Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. makakosi

    makakosi Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Машки
    Не.
    Ова е едно од најлесните прашања во светот.

    Ај размисли малку, ќе сфатиш. Една причина е тоа што НИКОГАШ тие деца нема да ме гледаат како нивен татко. Нормално, тука влијае возраста на децата, ако се помали не е баш проблем, ама СЕКОЈ маж сака свое потомство.

    Значи според тебе мажите треба да се оженат со жена што веќе има деца за да докажат дека се способни...
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)

    Кога не знаете што да вратите, веднаш се служите со манипулативни тактики - Are you scared ? Who hurt you ?
     
    На Aenarion, Burevesnik и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  2. DEFNEDEFO

    DEFNEDEFO Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2025
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    556
    Ќе си створите свое ПОТОМСТВО. Децата може нема да те гледаат како ТАТКО но ќе бидеш почитуван и сакан и прифатен, тоа сигурно, на крајот се само деца. И клучен фактор е колку се воспитани, најчесто детето гледа кој бил тука повеќе,може да има татко и да не е присутен во животот.
     
    На Biljarkata, DoubleK, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.437
    Пол:
    Машки
    Спротивно, ако е прашањето..ме интересира мене мислењето. :worried: :sweat:
     
  4. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Машки
    Некој би бил, затоа и прашуваат зошто..

    Да може ќе биде тешко за детето, ама ти ако ја прифатиш таа жена ќе прифатиш и се што носи таа со неа. Точно дека зависи и од дете и возраста, ама со малку повеќе труд од твоја страна детето ќе те прифати, може нема да прифати да те нарекува тато и тоа е негов избор, ама сигурно ќе те почитува, ако не го двоиш утре од твоите биолошки деца.
    Велиш дека сакаш исклучиво твое потомство, тоа дете не е пречка вие да имате уште деца.
    Ти ако не си способен да бидеш татко нема ни на твоето дете да си способен да бидеш татко.

    Убаво прашаа, можеше и тој убаво да одговори.
     
    На DoubleK, eliesaab, Mrs. right и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.344
    Пол:
    Женски
    Прво нема што да сфаќам, второ на глупав одговор се враќа со глупав одговор, просто е. Јас прашав зошто бидејќи на тема на форум се дискутира, ако на некој не му се дискутира ок е или ако не знае како да дискутира или нема став пак ок е.
    Ако одговорија со да пак ќе прашав зошто, нели дискутираме?
    Никаде не пишав дека некој мора да има вакво или такво мислење, скроз е ок е и да не сака ама на глупав одговор неможам "паметно" да одговорам.
    Еве ти си даде одговор бидејќи сметаш дека децата нема да те гледаат како нивен татко што може да е точно и скроз е ок.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.488
    Допаѓања:
    41.207
    Пол:
    Машки
    Многу има причини зошто маж би бил воздржан да влезе во врска со жена што има дете.

    Прво, во животот секогаш ќе постои и таткото на детето – сакал или не, тој ќе биде дел од таа слика. И тоа може да создаде компликации и непријатни ситуации.

    Потоа, врската не зависи само од мајката. Мажот треба да биде прифатен и од детето, што понекогаш е потешко и е подолг процес. Со тоа доаѓа и поголема одговорност. Не е доволно да се биде добар партнер, туку и позитивен пример за детето.

    Слободата и флексибилноста исто се ограничени. Спонтани патувања, викенд излети или активности секогаш зависат од тоа дали има кој да го чува детето, дали детето сака да оди, дали се слободни децата… Секогаш прво се мисли на нив.

    Финансискиот аспект е уште една точка. Дури и ако не е обврзан директно, со тек на време природно доаѓа потреба да се вложува и во детето. Но тоа е ништо во споредба со емоционалниот товар, за да успее врската, мажот треба да го прифати детето како свое, да му даде иста љубов како на своите биолошки деца. Не сите го можат, и го сакаат тоа.

    Така што, не е прашање дали некој сака или не сака деца, дали е способен или не, туку дали е спремен да влезе во таква комплексна динамика уште од самиот почеток.

    А повеќето не би си ставиле трн во здрава нога, што би рекле старите.

    Секогаш има отстапки, и истите се гледаат на секој чекор околу нас.
    Посебно ако и мажот имал брак претходно, и деца, поголема е веројатноста дека ќе се разберат и прифатат меѓусебе.
     
    На Mrs. right, Aenarion, makakosi и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    8.753
    @DoubleK Не се потпирај на генералното мислење и не си создавај комплекси.

    Ако некој маж e вистински вљубен во тебе, ќе биде со тебе :*:
     
    На LiquidLuna, Tam4yy, Mrs. right и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.437
    Пол:
    Машки
    Поради ова, само се одговара со да или со не. 8)
     
  9. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Машки
    Се согласувам со скоро сите причини зошто некој не би сакал, освен со овие две.
    1. Флексибилноста и слободата важат исто и детето да е твое исто треба да се планира ако не оди кој ќе го чува, ако оди дали е тоа место добро за него/неа и дали сака да оди.
    2.Финансиската ситуација и за твои деца ти требаат финансии за да ги одгледуваш.

