Можно е . Ама ете пробав да му прам муабет ,да го скршам мразот ,што ли треба да направам ,не сум јас машко .Покажувам заинтересираност ,мегутоа смачено ми е од недоволно заинтересирани машки ,или мажи кои губат заинтересираност кога женското покажува. Што е до мене ова го свакам како да претерувам ,како да не е заинтересиран доволно .
Do it нема што да изгубиш. Со дечко ми сме веќе 4 години заедно, јас му пристатив прва и после извесно време ми кажа дека тоа му било turn on. Исто така ми кажа дека он секако ќе ми пристапел мене, ама јас сум го претркала.
Добро шо значи кога маж(дечко) сака намерно да ве прововцира за да сте љубоморни? Или барем така јас го доживеав Ама прееска сум се изнервирала зборуваше толку дрско отворено со некоја “колешка” во кола а телефонот на спикер. Не знам како си преќутив, иначе се случи пред тоа една случка еден човек додека шетавме да ми дофрлува нешто (непознат а во моментот тој беше во една продавница ама сепак виде)… Иако јас културно го игнорирав
Дали би простиле враќање на веренички прстен после караница, караницата инаку беше поради неговите родители кои сакаат да бидат дел од организирањето на свадбата, а јас сакав ние да си организираме, без многу адети и обичаи и мешање од страна.
Јас на свршеникот, во нервозата, го вратив прстенот, му кажав дека не може да продолжиме. По неколку сати го побарав потоа да се смириме. Сакав јас и тој да одиме и да си закажеме ресторан и слични работи, татко му сакаше да иди со нас, а јас го замолив да не иди, бидејќи сакам да одиме само ние двајца. На тоа свршеникот кога бевме сами ми изреагира бурно, дека сака неговите родители да бидат дел, а јас му кажав дека сакам само ние двајца. Тука настана малку караница, и работата ескалираше до таа крајност.
При секоја караница не се вади прстен, прстенот се вади само тогаш кога дефинитивно е крај. Според мене претерана ти е реакцијата, за убаво одите да договарате, а ти му враќаш прстен. Не може секогаш работите да бидат како ние што сакаме, некогаш треба да се прави компромис и да се почитуваат желбите и на партнерот и да се најде заедничко решение. Не гледам ништо страшно што со вас бил и неговиот татко, особено ако татко му го плаќа својот дел од свадбата, а ако од ваш буџет си ја финансирате свадбата тогаш нема причина да доаѓа, и да дојде ваша ќе си биде одлуката за се поврзано со свадбата, не гледам причина зошто родителите да не бидат вклучени при процесот на подготовка и за нив е тоа радост, се е во ред додека не ви наметнуваат ставови, може да си кажат мислење, да го испочитувате нивното мислење, а на крај сепак конечната одлука да си ја донесете вие двајца.
Ахам, значи и татко ми ако ми даде своеволно пари за шопинг, треба да дојде гаќите да ми ги избере? Не сум знаела, али памет за друг пут... Иначе за членкава, пази за што се сака и неговите да бидат дел да не речам се мешаат кај што не им е работа, оти после ве читаме у Свекрви и Проблеми у бракот. Подобро размисли дали ти сакаш да продолжиш понатаму. Чим прстен си му вратила, значи не ќе дае само тоа, него има и други проблеми кои те тиштат. Доста веќе се лажеме дека секоја реакција на незадоволство е избувлива. Понекад на човек, пардон жена и е преку патка од некои работи.
Па по пишаново е ко мамин и татин син да си ги форсира мама и тате у бракот. Малку лингурски ми е мама и тате у секоја манџа да се.
Цело време се обвинувам, се обидувам да разберам каде беше грешката, дали избрзав со реакцијата. Инаку и јас мислам дека е малку мамин син и многу им попушта.
Izvini mu se od srce I objasni mu deka bilo izbrzaja reaiciua I kazi mu deka preferiras da idete samo vie dvajca
Мислам дека е премногу навреден и самиот не знае како да продолжиме после ова. Посебно поради тоа што прстенот му го имав вратено претходно пред неколку месеци поради слична караница, пак околу родителите.