брате мој, шо било пред мене е минато, шо ќе биде од кога е со мене и шо ќе биде во иднина е битното, те разбирам ама така ако гледаш не ни почнувај нешто ќе се повредуваш сам а и неа
Зато реков дури сме тазе да разрешам ова. Обично викам, ме интересира шо се случувало во минатото, а не да ми се претставува некоја друга, за да знам шо да очекувам во иднина и дали вреди.
А сигурен ќе бидеш дека е точно тоа таа што ќе ти го каже? Ако збориме реално не можеш да се ослониш ни на нејзиниот одговор
Да не прочитав поранешен дека пишал. Сепак, он најдобро си го познава другарот каков е.... е сега да ако се по 18г или е останат во мозокот на тоа ниво секако дека ќе кажува дека со секоја што излегол ја легнал итн...
Дали ти е битно поради другарот или поради тебе? Битно е која ти е причината позади тој ред флег. Ако ти е поради другарот, тогаш небитен е. Ако ти е поради фактот дека таа била со тој другар и тешко ти е да поминеш преку нејзиното, тогаш време е да разрешиш секоја дилема сега и отворено да зборуваш со неа за се. Оти како ќе мине времето, само повеќе ќе те јаде одвнатре. Темелете ја врската на искреност.
Што значи тоа некој упорно да ви пишува и да ве бара а пред тоа ве оставил долго време? Дали некој бил во таква ситуација.
@Ane_na_Bisera16 Тоа значи дека другата поради која претходно те оставил, го откачила т.е му пропаднала таа мисија. И сега е привремено сам, па му текнало на тебе и проверува дали си достапна пак, да ти го троши времето додека да наиде друга. Или те видел дека you're moving on, пак блескаш и си среќна, па ај мора да ти го упропсти тоа. Цени се себе повеќе и овој пат ти откачи го еднаш засекогаш.
Девојко батали го.Имаш опција блок и крај.Го имав еден таков.Кога нема некоја одма кај мене.Ама јас тоа не толерирам.Мене ми викаше не знам да уживам..Не бе среќо,јас знам ама тоа се прави со некој кој го сакам и ме сака.Не со секој.Ми пишуваше ми досаѓаше од други броеви.Ама се е залудно.Ми се створило одбивност и рамнодушност.Останав на свието.Епа нека ми извинат маживе-НЕ СИТЕ но ние не сме сексуални играчки.Ако сакаат тоа,имаат секс шопови или од оние девојки што само тоа го сакаат.За тебе не знам,ама за себе знам дека сакам нормална врска.А не да бара само кога ќе му текне.И знаеш што?Мисли дека го сакаш ( а не знам дали навистина се уште го сакаш ) и тоа сака да го злоупотреби.Немој да си дозволиш да те манипулира.Ти ќе си пак повредена.Не вреди да си трошиш ни секунда.Направи го истово.Подобро е.
^ Кои емоции жити се?! На типот му се ебе, во моментот нема друга прилика и ја бара. Емоции по две или три години жими мајка!
Мажи како гледате на жена што прва ќе ве заследи? Имено, сакам да заследам некој што ми се допаѓа, забележувам дека и јас него му се допаѓам ама е срамежлив, не знам дали е паметно да го заследам прва или да чекам прв чекор од него?
Поголемиот дел од мажите воопшто нема да гледаат негативно на тоа, напротив, ќе го гледаат како позитивен гест, ќе го ценат, и може само да ги охрабри да го направат првиот чекор, т.е. да пишат први. Бидејќи во ситуација на приоѓање, многу е битно да се знае дека и другата страна е заинтересирана за запознавање, па влијае позитивно на самодовербата и го охрабрува мажот да превземе иницијатива. Никој не би сакал на "слепо" да приоѓа. Од друга страна, мал дел ќе гледаат на тоа негативно, ама таквите имаат ограничени сфаќања, и не ти ни требаат. Па ако е од таквите, само ќе го исфилтрираш.
А како гледате на оваа ситуација: следам на иг едно девојче долго време а таа мене не и сега од нигде никаде и таа мене ме заследи