Така де, а и ако чекаме од други да ни издржуваат деца, ехеее... Некои деца нивниот татко не ги издржува, не па некој си трет.
За во Македонија мислев, не знам дали постои некаква статистика и истражување, тврдењево ми е според моја лична перцепција, од ситуации на блиски особи. Можеби грешам, мада еве, повеќето мажи овде се изјаснуваат дека не би. Нека го ѕирне истражувањево @Aenarion кој тврди дека цел свет размислува исто како и повеќето овде. Е сеа, не знам дали овие кои не би, во случај утре (хипотетички) да имаат разведена ќерка со деца, би го делеле истиот став. Јас лично не би, ни разведена со деца, ни сингл без деца, не сум Васил Зафирчев.
Обично не сум judgemental за ништо, ама никогаш нема да ми биде јасно зошто би му сметало дете од партнерот и единствено мислење ми е дека не можеш некого навистина да сакаш а да не му го сакаш детето кое ни малку не е виновно за ниедна ситуација предизвикана од родителите. @Stark не знам дали е сарказам ова твоето, ама ако не е, може да знам зошто баш вдовица? Може семејно насилство трпела жената, може едноставно одлучиле смирено да се разделат, што има лошо ако другиот родител е жив?
Затоа што ако е сеуште жив таткото цел живот ќе бидам поврзан со него на убав или неубав начин. Исто така тоа дете нема да можам да го воспитам затоа што секогаш кога нема да му одговара ќе ми го задај фаталниот удар "ти не си ми татко, ќе си одам кај татко ми".
Ама зошто мислиш дека би реагирало така детето? Па и така да реагира, зошто за тебе би било фатален удар ако ти каже дека не си му татко и дека ќе оди кај татко му? Мислам дека нема потреба тоа да те повредува, сепак е дете и сепак му е татко.
@flawless. Сега на тебе ако не му смета детето на партнерот од претходниот брак на некој му смета, неможе сите исто да размислуваме.
Ботом лајн- мажите се поголеми деца од децата. Да се биде родител значи да пораснеш, да прифатиш дека си возрасен, да се надраснеш себеси. Значи не може да се понашаш како дете и да реагираш на ист начин како дете. Особено не во комуникација со дете. Тешко оди тоа јбг, и не само кај мажи за име на вистината. .
Мое мислење во врска дали маж ќе земе жена со дете е зависно од годините. Доколку е некој помлад 90% нема, причини како што прочитавте обврска, сака свое дете не сака туѓо, не знам еве прочитав и повеќе слобода за шетање и сл. Ако се работи за маж во позрели години ( за мене се од 37-8+) би земале. Тие мажи веќе имаат создаден живот зад себе, стабини се и размислуваат поширокоградно. А и вероатноста дека од 40+ би има повеќе свои деца според мене е мала, така да им е прифатливо нејзините и евентуално едно свое. За маж во постари години не се размислувам со одоговорот би земале сигурно.
ги исчитав сите одговори и готово јасно е , само ми се потврди хипотезата што ја имав за МКД. Во превод, тешко на жена со деца овде што се развела ( иако поминала пекол шо има врска ) тоа е приколка со две мали приколки и нема право на врска и среќа а камоли брак
За мене ова е многу ограничено па дури и примитивно размислување, али на крај секој има право да си одлучи што сака.