Дали воопшто читаш што сум пишал?! 11 месеци се знаеме! Од март месец 2025 еве ти и точен датум и пуно излагања и тоа понекад сами
Тука не се работи за "не знам“ во смисла на човек што е збунет или неодлучен. Тука „не знам“ значи не сакам, ама немам храброст или искреност да го кажам тоа директно. "Не знам“ после година дена навлекување, знаци, јавувања и одлагања значи дека никогаш не си бил прва опција. Си бил таму, ама како резерва. Те држела како опција за екстра внимание, за муабет, за пополнување време додека не се појави нешто "подобро“. И тоа што излегла на дејт со тебе не било затоа што сакала, туку затоа што си дала уште една „шанса“ на нешто за кое длабоко во себе веќе знаела дека нема да го сака. Као, ајде, да проба. Добро си направил што си пресекол одма. Дури и си закаснил. Секое понатамошно останување во контат ќе значеше уште влечење и уште губење време. Кога некој сака, се чувствува од старт. Нема "не знам“, нема топло-ладно, нема одлагања, нема играње игрици. Се осеќа тоа одма. Се друго се сече во корен. Не затоа што си лут оти си играла со твоите емоции, туку затоа што (треба да) се почитуваш себе си пред се. Big up, и не се разочарувај.
Интервју се прави со потенцијален кандидат, а не со кандидат за кој знаела дека нема да ја добие работата. Се останато е трошење време.
Па работата е шо ние жените имаме повеќе потенцијални кандидати. Нормално дека со сите ќе правиме интервју, па кој ни се допаѓа, тој. Арно се спасил братот навреме.
На почетокот кажуваш како да е прв дејт.. Штом толку долго сте излегувале и не знаете на што сте.. Најверојатно не сака врска со тебе, ама не знае како да ти каже или те чува како резерва ако со некој друг не и успее..
Фала Богу брате прво и оа машко да разбере од мој агол. Еј од март месец се знаеме од лани! И реков биди сериозна неколку пати и возрасна си и не те притискам и кажи искрено, те гледам вака и вака и тоа е, другари и другари остнауваме, немам проблем. Неколку пати ми вика сакам да сме заедно. Еднаш ми ѕвони сред тешка гужва бев излези од работа да се видиме дојди до кај таму, ја земав и седнавме кратко вака и вака и она се исповеда. И реков ако сакаш пријатели ако сакаш повисоко ниво не мора да кажуваш меѓу нас. Она е помлада малку од мене 4 години сме. Ако сака може и 10 години да одиме врска ако треба и на 44 ќе правам свадба. Не сакам да се изгубиме. На крај кога ми рече абе не ЗНААААММММ. Еј скоро година дена од март месец се знаеме. Ме матка дојди, па ајде бевме и на други работи. Ми се одмили кажано изгорев а и реков те молам биди сериозна. Другари или партнери?
па е официјално прв дејт зошто "официјално" така и она го прифати. И кажав и на шала пред да одиме, да знаеш дека ова ние наше наше она официјално конечно. И реков мора да биде сериозна. Работам и мора да сум одговорен, сакам и за нејзе да се посветам да се организирам зошто како идеш и старееш фокус имаш или брак или работа а јас намерно саботирам на работа и стално одложував. Ми рекоа требаше за Загреб да одам од работа, она ми се јави и го одјебав шефот само заради нејзе. А можев слободно 5 дена да се ебавам во Хрватска и на рачун на фирма и службена кола
Нема да прочиташ искрени совети во темава од жени затоа што они не можат да влезат во твоја кожа и да го видат проблемот и завлекувањето. Они може да видат од нејзин агол. Да го пишеше ова некое женско, обратно, ќе добиеше тапшања по рамо и сочувство, вака, ќе добиеш само хаха хихи коментари. За во иднина ќе знаеш кога побрзо да сечиш и да не се замараш. Лекција на своја кожа најдобро се учи.
Не се нервирај толку братче, ти требале 10 месеци да видиш со кој си имаш работа и на крај си видел, си се спасил. Можеш да и се јавиш да и се заблагодариш, замисли можеше уште 10 месеци да те вртка додека чека подобра прилика.
брат сега ти пишав. Беше ситуација за Загреб од работа или она имаше замисла да појдеме до Софија. Ок одјебав се и со братучетка ми и нејзе отидовме, беше некој монголски бемд беа the Hu ај реков ќе ве однесам ама не ми се оди на концерт и реално им кажав не сум заинтересиран, да давам 4.000 за карта ама ќе ве однесам и ќе прошетаме и ја оставам братучетка ми и се враќаме само ние двајца. Значи пак имавме простор за заедно од Софија, ти викам имавме моменти и даље
Ако сакала да сте заедно, ќе сте биле веќе, жена што сака да е со некого ЌЕ БИДЕ сигурна, и сигурно ќе ти каже, нема "не знам" зошто ако е 1 година пишување, искачање, што да е.. тоа е предолго, плус ти кажува како сака да сте заедно, па не сака... не знае што сака уствари, некој друг и мати памет ваљда, па не е сигурна за тебе. Можеме само да нагаѓаме нели, ама не те гледа за врска, според мене и моја женска гледна точка. Ама не сфатив, викаш ова прв дејт ви било официјален, а претходно нели се гледавте и бевте на дејт, во оваа една година?
тоа ти викам не е прв пат. Јас сум човек со огромно трпение и таква ми е работата и затоа стигнав до позиција која сум денес и заработувам и сум независен. Да речеме за овие 13 години "љубовен живот" што сум дејтал и се било формално врска некоја мала или " абе незнаамм" влечење а се знаеме пред тоа долго време. Најголемото знаење пред абе не знааам ми било скоро две години каде она ме покани и после 4ти дејт ми вика "не сум сигурна" и уште си е стара мома. А да речеме има 36 денес и тату артист е познат
баш прв прв официјален. претходно било средби како пишав сме се враќале од друг град, па ајде застани, па ајде ако си слободен. И реков ако сакаш навистина кажи ми, јас сум сериозен. И фала богу конечно баш баш ја наговорив од тука официјално сме на дејт како мома и либе. Абе не знам