Па убаво за решителноста да го направиш првиот чекор... а за тоа што да му пишеш... па или можеш да вртиш ко киша око крагујевца додека не му текне, како во стилот леле ама ми се оди ваму таму, или можеш да му пишеш едноставно, сакаш ли да се видиме...
Ај решете ми една мала дилема, ништо посебно... Сега, правевме муабет со мојон нешто, и јас реков, не би сакала другарите твои да ме гледаат трофазно. И тој ми кажа нешто во стил, ако те гледаат така, не би се дружел повеќе со нив, нкои се они да осудуваат некого за било што. Јас ваква- И сега, кажете ми реално, да не го очекува и тој од мене истото и дали вие на пример вака, го оправдувате ова?
Или пиши му, или замоли ја другарка ти, која ти е најверна, од околу да повлијае, на , БРАЧЕД МУтој да ти пиши прв, во спротивно ти пиши МУ прва. (Инче,со задебелените зборови и кпслок се обидувам, да ти кажам нешто ,ако сум во право, пиши лична порака .)
Да не си умислуваш или пак едноставно не се однесуваш спрема нив океј. Мислам дека треба да му појасниш дека тие се подеднакво важни како и ти и дека нема потреба да не се дружи со нив заради тебе.
И тука да го кажам мојот проблем-му признав на дечко ми за неверството. Неможев да молчам, сметав дека треба да знае. Не ми раскина, ама ми рече дека му треба некое време за да си ги среди мислите. Што ме советувате, да го барам или да го оставам? Сепак го сакам премногу...
Прво треба да бидеш среќна што не ти раскинал затоа што ретко ќе најдеш некој што простува такво нешто... а и ако навистина те сака можам само да замислам колку го болело... и нормално дека му треба време да си ги среди мислите... мене девојка да ми каже такво нешто ќе почне да ми се лоши кога ја гледам и нормално ќе сакам малку време да го сварам сето тоа и да се средам... така да попаметно ти е да го оставиш малку... само не премногу за да не почне да мисли дека ти едвај си чекала такво нешто... а за тоа време додека он се средува земи и смисли што да направиш за него за колку толку да се искупиш за тоа што си го направила... А за тоа дека го сакаш премногу... не сакам сега да осудувам тука или нешто слично ама тој момент те преварив ама те сакам ептен ми е нелогичен... мислам не дека ваљда од што го сакаш си го преварила... и не го сфаќај ова лично ама претпоставувам си ја научила лекцијата за тоа што само си успеала да постигнеш со тоа неверство... Како и да е... можеш ете по некоја порака, јавување или слично.... за почеток...
Ќе ми простите ако моментов барем во себе го доживеам како еден мини триумф, што кога скоро сите ти велеа да си премолчиш, јас едноставно ЗНАЕВ, судејќи по твоите постови дека си премногу голем емотивец и дека нема да издржиш да не признаеш. Ете така, на дечкото му експлодира реалноста во фаца. Јас сум простил неверство, и тоа после 4 години врска. Да ти кажам кој му е изборот во главата моментално? Да бира меѓу девојката без која сметал дека неговиот живот е незамислив и сликата како некојси недолив јебо му ја освоил девојката (ај да не се изразам како што прилега во случајов) и покрај неговите инвестции од време, труд и љубов со години наназад. Сликата како ти си му седната во скутот на оној другиот никогаш, никогаш....НИКОГАШ нема да му излезе од глава. Едноставно така функционира машкиот мозок. Колку да не бидам целосно себичен со офф топиков: нека си размисли, остави го да те исконтактира, АКО реши да те исконтактира. Се надевам дека дечкото ќе биде попаметен од мене.
Многу ги ценам вашите совети , и верувале или не тој сега прв ми се јави за да разговараме. По гласот му се чувствуваше дека е повреден, јас му се извинував, плачев но знаев дека нема назад. Неговите зборови останаа засекогаш врежани во моето срце, ми реше дека ме сака но дека со ова сум му приредила многу непријатно изненадување, незнае дали некогаш ќе може да ки прости а знам дека нема да заборави. Го сакам повеќе од се на светов...
Се гледам со тип постар од мене 6 години...океј беше све интересно ау..се додека тој не отиде на одмор.. си пишувавме и пораки коа беше на одмор..но за тоа време јас запознав друг тип.. кој физички многу ми се свиѓа но не ни психички..со него бев 2 пати излезена..кога се врати другиот од одмор се видов и со него..но нон стоп го мислам другиот.. сакам да прекинам со првиот..дур е време но незнам како..се обидов еднаш преку телефон но тој погрешно ме свати се испокаравме..и мн ми беше криво но сега сакам да правам муабет со него во живо но искрено незнам што би му кажала ...страв ми е да му кажам дека ми се свига друг..а и глупо е ... пречудна е целава ситуација..се знаеме само 3 недели а пребрзо се приврзавме и сеа за откачување е потешко... совет ми треба за како да се извадам од целава ситуација зашо вака ке се мрднам ако продужам!
