Зависи од ситуацијата, ама најчесто мажите не одбираат такви жени поради стравот од неприфаќањето од страна на децата. Не е поради тоа што мислат дека таквите жени се помалку вредни. Повеќе е од психолошкиот аспект и дали децата да го прифатат како дел од тоа семејство. И многу е јасно зошто ретко кој се одлучува на таков чекор, бидејќи психолошкиот притисок е голем. Така да не го сфаќајте тоа толку лично, сепак секој има право на избор и знае дали е способен да се носи со таков товар.
Некој би бил али само за секс. Голема обрска е реално и не може секој да се носи со тоа. Башка од околина ќе му се меша секој и на крај мање више ќе му се сјебе филмот.
Во врска со темава. До каде може да оди тестирањето од стана на девојките да кажеме за љубоморноста. Свесен сум дека девојките сакаат да тестираат за тоа но пребрзо ескалира и се губи суштината. Еден вид каква и да е реакцијата ја губиш, Ако реагираш ја губиш ако не реагираш пак исто. Еве јас не сум љубоморен по никаков начин и верувам дека ако нешто не треба биде нема да биде. Но е доста грозно што се случува со сите досег, иако голем дел од дечките простуваат и се заблеани. Прашањето ми е дали е од злоба дали е од тоа што имате преголем избор и праите што си сакате без око да ви трепне... Не дека е крај на свет но би сакал да разберам што е.
Според мене, тестирање на љубомора или било какво друго тестирање е знак на недостиг на зрелост – без разлика кој го прави. Понекогаш луѓето тоа го прават и од несигурност, како начин да проверат дали партнерот навистина се грижи. Но, наместо да донесе сигурност, тоа најчесто создава уште повеќе несигурност и недоверба. Истото важи и за „играње игри“ – еден момент сум заинтересиран/а, друг момент не. Такви работи само ја расипуваат врската. Зрелиот однос бара искреност и директна комуникација – ако нешто те мачи, кажи; ако имаш потреба од внимание, побарај го тоа отворено. Сè друго е непотребна драма и трошење време и енергија.
Ај тука. Со еден ајде да го речам пријател, се знаеме одамна, со години и си пишуваме, се шалиме. . Не е мал, 39 ќе праи. Го прашав дали се гледа со некоја и ми рече дека со прашањево сум била како мало дете. Дали згрешив?? Јас онака го прашав. Кроз муабет.
Се гледа како дали има девојка? Или дали се гледа со некоја како во иднина, скрасен во брак? Инаку и било која варијанта од овие 2 да бил муабетот, ми звучи дека не си згрешила ти, туку тој реагирал бурно на обично прашање
Дали се гледа со некоја, во смисла дали има девојка или некоја шо во иднина му била девојка.. Ми рече глуп муабет сум му праела и сум била како мало дете со вакви прашања.
Викендов на искачанка се склопивме со друштво од средно, со другари што не сум ги видела одамна и се запознав со еден човек, нивни другар. Со дечково пола од вчерата седевме сами и си правевме убав муабет - општо за животот, за работа, за цели, нешто за бивши. Муабет што го правиш со некого со кого првпат се запознаваш, немаше ништо посебно ниту некој посебен флерт, ама се најдовме на некои теми со слични ставови и цели. Пред одење му го дадов телефонот да се адне на инста од кај мене и одма ме прифати ме фоловна назад. Мислам беше обид за прв чекор да покажам дека ми се свиѓа, е сеа дали беше сфатено така не знам. Прашањето ми е, дали да чекам пак да се видиме на искачање, што би било за некоја недела или да му пишам? Пошто додека зборевме ми рече дека не сака заебанции и дека е заинтересиран за нешто сериозно и обично ваквите луѓе се повнимателни и со самото тоа и поспори, ама од друга страна дали би ми пишал да го заинтересирав, не сакам ни нешто да бидам наметлива, затоа што сакам да го гледам тоа друштво почесто, па да не усерам на старт.