Пеликуна убаво ти кажа Јипман . Си играат и они ама па и жените не се нешто подобри . Ако гледаш дека некој се игра со тебе тогаш научи го и остави го да мисли дека си игра со тебе
Па и јас не реков никаде дека и ние сме нешто подобри.Напротив,на една тема имам зборено како сме ние женските кучки и не сме цветови за мирисање.Ама мислам сепак дека тоа однесување иритира и е малку глупаво кога го практикуваш.Не знам,така се повредуваат нечии чуства и затоа сум против.Денес те сака утре не те познава трет ден нешто сосема друго што би те натерало некогаш да се откажеш.За мене па и не е баш возбудливо.Ако се сака некој мислам нема потреба од тие глупости.Сепак за кого како. Јас бев во таква ситуација и не е баш убаво чуството и затоа никогаш не би ја играла таа игра зошто знам дека можам да загубам многу отколку да добијам.Мора да признаам дека пали, ама не секогаш.Претерано вакво однесување остануваш со к*р в раце со извинение на речникот. И што ако сега си играше типот топло ладно(мислам на оној кој го сакав?)мислеше дека ке го молам и дека нема да се откажам од него(ова го зедов како пример а можам да набројувам уште многу.) Јас се согласувам со XMAN ако ми се допага некој идам директно а не лигавење бла бла.
Па до сеа на сум сретнала особа шо практикува совети ...шо ги дава на други луге.. нема везе.. И онака мојот пост со постот на таа девојка се сосема различни..или ја оцигледно немозам да го пронајдам решението у мојот пост за девојката... ! Нема везе... иначе фала за.... не си требала да се мачиш да читаш ако те мрзело !
Сакам да ги прашам нешто машките.... значи ако девојка го превземе првиот чекор и почне прва да ве вика на кафе и сл. дали ќе имате добро мислење за неа ? Или па ќе мислите дека е некоја лесна девојка која другиот ден ќе ја откачите ?
Зависи од зрелоста, карактерот, културата и интелигенцијата на машкото. Ако ми се свиѓа уште поубаво да направи прв чекор, едвај ќе дочекам да скратиме процедура ама знам и обратни случаи каде типот се дига и се заебава. Се зависи колку мозок во глава има дотичниот и од каква средина доаѓа .
Сакам да ве прашам .. Како ние таканаречените "комплицирани" суштества-девојки да ве разбереме вас не помалку комлицирани суштества кога некое девојче ви се допаѓа? Стварно, баш ме интересира што правите за да и дадете до знаење на некоја дека сте заинтересирани? Да ли јас сум слепа за тие ваши "финти", или што. :geek:
Аааххх Linn1 дошла во нашето критикувачко - советодавачко мачилиште. Ах бре тие сини очи и зауипнато гуасче. ЕлеМентал, не личиш на човек, соземи се. Ок, он топик Начини како ТИ да го откриеш дека те свиѓа: може "случајно" да стигне до тебе информацијата дека се распрашувал дали си сингл, каде искачаш....повеќе пати си му го фатила погледот...насмевка, приоѓа за разговор, упознавање, (освен ако веќе не се знаете) ти пишува прв на чатови, наеднаш почнува да се појавува на места кај што ти се движиш...Шо знам, машките навистина се некако по очигледни и директни. Ако некој мисли 5 а кажува 7, тоа сте вие. Ние сме simple
сакала-неќела изгледа ќе мора да се обратам и за совет од машки аспект а вака јавно ќе треба цел роман да напишам Спојлер најарно да ги искористам маживе од фемина некој волонтер
Луѓее ми треба совет!!! Со еден дечко бев заедно цел месец.. во декември.. И сега цело лето другар му сака да не помири.. Аа тој во април сакаше да се мува со мене (дечкото со кој бев месец дена) но јас го одбив и од тогаш страшно ми се налути... Овој другар му вчера се сретнавме јас се поздравив со него и тој ми кажа аа со Стефан неќеш да се поздравиш.. овој само се насмеа а јас се правев како и да не постои! Пред месец дена го аднав на фејзбук а тој не ме прифати.. сега гледам дури ме блокирал... Само едно не ми е јасноо.. кога другар му ќе спомне нешто за нас пред мене и него овој само се насмевнува.. А кога бевме заедно целаа вечер, на роденден кај другарка ми другарка ми ми кажа дека цела вечер гледал во мене.. Ама голем инает е сака ја прва да попуштам а тоа никад. Сега кога видов дека ме блокнал, ич не ме гајле си почнав шема со друг дечко па нека чека овој па!
Знаеш приметив нешто дојде некој член тука , побара совет .. некој ке и даде совет и онда исчезнува вика фала , и толку .... па имаме тука прекрасни делачи на совети (Elemental Xman i nightwalker) и сепак не би било фер спрема нив , да откако ви го дадат советот , после недела две да кажете ..... еј супер поминавме, имаме сеа врска , го откачив , најдовме заедничко , вака , така ..... не само проблем ... совет... фала чао ... Мистеру више не го спомнувам , влезе у друга фаза сега дели слики наместо совети ама и тоа е а јас само се обидувам хумористичната страна на проблемот да ја извадам , ако ја има така да ке ве замолам .. со почит кон нашите топ дилери на совети да од време на време им спомнете ... како сето тоа завршило (после недела , месец) и сл. Благодарам што одвоивте момент да го прочитате ова барање
има сега кој да дели совети ама ќе се вклучам за недела дена некаде, имам некои обврски ти иначе арен?
