Здравоо луѓее! Каде и како запознавате нови луѓе- потенцијални партнери, пред некој месец раскинав дооолга врска и сега скоро секој шо ќе ми се засвиѓа е или женет или има женска. Втф како да сум била во зимски сон годиниве наназад, не знам ни како треба да се понашам ни па како се дејта. Хелп ми плисс. Бтв имам 27г.
Istiot problem go imav posle raskinuvanje na 5ipol godisna vrska PEKOL dodeka da se opravam a pak steknuvanje "doverba" vo nova zenska da ne pravam muabet.
Ако користиш инстаграм и фејсбук и ти е активен не би требало да ти претставува проблем да пронајдиш некоја личност да запознаеш. Од типот на апликации за запознавање сум пробал, ама воопшто не ми се допаднаа, всушност се е фејк, батали, не губи време.
Користам социјални мрежи ама цел круг на луѓе околку мене се веќе во врска или брак....Искрено додека бев во врска го немав ова забележано и не ни мислев дека на вие години може да биде толку тешко да најдеш некој. А апликации за запознавање не ми е ни во план да користам.
Кажуваш пред некој месец си раскинала долга врска-дај си малку време немора одма во нова врска да влеташ. Денес се знае или преку социјални мрежи или да запишеш некој курс па така да кликнете со некој. Времето да запознаеш некој во диско или кафич мислам дека помина а и луѓето не се тоа што беа за запознавање на овој начин. Исто и преку пријатели-сигурно имаат некој роднина, братучед или познаваат некој што може ќе ти се допадне а и тој сака да си најде девојка. Во глобала за секој е исто и сите се запознаат на овој или оној начин само треба да имаш среќа(да си се допаднете двајцата).
Вака сега. Во фаза на рана врска или гледање сум, ама ми смета нешто.. и сакам да ми кажите ваше мислење. Девојкава порано се има гледано да речам или не знам шо праеле со мој поранешен апла близок пријател. Сакам да зборувам на некој начин дали имало нешто или не, се додека е тазе да одлучам дали е ок да продолжам или не.
Според мене најдобро е да зборуваш директно со неа, без да правиш сценарија во глава. Ако било нешто минливо и без значење, ќе ти каже, а ако забележиш дека избегнува или не е искрена, тогаш ќе знаеш што да правиш понатаму . Битно е како се однесува со тебе сега, а не што било порано, ама ако ти создава непријатност, подобро расчисти од старт отколку подоцна да те копка.
Прашај го и другар ти, прво ќе знаеш точно што имало помеѓу нив, второ ако почнеш нешто со неа, нема ти се лути што не си му кажал дека си со девојка со која се плеткал тој порано.
Поранешен, близок. Ваљда не се блиски веќе. А и што очекуваш да каже машко? А и што очекуваш да ти каже девојка @Stark ? Тешка ти е дилемава богами.
Да, ко че истата девојка ти кажува како е ред флег ако некој и се пуштал на нејзините другарки, истовремено ти текнува дека веројатно и има одено со пријател мој, а не ми го кажува таа... не е во ред, затоа ме кладе во мисла и веројатно би ја прашал, дали имала нешто со него. Оти на времето тој мене ми се пофали како таа излегла со него на една ноќ.
Ама секако ќе ти се пофали, сите мажи имаат легнато со сите жени со кои излегле, не е тоа од сега. И риби од 10 кила на Драгор фаќаат. Е сега кому ќе веруваш и што понатака, твое е, јас вака општо зборам.