Би дал се од себе за да ги совладам сите пречки. Не се откажувам лесно од работите кои што ги сакам, и се борам до крај. Не е лесно точно, не ни знаеш низ што се трба да поминеш.
Јас првпат читам за вакво нешто, дека се подразбира дека е не. Ваљда дека на македонски форум. Па двојни аршини па чуда Луѓето имаат живот и после деца, и после развод, независно од пол. Само очигледно не во Македонија.
Ова не ти е точно. Жените повеќе се премажуваат од мажите Women are more likely to remarry after divorce than men, with 65% of women remarrying compared to 55% of men
Зошто да гледам туѓи деца кога можам да имам свој. Туѓо дете никогаш нема да биди гледано како своето иако ќе го рачунаме како наше. И да не би можел да имам свое не би прифатил туѓо да гледам. Јас искрено неможам да гледам туѓо дете ама то незначи дека и другите не треба да одат на тој чекор. некој ако си прифаќа да има жена или жената маж со дечина тое ок.
Јас прв пат читам дека се подразбира дека е да. Ваљда дека е женски форум. Убаво бе, имајте си живот никој не ви брани.
Ама јас не живеам на форум, живеам живот, реален. Во светот де. Не можеле туѓо дете да гледаат. Па сакале свое дете. Ама не можеле баш да го гледаат, јер за гледање деца, само жени имаат натприродна моќ. И така...
Може и тоа како може како свое. Јас сум израснат со родители што не ми се биолошки родители, и ме гледале и воспитувале како нивно дете исто ме гледале како нивното биолошко дете, да не знам дека не ми се биолошки родители не би се ни посомневал дека не ми се. Ниту ме третирале како да не припаѓам кај нив дома, ниту премногу ме разгалиле за да не се осетам лошо (и двајцата). Не се станува родител само со тоа што ќе направиш и ќе родиш дете.
Стварно луѓе, муабетиве ви се загреота. Ме потсети Старк, свекрва ми, значи пред миљарда години, е порасната со очув, кој ја земал нејзината мајка, со дури 2 деца. Ок, вдовица била, ама 2 деца, еј... во Македонија, замислете
Незнам што ти е чудно, секој си има принцип на живот, некој сака жена со деца, друг не сака, незначи дека јас ако сакам нешто и размислувам дека сите треба тоа да го сакаат и така да размислуваат!
Море што ве гледам чудни, муж да земел жена со деца? Па уште и на Балканов? Па попрво со мајка му ќе легне. Наравно дека не, поише пажња на децата ќе им дава, оти веќе им е мајка на нив, место на него да му е. Па и ако има дете со неа, тешко ќе му биде да крие дека само него го есапи за негово дете, да не речам за чоек. А и тие распуштеници сигурно се курвале кај стигнеле и не биле арни домаќинки, па затоа муж им ги остаил. Па кој муж остава жена и деца, ви се молам? А и сигурно раширена и е од раѓање, што ќар од неа. Имаше нешто таму со брава и клуч, или црвче и дупка не се сеќавам баш... Се знае они само за празнење муда служат, а малолетнички за женење. Па ќе ги направат и нив ,, потрошена,, роба, ќе им напраат деца и после сите колективно ќе ги фрлат на улица да кршат глаа, додека они сеат сида и трипер каде стигнат оти има глупачи шо ќе им даат. А иначе статистички, и без да го прашате ЧатЏпт и да турате тука на енглески, педофили грото зимаат жени со деца за да ги грумаат... Така да јбг, еве 21 век е, пред него кој знае уште колку биле, и уште не знаете со кој си имате работа? Аххх беее... Глејте си децата, идете ебавајте се два пути неделно со некој ако ви се присака, нека плаќа ресторани и искачања, и ич да не ви чуе. Па после нека цркаат дека биле осамени у заграда ќе нема кој гзот да им го избрише коа ќе им падне. И не зимајте разведени мужи, уште помалце ако децата не живеат со нив, не плаќаат алиментација и ако ташак не ги боли за нив. Научете нешто од мужите, барем некој ќар да имате од нив. Пичка ви е, двор ви е. Ајт.
Се шо гледам е bitchless behaviour. Башка шо дедо ми број 3 (втор маж на баба ми, во претходниот век) имаше поќе муда и беше попрогресивен за жената шо ја сака и ја зеде со се две деца. Ама ок, сигурно разведена и млада вдовица е различно. Лол. И зошто беше способен да сака нејзините деца, а покасно и нејзините внуци, и не не делел од биолошките внуци негови - јас го викам дедо. Не дедо како "абе дедо Цане од пред кооперација" туку дедо како двата биолошки шо ги имам. Јас уствари многу касно во мојот живот сфатив дека не ми е крв, зошто ни на момент не напрајл да се осеќам несакано. Никогаш не сум сфатила како постои биолошка бариера за да сакаш и растиш нешто невино и ново на светов. Као треба пола твоја днк да е за се замараш да го сакаш и растиш? Wild. Се фатив на момент како се тресам дали ќе можам да родам, не дека ми менва биолошкиот фактор туку се осеќав како да ми зема од женственоста ако не можам. И сфатив дека се шо мислам е малку налудничаво пошто ако не можам никако не ми зема од женственоста, а сакам да сум мајка и можам да сакам дете. Фрли ми некое и речи ми "твое е" и ќе биди како да сум го родила. Еве како жена, ако најдам некој со дете, разведен - би му дала шанса ако ме влечи. Во најмала рака ќе видам како се однесува со дете и колку е инволвиран и то ќе ми е показател дали воопшто ќе сакам да прокреирам со него. Јас посекако партнери ги гледам низ призма на какви се со деца и какви родители мислам дека ќе бидат. Ова дури како cheating би ми дошло. Можда категоријата шо треба да ја дејтам е разведени татковци.
Некој сака, друг не сака, е у реду. Мене ми рекоа нормално било, фалабогу дека не. Мислам тоа збори за човечки капацитет, ништо поише. И обично иде она што ќе речеш -јас тоа никогаш- да ти дојде на глава- и после циркуз. Али добро, се се учи во животот. Воглавно, Гош ко ќе закуца на темата, нема па што уште да се каже. То е