Во принцип тие што ги сакаме не ги повредуваме нели? Прв пат си го повредила со изневерувањето но ок, викаш се случило и нема да се повтори ама требаше тогаш теретот сама да си го носиш и повредата да биде само твоја. Ќе имаше он трнче во нога за кое немаше да знае ама со тек на време ќе му го извадеше без да примети. А сега што направи, му префрли пола терет нему (без негова вина) и од трнче му направи гангрена. Може и да останете заедно и да ти прости ама сега и он другите девојки веќе со подруги очи ќе ги гледа. Со други збориви не еднаш туку два пати го повреди и си направи беља тотално за џабе.
Ај и мене да ми дешифрирате дел од машкиот мозок.Немам конкретен пример-една ситуација со неколку другари ме поттикна да ве прашам-зошто ви е толку интересно да си играте топло-ладно со девојчиња?
Абе како зошто ни е интересно, се читаш што праша? 1. Се чувствуваш посакувано. Гледаш дека некоја цура има чувства за тебе и по некоја бизарна логика на нештата, не е интересно ако едноставно се случат работите. 2. Се чувствуваш доминантно. Кога гледаш дека личност од спротивниот пол има посилни чувства за тебе отколку спротивното, ти се прави некој филинг како ти да ја водиш играта, како од тебе во главно да зависи финалниот исход. 3. Ти текнува колку пати тебе некој те клецал во здрав памет додека си покажувал искрени чувства и самиот знаел дека немаш некакво подмолни задни намери. Но тоа за девојката во конкретната ситуација не било важно. Епа мамицу њену, на оваа моменталната што ме сака има да и го наплатам низ нос, за цел женски род. Со други зборови, лечење фрустрации. 4. Губење на интерес. Она дебилното непишано правило дека колку повеќе те бркаат, толку помалку си заинтересиран и обратно. Сите ние сме го чувствувале тоа at some point, а некои цел живот не можат да се сменат во овој аспект. Сочувство до таквите. Во се што напишав погоре и девојките можат целосно да се препознаат. Ако пропуштив нешто, дополнете.
Зашто се незрели и се деца па им треба камај, брканица, топло ладно, мачка глувче итн итн. Мене кога некоја ми се свиѓа идам директ а игриците топло ладно ги правам само ако морам како противтежа ако другата страна од некоја причина така започне. Но во принцип кога некој многу ти се свиѓа не го мафташ зашто ризикуваш да го загубиш .
Епа тенкју вери мач...точно заради ова прашав-многу ризикуваш ако си играш со месеци со некого...Директ е чиста работа
Ако не се сеќаваш,еве јас ќе те потсетам. Овој вториот цитат е твој. Ај прочитај си го и после причитај го и твојот погоре и оди убиј се. Прва работа. Ти велиш на девојкава бла бла бла,како можела,не знам шо ,треба да се срамни со земјата,а после ти го имаш истиот проблем. Ау,колку сакам вакви створења што ми се прават многу принципиелни и после се посеруваат на истите тие принципи од кога сами ќе се заглават во гомната кои сами си ги направиле. За промена,прочитај си го цитатот твој и пробај да се однесуваш према него. Успешни ќе бидеме тогаш кога ќе ги практикуваме советите кои му ги даваме на другите. Тоа само ќе ти го кажам,и башка ме мрзи да мислам совети. Да,гадна сум,знам.
Да бе,сосема глупаво однесување е ова.Сте размислиле ли дека повредувате чуства?како се чуствува девојката со која си поигрувате?не сте размислувале дека може од нејзина страна да се загуби интересот? Јас никако не сум за таа игра иако и девојчињата го практикувале.Тоа е игра за 15-16 годишни деца.Што е целта ако постапувате така?добивате нешто? Ако мне сакаш сакај ме ако не не мораш.Нема потреба од никакви лигавења.
Pelikuna, игри се играат кроз цел живот, и не се сите лоши игри, некои се едноставно само за да подигнат возбуда, да биде нели поинтерсено... Научи се да играш, ќе видиш колку е забавно-има време за озбилни работи
А си се прашала како изгледа кога девојката си поигрува со дечкото ? епа некои мажи ... некои мислат дека ако некоја девојка им правела така , онда и они го можат истото