Неколку пати низ месециве па и годинава те читам едно исто, и ако се работи за повеќе различни личности а истиов резултат, веројатно си во такво опкружување. На луѓе што не се емотивно достапни и резервирани се на екстерни ситуации и не сакаат секогаш и секому да бидат нечие рамо, за жал.
@GirlLove Факт е дека многу луѓе се претвараат дури и до брак, а потоа си го покажуваат вистинското лице. Тоа не е наша вина. Но, еднаш штом се почувствуваш лошо покрај некој, гледаш дека не сте на иста бранова должина, гледаш дека нема реципроцитет, едноставно продолжувањето со таква личност е на наша одговорност. Ако некој упорно индиректно и директно ти покажува дека не му значиш, верувај, не му значиш. Тоа не значи дека не вредиш, туку дека тој едноставно ain't the one, не е твојата личност. Move on
Пик ми маженце И вие знаете да одберете погрешна цура па на крај да цимолете. Или помогни и кажи нешто паметно или ќути и не одмагај.
Ако повеќе пати бараш од иста личност нешто, а не добиваш, тогаш веќе проблемот е во тебе. Проблемот во тебе го напоменувам ова дека ти не сакаш да ја оставиш таа личност што очигледно не се интересира за тебе да ти 'помогне' во било кое време. Парнерот не е само за да ти пружи сексуално задоволство. Доколку ова ти се случува повеќе пати, мој совет е да си се тргнеш од таков човек поради тоа што утре/задутре ќе се среќаваш со повеќе проблеми од кои ќе треба дома да ги решаваш со човек кој не покажува никаква емпатија. Да се надоврзам на напишаното, кога веќе продолжуваш со таков човек, проблемот е во тебе, се плашиш да не останеш сама и свесно си ја удираш главата во ѕид. Не вреди верувај.
Ова ме потсеќа на веќе нешто твое напишано и претходно, ти многу брзо се врзуваш, и лаковерно им искажуваш се, па после си повредена зошто не те сфаќаат, или премногу брзо им искажуваш се и очекуваш помош и некој да те спаси, наивна си за жал. А дечково не ти треба, зошто човек што нема емоции за ништо, нема да има ниту за тебе, а разбирање па најмалце.
@GirlLove Да додадам како појаснување. Тоа што ти го пишал најчесто го прават оние кои не се заинтересирани, ама бидејќи не сака да испадне the bad guy, чека ти да ставиш крај на односот Тоа го прави така што ќе те суптилно оттурнува цело време за да на тебе ти скисне и ти да го откачиш. Со тоа што рекол дека наводно нема емоции и го напишал на таков театрален начин е чиста манипулација. Не дека нема емоции, туку нема емоции за тебе. Вака сака самиот себе да се претстави како скршен, повреден од претходни искуства. Така на картата на емотивност сака да избегне одговорност сам да стави крај. Индиректно ти кажува да си ги намалиш очекувањата од него и ако продолжиш, меѓу редови ти кажува дека само ќе те искористува кога ќе му биде досадно aka додека да си ја најде таа која ја сака. Стави крај и не му се замарај. Воедно дај си време на себе малку да поработиш на самодовербата и себесакањето. Што е за тебе, нема да те одмине
@FriendOfDorothy Или тоа: "Не сакам моментално врска", а у превод е: "Не сакам врска со тебе" Знам, звучи сурово, ама подобро е тоа навреме луѓето да го сфаќаат да си заштедат време и нерви. А и да не си го земаат при срце, туку вака, со тој мајндсет: *Dream girl/man/partner