Бидејќи -Немааа, немааа, не ќе се родииии, поубаво девојчееее од македончеее хахаха Абе ние пак најмногу ве сакаме македонкиве ако вие ни глумите цело време...Акооо
Не ти се "паѓа" мажот на лотарија. Ваљда си во врска прво. Па живееш заедно. Е ако и тогаш мижиш на сите црвени знаменца, сама на крајот си го правиш изборот.
Да ,но има и такви парови кои брзо се земаат па после испливаат на површината сите недостатоци кај партнерите.Тогаш што да се прави?Затоа викам ,инаку да се што не менуваш го бираш свесно.
На странци им давам шанса, последниот дечко ми беше Хрват. А не па на македонски "странци" т.е. мажи кои не ги познавам. Таква ми е "среќата", ни интересни комплименти добивам, ни интересни пораки, ни ништо паметно не сум чула. Не викам дека се лоши, не ги познавам, само мислам дека "хуморот" им глуп, не е смешно, и немаат поима како да разговараат како возрасни луѓе. А да не зборам за "традиционалните" што технички им "дошло време" да ја замени некој мајка им, т.е. да го посвојам и јас да си го чувам. Фала, не. Да, брзо осудувам, тоа се вика искуство.
Аман луѓе, факт е дека на сите мажи не треба да им се дава шанса и факт е дека жените бираат. Во природата, секоја женка има шанса да се спари ама не секој мажјак ја добива таа шанса. Јебига, биологија. Не даваме шанси на било кој. Now cry about it.
Сум била во мизерна врска и од искуство ти велам дека ете некоја ќе наседне и ќе трпи се.Од наивност,лоша среќа,неискуство во животот
Секогаш има начин. Секогаш. Кога еднаш ќе се реши, може и да се изненади колку поддршка може да се добие. Само прво се расчистува со "што ќе каже народот", а за поддршка на терен можеби немаме функционални државни институции, ама како народ и те како умееме да помогнеме. Мислам погледни, покрај што плаќаме солено здравствено, собираме илјадници и илјадници евра постојано.
НЕ, нема..секогаш начин. За да се почне од некаде, треба некоја позадина..а и да има малце, може нема да издржи сама (повеќе девојките се во ваква состојба еве не знам, шо викаш ти) на подолги стази.
Јас викам дека сè може. Ако некоја мисли дека не може, јас не сум во позиција да ја предомислам, секогаш ќе има + изговор. Ако решила, секогаш има начин.
Ако не работи, а нема како да работи, баш ме интересира твојот начин, не дај Боже може и мене некогаш да ми помогне. Секогаш учиме. Како?
Нема да ти одговорам оти веќе длабоко сме офтопик, моите мислења за тема напуштање на партнер насилен ќе ги најдеш во соодветната тема. Не постои "рецепт" за сите, за секоја една зависно од ситуација се помага.