на одмор во Охрид со другарка на неколку дена, зошто се погодило со партнерот да не можеме да отидеме на одмор, а на секој му е потребно да прошета и да отиде на плажа. Дури и партнерот да може, би отишла и со него, а ако имам доволно средства би отишла пак и со другарка, зошто да не?

    А и, не беше проблемот со мојот бивши дечко само техно журките, ете како што реков, ми се имаше налутено зошто сум отишла кај другарка дома кафе да се напијам, а сум му рекла дека одам дома, најголема лажга испаднав, а уствари одма му кажав. Врска во која ќе ти е страв да смениш план, или да не смееш да излезеш година, две, три, четири, додека си во врската нели со другарка во диско, или да отидеш кај неа а тоа не е по правилата и прописите на партнерот, за мене никогаш нема да биде нормална врска.

    Епа арно, да си се затвориме дома тогаш, или само со партнерот заедно сегде, или исклучиво со друштво одење некаде, засебен живот имање - не. Епа после притисоци, фрустрации имање, па ќе има, секако. Што најчесто доведуваат до раскин на врската.

    А за изневерување, секако не оправдувам, ако веќе си во ваква ситуација, сега веќе на зрели години ја гледаш уште од старт и пут под ноге. Тогаш на 21 година, ете, и јас поинаку сум размислувала, премногу сум допуштала, и сум се плашела на некој начин. Сега не би криела секако дека одам некаде, секако и ќе приметам за брзо дека работата не ја бива ако така ми прави и ќе биде чао џаци.
     
    На Tam4yy, Alek90, Adidas888 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    4.608
    Пол:
    Машки
    Се дешава...
     
  8. Teodoris

    Teodoris Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    196
    Пол:
    Женски
    Мислиш?
     
    На Mart1na му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    92
    Премногу бараш и токсична си. Најдобронамерно ти го кажувам ова за да работиш на себе со време и да се промениш. Според напишаново прво нешто што заклучив е дека немаш самодоверба и патиш од комплекс на ниска вредност.
     
    На Anyshka, Mumoftwo30, Компир Манџа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    92
    Ова е многу детски и доколку имаш над 12 години не би требало вака да размислуваш. Ако имаш 12 тогаш не ти требаат дечковци, фокусирај се на учење.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    4.608
    Пол:
    Машки
    Ептен си директна. Кажувај им во поблага форма. Може некој ќе се навреди.
     
  12. Alek90

    Alek90 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    А можеби е 1 трол од 2 различни акаунта, тепа досада за време на распуст
     
    На Anyshka и Компир Манџа им се допаѓа ова.
  13. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    92
    Така е, ме провали. Дај раче да ти пишеме 5че.
     
  14. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    4.608
    Пол:
    Машки
    Има надвор снег еден тон. Нека одат да прават снешко.
     
    На Anyshka и Stark им се допаѓа ова.
  15. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Ајде машко мислење. Типот што флертуваше со мене на фитнес топло-ладно со денови, преѓе флертуваше со друга покрај мене ( тоа не го критикувам,затоа што си има право човекот слободен си е).
    Најинтересно е што во исто време направи нешто што неа и помагаше , а мене буквално ме направи да се разлутам (и ги враќаше теговите за да и помогне и ми ги стави на столчето кое ми требаше,всушност ми сметаше при вежбање). И ок викам можеби несвесно ,го прашав дали може да ги тргне . Го тргна едниот, а другиот намерно го остави. Сфатив дека тоа го направи намерно ,но зошто ? Која е потребата ?
     
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.146
    Пол:
    Машки
    Едноставно продолжува со топло-ладното, да те гиба, провоцира, се тоа е дел од флертот.
    Тоа допринесува да ти го мислиш почесто и да си поставуваш прашања: Чекај, зошто го направи тоа? А зошто не го направи тоа? Ама зошто така, чек ќе ја прашам другарка ми (па го зборите и анализирате со неа), па ќек ќе прашам на форум а у..
    И пази сега што е штосот. Колку повеќе мислиш на него, толку повеќе мисли и време инвестираш во него. А колку повеќе инвестираш во него, толку повеќе ќе ти се разгоруваат симпатиите и чувствата кон него.
    Така што типот е добар „играч“ и сигурно ќе упеца нешто, една или две, зависи како ќе му се погоди сезоната :)

    А на тебе останува да размислиш на ладна глава дали сакаш сериозна врска или некоја hook-up авантура. Ако е за второт, продолжи си со флертот. Ако е за првото, пресечи ја секоја мисла и муабет поврзан со него.
     
    На Tam4yy и newme им се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    5.495
    Пол:
    Женски
    Је*ем ти играчот, со се штосот му (шо апсолутно му функционира ко замислено и никако поинаку), :D и траумите, слеш entiltlement/god а и сите остали комплекси шо си ги наталожил со годините, ради (недоволно/претерано внимание од) mommy issues.:D
     
    На Mart1na му/ѝ се допаѓа ова.
  18. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Ма каква авантура.Искрено толку многу ме изнервира се осетив како глупава ,што му го ставив/фрлив тегот баш таму кај што вежбаше.И тоа бев многу лута и агресивна. Да видам дали ќе има муда повторно да се прави фраер.
     
  19. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    4.608
    Пол:
    Машки
    Помислил дека си го одбила или не сакаш ништо со него и те заменил со друга. Можеби си направила нешто што си го одбила.
     
  20. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    92
    Посакувам и мене некој да ми кажел вака директно и без sugarcoating кога сум била помала, ама за жал немало тогаш вакви форуми. Многу енергија и време залудно потрошени на замарање за небитни луѓе кои денес со стап не би ги допрала.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.