Друга димензија се тие гејмерите, не знам како да ти кажам дека нема ништо во нив. Друг е светот, друга е виртуелноста во која навлегуваат. Таму живеат и никаде на друго место.
Мислам нејќам да изгледам дека сум очајна за дечко.. Само некако празна надеж добивам и се обвинувам дека можеби е нешто до мене.
@Чанто Не е до тебе. Едноставно не е заинтересиран. Да беше, досега ќе бевте на дејт. Не си го троши времето ти да се трудиш околу него и не губи од лепота за такви
Сега ми текна еден пример, може не толку значаен....Имав еден колега, гејмер...се успиваше за на работа, не па друго. Играат до 3-4 навечер, не се замараат.
Не е до тебе . Такви се сите гејмери, незаинтересирани за ништо живо освен игрите. Фрлај тоа, не ти треба, гледи на позитивната страна - нема да дремеш нонстоп дома со него додека гејма.
Не барај и ќе ти излезе. Ама апла да не бараш (а не да се лажеш дека не бараш). Толку е едноставно, ама и тешко кога се нема трпение. Не мора да значи дека ликов е лош на карактер, но гејмер (барем за мене) е во категоријата на модерните пороци. Стварно немам ништо против нив, но од тоа што сум гледала како се однесувале и третирале наоколу дефинитивно стојам на тоа дека не ти треба. Секако дека на крај ти одлучуваш, независно од тоа што коментираме.
И јас играм можеби не толку многу ама знам да останам и јас до доцна. Само кога станува збор за надвор од игрите малку потешко оди. А знај и тој да фрли некој флерт да ми пиши дури и индирекно го поканив да излезиме сфати тоа и уште го нема. Не очекувам да флертува додека е на call зошто и мене ми е глупо да зборам а да нема никој пред мене ама зошто дава знаци на заинтересиран а нејќи да излези. Мислев дека можеби недоволно покажвам дека сакам да го запознам или стварно нема живот освен игри..
Најхахахнеебитнопаметно? Нај, хахах - Не. Е. Битно. Паметно. Нај не е битно? Паметно. Најпаметно. Има разлика, освен ако се издереш - строго со големи и не е ич битно со кое настапуваш. Извинете дечки што улетав, да се насмееме.
И така значи.. овие гејмерите биле проблематични. Или пак се плашат.. Се обидувам да разберам можеби ете ако се надвор од реалниот свет а сакат да не е така ама стекнале некоја навика и сега му е тешко..
Леле колку бумерски одговор еј, абе Гораст Цветковски е еден од нашите најголеми македонски гејмери, па братот е и глумец и водител и шта уште не.
Невесто или не го боли к.., или нешто друго ќе да е. Не е до гејмингот, до ликот е, ако не ти дава реципроцитет кој го очекуваш, thank you go next и к да не ти чуе.