Зошто некои од машкиве, што се у сериозна врска, ја кријат женската, мислев не ја прикажува на социјалните мрежи?
Им годи таа имагинарната слобода што си ја имаат и врткаат повеќе жени. Или пак сметаат дека е рано за да ја прикажат во јавноста, ама мислам дека е првово.
Можеби и е до приватноста ама лично од себе ќе тргнам, живееме во време каде социјалните мрежи ни се доста активни така да...
Јас познавам (повеќе од еден) пар кој воопшто не се "прикажуваат" по социјални мрежи. Во брак, со дете (и детето го нема на соц. мрежи, ако не ги познаваш лично нема да знаеш дека имаат дете). Јас би рекла си ја штитат приватноста, искрено и јас последниот дечко никаде не го објавував (ни тој мене), со годините почнав повеќе да оставам на имагинацијата на "гледачите" отколку да им "сервирам" Никогаш не сум ставала нешто премногу на социјални мрежи, ама сепак, сега уште помалку.
Јас познавам и таков што и детето и сопругата му се на профилната слика дури (сите тројца заедно), па пак е изневерувач со двоен живот Во такви ситуации, и боље да не те постира дечкото, ако од тебе прави кловн Шала на страна, @GirlLove мислам дека секој пар е различен, но отприлика ако ги знаеш лично, лесно можеш да заклучиш зошто се постираат или не
Јас не познавам никој ваков лично за среќа, ама кога скролам, во коменатри се избацуваат мажиња со секакви гнасни коментар, а при тоа на профилната е со цело семејство. Но како и да е, сакам да кажам дека постирањето или не постирањето заеднички слики не е никакво мерило за успех во една врска.
Да ама чудно од друга страна да си со години во врска/брак и да немаш ни една слика? Сите сме активни на мрежите искрено.
И тоа да ама пример вака некоја ја гледам сама на сликите, а таа во сериозна врска би и пишал мислејќи дека е сама и така би и направил (не)потребни расправии со дечкото.
Да отворам френд риквестс и на фб и на инста, еден куп женети со жените на профилна слика. Не ми се колеги, не ги познавам од никаде... што е поентата? Затоа и не ги прифаќам, повеќе риквестс имам него што имам пријатели, да е иронијата поголема на инста не ни имам ставено моја слика на профилна. Не би, ќе ти каже дека не е заинтересирана/дека има дечко. Не знам ни зошто би те прифатила воопшто ако е во врска и не бара сајд дик. Ако бара сајд дик, ќе знаеш.
Совети од машка страна за девојки... Па вака... Дај бе повеќе дружете се, враќајте на пораки, враќајте на комплименти во живо, излегувајте на дејт. Не мора само со другари од другарките да се фаќате. Добро е и со некој сосема рандом кул лик што ќе ви пиши на инста или што ќе ви зборни во маркет, теретана, кафич да започнете разговор. Не велам дека треба одма да се сексате со сите ама како да ви е тешко и муабет да склопите во живо или на инста со непознати, без разлика колку и да се добри. Кај нас мислам дека многу се срамат повеќето од девојките. Ако не е другар од другарка, тешко и да му се испулат па и Бред Пит да е. Сите сме биле странци некогаш бе луѓе. Давајте повеќе шанси, многу сте арогантни и одбивни во споредба со другите девојки од други држави. Многу сме назад мислам македонциве со социјализацијата. То ест... со СЕ сме назад...
Паааа... не баш. Лично сум многу комуникативна (а такви ми се и другарките), ама срамота е да залепам овде што ми (ни) пишуваат. За некои мажи ти требаат помалку од 10 минути за да сфатиш дека ноуп, нема да биде океј врска. Кога во првите 10 минути ќе успее да истресе некоја тешка глупоштина закоравена, поправен нема. И сè помалку девојчињава млади трпат/се прилагодуваат, што воопшто не е лошо, добро е. Нема да завршат во мизерен брак
Мое мислење, не се баш срамежливи, туку пристапот од спротивната страна скоро секогаш е: 1. Манијачки 2. Досаден, мрзлив, едвај неколку реченици склопуваат пред да се уморат 3. Не гледаме потенцијал 4. (Ова мислам дека е 100% најчеста причина зашо девојче не би продолжило разговор) Оти многу глупости човек тресе! Ги слушам машкиве околу мене и не сфаќам како некој може да истресе толку глупава, навредлива или безобразна реченица. Не се мисли дупло пред да се каже нешто. А и индиректно вреѓаат. Од обзервација, не знам ниту едно девојче што одбила некој од што бил супер, секогаш има причина. Не може некој со сила да се тера да искочи надвор.
А што е со тие што не враќаат и на доста интересни пораки или комплименти. Едноставно игнорираат странци а не размислуваат ни два пати за да направат нешто со некој познат што им е без да му дадат никаква шанса на странецов.
Браво за тебе и за твоите другарка ако сте такви. Јас лично знам многу препотенти женски друштва. Мислам дека некои и премногу брзо осудувате. Тоа што некој ќе каже нешто што според вас не е на место, не значи воопшто дека е лош човек. Од друга страна може некој, мед и млеко да ви зборува, културен, се на место, и после...оп...си разбрала овај со 10 девојки одел наеднаш..
Не сме сите бе. Слободно се може без мрежите, охоо и те како се може. И топ е. Мислам, топ за кој сака апсолутна приватност и неекспонирање. А на темата, сте кажале, мерило уопште никакво не е тоа дали објавуваш, користиш, или не објавуваш и не користиш, па да мислиш се кријат нешто. Има многу побитни индикатори отколку ова.
Па не е баш срамежливоста причина. Од мое искуство најголем turn off било lack of effort од машката страна. Зборувам за случаеви каде и јас сум заинтересирана за муабет и евентуално дејтање. Бидејќи со тие што делуваат манијачки и тресат глупости брзо пресекувам разговор, не ми е мене работа да учам некој како треба нормално да комуницира со женско на зрели години. Но кај овие другите причината е што не се трудат, како да ги мрзи да пишуваат и некогаш им треба цел ден да вратат на порака. А некогаш и самите престануваат да пишуваат веќе. Можам јас еднаш или двапати да ги побарам, но повеќе од тоа делува очајно, а и навистина заинтересирано машко не би дозволило ти ко женско да го молиш за да мрдни. Ако не сака чао пријатно, време губење не треба. Пишувам со еден лик моментално, навистина ми се допаѓа, но очекувањата ми се сосема реални, допрва ќе видам колку ќе се потруди да се видиме во живо.