Здраво на сите! дали ќе има некој што ќе сака да го слушне мојот проблем во приватна порака,имам многу за кажување и ми треба помош совет итно.
Дали и некој друг од толку време пто е сингл тешко дава шанси на удварачи? Само одбивам луѓе, добро не ми се допаѓаат баш ама не треба да им дадам шанса барем едно кафе? Дали со ова однесување мое ќе останам вечно сама и ќе чекам да се појави принц… деновиве ми е хаос во главата
Јас не давам шанса. Ако не осетам нешто зашто воопшто би седела на кафе, нема поента. Боље со другарка ќе си искочам. Едино што се мислам како е можно до толку никој да не ми се свиѓа ни малце барем, чудно е.
Исто и мене, чудно е да се објаснувам на другарки зошто ги одбивам удварачите и гледам дека повеќето не ме сфаќаат можи имам психичко пореметување кој знае … другарките обично ме гледаат како чудак зошто одбивам луѓе, а сум сама долго време како да сум должна да одам со било кој само да не сум сама
За да пуштиш некој у твојот живот, мораш да дадеш шанса. Ако си затворена за било какво познанство, веројатно зрачиш и со таква енергија. Мислам дека не е прблемот дека немаш избор ..
Не дека сум затворена, јас се запознавам со луѓе и прва имам пишано на машко ама работата е што тешко некој да ми се допадне од тие што ми пишуваат, некои ми се нападни многу и ме гушат од прв муабет или се первезни од прв муабет и ми ствараат притисок некако од пишување само…
Ако не ти се допаѓаат на прв муабет, не треба да одиш на кафе реда ради односно со сила само колку да не си сама.. Се што треба да направиш е да се опуштиш и се што е твое ке си дојде. У глава замисли си каков дечко би сакала да ти се појави, верувај у твојата замисла и опушти се. Има некој исто шо и тебе те бара само треба да се споите П.С. Колку год имаш?
Што да се каже за "маживе" кои што на почеток се убаво пишуваат ,зборат ,им е важно нешто сериозно и тоа трае највеќе три до четири денови ,после тоа им се губи секаков траг ,без ниту една причина ?
Епа до тогаш трае тоа "free trial" . Мене по трагично ми е некој кога ќе се избаци "кај ти беа очите кога го запозна, зарем не го примети дека е манипулатор". Аха ќе го приметиш, да, да.
Па се приметува ако сакаш да приметиш. Дали јас толку сум изгорена па не верувам никому и кога и да запознаам некој многу ми треба време за да почнам да му верувам. Убави зборови немаат вредност, баш наппротив ако некој од сам старт така се однесува значи не е сериозен. Се што е премногу добро без основа на крај испаѓа катастрофа.
Па и јас не им верувам повеќе, ги читам како селски буквар, али ете, има многу девојки шо не се до толку искусни и паѓаат на тие фори.
Не се приметува ,најголем дел од тепачите мажи се многу фини и добри , имам личен пример што и се случи на една девојка ,она за него авион ама не е се до изгледот нели ,овој предобар додека не ја истепал ,јас да ме прашаше сестра ќе и речев предобар дечко ама ете и по што да го приметам ?се е на среќа изгледа
Истото го кажувам. Прв знак е дека е предобар. Зошто некој би бил предобар со некоја што е непозната за него? Она мисли дека е авион па затоа? Ќе бидеме наивни? Не е среќа туку малку отварање очи.