Spoken as a man that has none of it. Жал ми е за невестиве шо те читаат и мислат дека не ги дупиш у ребра хахахахахах Инаку сексот како таков ти е 30-40% од една врска и сексуалната компатибилност, тоа ти тука на форум шо изиграваш "White Knight" тоа е друг муабет. Буквално интегрален дел на секоја интимна врска е сексот и сексуалната компатибилност затоа што е основна функција, основна потреба и основен нагон првично за репродукција ама и денес за задоволство. Само нормално, некој што нема секс, ќе дојде на фемина форум да ми објаснува како тоа сексот бил небитен...иначе не знам одвоено се пише.
Не знам зошто си толку возбуден околу тоа дали некој има или нема секс, секој има свои избори и свои вредности. Нема ова врска со „феминките“, ниту глумам нешто што не сум. Не лажам, не изигравам витез, само се претставувам таков каков што сум, човек кој ја почитува својата партнерка и не гледа на неа како на тело што треба да му „исполнува потреба“. Сексуалната компатибилност е важна, да, ама не е најважна. Ако беше, сите врски со добар секс ќе траеа, а гледаме дека не траат. Има мажи што можат да чекаат, што знаат што значи доверба и почит. Тоа што ти не можеш, е твој проблем, не општа вистина. Некои се водат од нагон, други од љубов, и секој си живее со тоа што го избрал.
Брат ме пиздиш пошо доаѓаш на форум и збориш за секс ко да си некој не знам Дон Жуан, а ти бајо не боцкаш за жива глава. Прво потребата и желбата за секс не значи ти дека ја гледаш како тело, ама види вака, ако не си сексуално интимен со девојка ти ондак шо кур ти е девојка, не мора ни да се бацувате, уствари најарно бидете другари, најдобри другари. Второ никаде не реков дека е најважна, ама е многу важна, буквално единствена разлика во моите релации со жени помеѓу пријателки и партнерки е сексуалната, сите други компоненти ги имам со моите платонски пријателки, само не и сексот и нормално целата сексуална компонента оти не е само секс за сексуална компатибилност.
Не мораш да ме убедуваш дека сексот е важен, тоа и јас го кажав, ама не е мерило дали некој вреди како партнер. Ако единствената разлика што ја гледаш меѓу пријателка и партнерка е сексот, тогаш или не си имал вистинска емоционална врска, или си ги пропуштил сите други слоеви на блискост што ја прават љубовта љубов. Интимност не е само телесна. Има интимност во разговор, доверба, поддршка. Сексот треба да биде природен резултат на таа поврзаност, не единствен доказ за неа. А тоа дали ќе се случи пред или после брак, е лична одлука, не мерка за нечија зрелост. И да, не мора да се согласуваме, само не мора ни да ги сведуваме врските на нешто што трае неколку минути.
другари не се расправајте бадијала, сексот е чин кој можеш да го имаш со секој кој ќе те привлече додека љубовта е нешто сосема поинаку и во живото 90% ја имаш само за и кон една личност.
Шо не е јасно? Емоционална блискост, доверба, поддршка се другите аспекти лол... Бајо ја не знам какви пријатели имате вие ама јас со моите сум си отворен за секаков муабет.