Не знам како да постапам кога ми пишуваат кога некој ме вика на кафе состанок но, јас не сум заинтересирана за него. Сакам друг. Како ќе одам да седнам во кафуле со некој си таму. Убаво ми е што сум сингл. Не сакам да бидам во врска само за да бидам во врска. Што е со народов? Фати си дечко, фати си дечко...И што поточно значи да си во врска? Постојат ли некои општи правила да знае каде си и сл. Да си пишувате на фејсбук или нешто такво.
Едноставен одговор ќе и дадеш дека си зафатена во моментов и неможеш да излегнеш, и ако ти пишуваат некои за кои не си заинтересирана не и враќај на пораките ќе видат дека не и враќаш и ќе се откажат нема да ти пишуваат. А за врска кога си ти спремна ќе бидеш, а не народот што зборува.
Па, така правам обично а и не кажам навистина сум зафатена. Ок е само да се консултирам да видам дали и јас го мислам истото и испадна така. Фала ти. Може случајно патиштата ќе ни се спојат со некој дечко што сакаат да ти го местат. Се си бива...
Зошто некој не си ја прикажува женската на Инстаграм или има само слика со раце каде што пијат чаша или само грб нејзин? А, вели во сериозна врска е.
Некој не сака многу да си го објавува животот на социјални мрежи, ставил само некоја слика колку да се знае дека е зафатен.
Ме интересира од машки аспект- дали би биле во врска ( па и брак ) со разведена жена со деца? Мислам дека во Мкд ова е тешко прашање
Јас би бил, ако навистина ја сакам, ќе ја прифатам и неа и детето како мое да е. Дури и сега во 20тите ако љубовта е двострана, не би ми пречело да има дете, дури и брак зад себе, иако јас сум немал.
Јас би бил. Ако некоја направила грешка во избор на партнер пред Х години, не треба да биде казнета за цел живот да биде "непосакувана"!