    Исто така еве можеби и само јас сум што не сум бил во брак и што сум доста млад, а би прифатил партнерка со дете и би го гледал како свое. Од причина што важна ми е искрената љубов, ако ја сакам жената ќе сакам и се што е од неа.
     
    На eliesaab и Eunoia им се допаѓа ова.
  10. makakosi

    makakosi Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Машки
    Мислиш на ситуација од женски аспект - дали би биле во врска ( па и брак ) со разведен маж со деца?

    Ако мислиш на ова, јас не сум тој што треба да одговори. Треба женските членови да ги прашаш.

    Инаку да не ги цитирам сите, да се замарам да се расправам и објаснувам, јас сум дете на разведени родители и одлично знам како е и знам што пишувам тука. Ја гледам и женската страна дека сум растен со мајка, ама ја гледам и машката страна дека сум машко.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.488
    Допаѓања:
    41.207
    Пол:
    Машки
    За почеток на врската беа напишани тие. Не секој сака и планира деца одма. Некоја нормална динамика е да сте х време заедно, па после да влезете во брак, па после да имате деца.

    И, не можеш никој да го сакаш одма од самиот почеток, од прв дејт.

    За да засакаш некого треба време.
    Значи прво треба да ги прифатиш сите овие работи, па потоа да се роди љубов меѓу вас. И затоа е по комплицирано.
     
    На ItsmeH, Mrs. right, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Машки
    Љубовта не секогаш се појавува поради одење со некој на дејт, некогаш ќе засакаш некој спонтано (пр на работа сте колеги и прво ја засакаш па после ја каниш на дејт).
    Да мора да прифатиш дека има деца уште тогаш, ама ако навистина ти се допаднала не гледам причина да не ги прифатиш и нејзините деца.
     
    Последна измена: 19 август 2025
    На Tam4yy, flawless., Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.940
    Допаѓања:
    11.152
    Пол:
    Женски
    Па баш дека си растел во таква средина, ваљда треба да имаш разбирање како одат тие работи.
    Хипотетички: јас сум разведена поради тоа што ме малтретирал сопругот (да речеме), паметно би било да останам во таква средина и сето тоа да го гледаат децата?!?!?!?

    Таа жена нема право на личен живот, љубов, поддршка, итн. само затоа што е разведена?
    Што ако се заљубиш во жена што е разведена? Што правиме тогаш? Ќе ја оставиш па колку и да си одговарате, колку и да е добра и те почитува како индивидуа, како човек??

    Навистина, на разведените мајки не им требаат мажи кои што при првиот судир или препрека ќе се откажат од нив, доволно проблеми носат на своите рамења!

    Затоа бидете претпазливи кога се впуштате во некоја "авантура" за да не повредите некого, или да искочите повредени вие самите, зошто ете нели може и вие да се заљубите во разведена мајка. :hai:
     
    На LiquidLuna, DoubleK, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.344
    Пол:
    Женски
    Тоа што го кажуваш е заљубеност. Љубовта е многу повеќе од тоа и треба време.
     
    На Mrs. right, Mumoftwo30, Mr.Limonko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Машки
    Ама би дал шанса ако се заљубам во жена со дете, за да прерасне во љубов. Исто и со жена која нема дете. Нормално далеку полесно би одела врската со жена без дете, ама би се трудел исто и за таа со дете.
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Aenarion

    Aenarion Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    387
    Пол:
    Машки
    Не.

    Не е тешко прашање во Македонија, генерално во цел свет одговорот е не.
     
    На Billy Idol, makakosi и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.488
    Допаѓања:
    41.207
    Пол:
    Машки
    Спремен ли си да ги совладаш сите пречки?

    Бидејќи, на збор, сите можат да кажат нешто, ама на дело, во реалноста, кога ќе видат каква е ситуацијата, се откажуваат.

    Еве ти како тоа изгледа од другата страна и зошто е комплицирано.
    Не е само да дадеш шанса, па после, пу пу не важи кога ќе се симнат розевите наочари.

     
    На Mumoftwo30 и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  18. flawless.

    flawless. Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Факт е дека не секој може да се носи со тоа, но човек кој е навистина зрел и емоционално стабилен и те како може.
     
    На eliesaab, Gosh, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    8.618
    Па разведени мажи со деца имаат повеќе простор за нова врска, пошто децава најчесто ѝ се тупени на жената, а голем дел од нив и ретко плаќаат алиментација.
    Па да, те сфаќам. Разбираш низ што поминуваат разведени жени, ама на крај сепак си маж, и никад не би земал таква, како мајка ти. Она била должна да те одгледа само, додека татко ти може да има друг живот и семејство пошто е маж.
     
    На LiquidLuna, tanjita, Mumoftwo30 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.344
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би била со маж што на детето не му плаќа алиментација, не го гледа и не се грижи за него. Лош родител не може да биде добар човек според мене.
     
    На LiquidLuna, flawless., Mumoftwo30 и 7 други им се допаѓа ова.