Постои ,ама гледај да е безболно за тебе.Зошто има нападни луѓе од кои ќе не можеш да се откачиш лесно . Директно кажи му и никако да отвараш стално негови пораки,или да му одговараш .
Јас мислам дека ниедно машко не би сменило име за девојка (освен некој со IQ33). Ако вистински го сака девојката, ќе го прифати со било какво име да е.
Што да одговорам на ваков дебилен муабет. Бараш поддршка од човек кој нема емоции во него за ништо... Жал ми е што го пишувам ова....
@GirlLove Тоа значи дека не си ничиј терапевт, а воедно дека личноста не е заинтересирана. Не знам во каков однос си со истиот, но доволно е еден 'seen' и културно прекинување на понатамошен контакт
Ох, требало само да процениме. Којзнаел. Еве оти не ни текна нас проценка да прајме, пак ќе те прашам да ни кажиш како да процениме точно. Глупи жени, да не сме поќе повредвани од мажи кои биле... само погрешни. Се надевам не е нешто очигледно одговорот, како "сами да ги процените". Фала.
Fool me once, shame on you. Fool me twice, shame on me. Не може секогаш исти избори да правите, а да очекувате различен резултат. @GirlLove истиов проблем го имаш по не знам кој пат. И исто се разочаруваш, по не знам кој пат. Некогаш треба да се седне, да се направи една добра ретроспектива, да се смени патернот на размислување и делување. Не е страшно и некое време да сте сами. Нема ништо лошо во тоа. Работи на тоа да се цениш повеќе. Овака нема да имаш прогрес, ќе останеш во истиот зачаран круг, и по некој месец пак ќе те бараш совети за друг.
Верувам дека има ситуации кај што навистина може да се налетува на погрешни особи едно по друго, не дека е до нејзиниот начин на размислување или дека не знаела да процени. Тоа fool me once сосема на друго се однесува не на конкретнава ситуација. Колку игнорантни одговори давате не сте свесни. Како само знаат да глумат некои, ај како да ги познае? Све вие сте најмудри и најпаметни никој не може вас да ве излаже.
Не дека нема луѓе што упорно одат со глава во ѕид и игнорираат црвени знамиња, но многу ги има и оние што баш глумат на почеток додека не те освојат. Па кога ќе се осигураат дека си до нив, ќе си ги покажуваат роговите полека. И човек со послаб карактер ќе си мисли дека тоа е од љубов, но сѐ се учи. @GirlLove батали одма чим се работи за таков човек, нема да се промени, за тебе само ќе е полошо.
Можеш да му вратиш дека за поддршка и не требаат емоции (не си кажала каква поддршка бараш да процениме дали може со емоции или без)
Значи не му е гајле за тебе, не одговарај ни на ова, ни подоцна кога ќе ти пише.. Не им ги пишува на луѓето на чело нивните карактерни особини за да знаеш на почетокот дали ќе згрешиш со изборот, затоа кога ќе запознаеш некој остави доволно простор да бидете во фаза на запознавање, а подоцна партнери и не мижи на црвените знаменца. Тргни се од тој човек навреме и не му ја мисли зошто и како, и зошто прави така, ако ти сметаш дека не е во ред, не си го губи драгоценото време. Исто така знам дека никој не сака да биде сам, ама немој очајнички да бараш партнер, многу повеќе грешки правиш така. Дај си сама на себе време, не барај некој период никој, не оди секаде со мисла дека таму ќе го запознаеш идниот партнер. Фокусирајте се само на тебе, прави она што те исполнува. И размисли дали бараш партнер за да ти биде партнер или само рамо за да се потпреш кога е тешко... Ми даваш вајб како да бараш подршка, а не партнер, може грешам.. Да партнерот треба да биде и подршка во тешките моменти не само присутен во убавите, ама не можеш и ти само да го користиш кога ти треба подршка а инаку да го исклучуваш од останатиот дел од животот..