Прво ќе изглумев дека не сум го видел постов, токму поради неговата содржина, но не се издржува. Ова е ѕверско значи. Објаснуваш дека си била со некој дечко, долги 30 дена, па наеднаш ви треба помирување, што по некоја моја идиотска логика значи дека сте се скарале, можеби? Ајде ок и тоа. После следува влечкање и нечкање на двете страни и на крај ти решаваш да го откачиш и си одиш со нов фраер. Е сега питање за милион евра: за кој дел ти треба советот по кој толку хистерично вресна на почетокот од постот? Ти едноставно си ја раскажа дешавката. Чупе, си го згрешила форумското катче. п.с. јас и mysterious после ова ќе почнеме да штедиме за пиштол.
Ми треба едно мислење од машките ако може. Дечко ми има еден другар кој имаше долга врска, се скараа, и сега детето си е во "опуштена фаза", си излегува секоја вечер со другари, си флертува со сите девојчиња, онака .Проблемот е што секоја вечер го бара дечко ми за излегување, а кога он ќе му рече со женската сум, овој се лути и му вели, дај барем на 1 саат дојди. Понекогаш кога ќе сме посебно излезени, се случува да ги видам да седат во друштво на други девојчиња, другар му си флертува со нив Пред некој ден требаше да одиме во ноќен клуб, бевме договорени цело друштво, и машки и женски, и ми се јавува дечко ми ми вика има промена на плановите ќе излегуваме само машките, па јас и ти ќе си излезиме утревечер сами. И после другиот ден кога се слушнавме го прашував како си помина сношти, и ми кажа дека другар му си викнал уште две другарки со нив и биле излезени четворицата. Јас се почувствував неубаво дека мене ми откажа, а излезе и со други девојчиња, но тој се колнеше дека немало ништо, и него му било неубаво така што испаднало, но касно дознал дека ќе доаѓале и тие девојките и немало што да направи, морал да оди со нив, а тој мислел дека ќе излегуваат само со машко друштво.Јас му имам спомнато дека немам убаво мислење за другар му и дека после тоа што се случи што го викна да излезат со 2 девојки, заклучив дека другар му нема обзир спрема мене , но дечко ми се налути на тоа што му го реков и ми рече дека повеќе не сака да слушне нешто лошо да му зборам за другарите, дури и ако го мислам тоа, а и тој вети дека нема да го прави истото ( да ми зборува за другарките ). Стварно се нервирам, не сакам веќе вака да биди, сите останати негови другари си имаат сериозни врски и често си излегуваме заедно сите, а само тој е проблемот, сака дечко ми и останатите да излегуваат само со него и со други непознати девојки, а воопшто не помислува како би се почувствувале женските на неговите другари
Зависи тоа и до самата личност... јас по последниот совет од Иксмен ќе ви пишам што ќе испадне и како
Одлично си заклучила дека другар му нема никакви обзири спрема тебе. Додуша и не треба да си ракетен научник да се види тоа, кога дечкото со добра доза на агресија си ги промовира новите интереси - да формира чопор машки и да тргнат на лов. Штом му е болна точка, не му збори лошо за другарот. Само контра ефект ќе постигнеш. Ако дечкото станал сингл од скоро, моментално во нивниот круг на другари има некоја колегијалност, нели да не го остават сам френдот. Сепак сметам дека не е во ред твојот да те откачува и да искача во парови на некој начин, со друштво каде што има други девојки. Ај ова да му се прости, демек му ги "подметнале" цурите во последен момент, ама во никој случај ова не смее да прејде во навика. Во претходни постови сум спомнал дека женската одбрана мора да се состои од аларми. Ако има уште некој ваков случај на откачување за дечкото да ти се дружи со другар му и Икс девојки некаде, тогаш алармот нека ти светне. Тогаш ќе мора да интервенираш со барање за разговор каде што едноставно ти ќе си обележиш територија, ќе си кажеш што ти пречи. Во спротивно бродот ќе ти потоне.
штом дечкоти ти кажува за се тогаш немај гајле, ма да нетреба да се опушташ, само почекај уште некое време и ако работите не се сменат ке мораш сериозно да разговараш за ова со дечкоти, само немој да го ставаш во ситуација да бира меѓу тебе и него, зашо е у фаза на докажување на лојалност итн итн итн. Пред извесно време и јас раскинав па ниеднаш не им реков на моите другари да идеме сами, туку фино лепо ке си повикав некоја и ке си излезв со нив, па може и другарот на дечкоти да направи така, а ако не му се излегува во парови тогаш сигурно има и другари кои не се во врска па нека си оди со нив и да, кога ке го вика пак дечкоти да одат сами, ти дај предлог да по повикаш некоја другарка и заедно да одите
Да, свесна сум дека не треба да се грижам толку штом дечко ми ми ги кажува тие работи, да е некој друг, полесно би му било да си премолчи за тоа, а не да се замара да објаснува дека нема ништо со тие девојки и т.н. Но мене сепак ме нервира однесувањето на другар му, кога тој беше во врска воопшто не ги фермаше другарите, дење-ноќе со девојката си беше ( не велам дека тоа е добро-напротив ) ,но нив таква им беше врската. А за тоа што спомна да викнам јас другарка па да излеземе четворицата, имам пробано порано, но не беше успешно . Фала на советот ЕлеМентал, во никој случај нема да дозволам пак да се повтори тоа што излезе со другар му и со две девојки, јас уште тогаш му кажав колку многу ми пречеше
едно прашање до машкиве Од октоври почнувам 1ва година на факс и ќе бидам во друг град што значи со дечко ми ќе се гледаме само за викенди.идеме 8 месеци супер ни е,меѓутоа сепак знаете нема да биде исто,сакам да се посветам на школото но не да го загубам него.Што да правааааам како да му докажам дека се ќе биде во ред нема да има варање итн...? типот е малце забеган секогаш ми ваѓа некои примери кај што парот идел 5 год па на крај типката го одјебува дечкото итн....