Ма многу ми е гајле за новиот фраер.. знам дека ако јас прва попуштам и му прозборам можеби пак ќе се помириме.. Но незнам дали да го сторам тоаа?.. Тоа беше прашањето.. цели 8 месеци се мислам дали да попуштам или не и уште незнам.... (а иначе он беше најдобриот со мене до сега.. и со него ми беше најдобра врската.. незнам што да правам
TERESA 94@ - искрено не те разбирам,па ако веке знаеш дека тоа ти била најдобрата врска и знаеш дека он бил најдобриот со тебе каде е прашањето незнам.Tи ем си прашуваш а меѓудругото и самата си го знаеш одговорот хммм цели 8 месеци се мислиш а уствари ти се врти само едно во мислите а тоа е дека всушност тој е најдобриот за тебе(според тебе) ,и најдобра врска ти била со него одговорот ти е тука некаде ....
Не само јас што си го мислам тоа.. туку ситее баш сите ми го велат тоа.. помирете се он е многу добар бла бла. А да не ми го збореа тоа до сега не ке се ни сеќавав на него, а не на крај да се разочарам кога видов дека ме блокна. Јас еве можеби би пробала пак да се помирам, ама незнам дали он ќе сака... многу е чуден.. Не сака дури да ми прозбори, а другар му кога ќе спомне нешто онсамо и толкуу..
извини ама па 8 месеци да се мислиш за нешто што веке го знаеш па и тоа не е нешто ок,башка што и сега незнаеш што да правиш решителноста ти ја нема никаде,ти за ваква работа ако неможеш да се решиш што ке биде понатака,а и штом те блокирал тогаш треба да си поставиш повеке прашања за тоа што се случува а ако не реагираш тогаш ке го имаш само во секавање насмевчето што го дал последниот пат или најди си начин да стигнеш до него и да го вратиш (мислам ако тоа го сакаш) ,или едноставно остави нека заврши овде работата и свати ја како таква и нема веке место за кукање понатака,ама како што ми стои на мене ти ем сакаш нешто ама незнаеш што хммм реши се додека ти е време инаку не само блок туку може и да не те познава ако те види или пак тотално да те избегнува
Само едно знам...ако попуштиш сеа ти, секогаш по негово ке биде и само еднаш ако се спротиставиш ке биде крај на врската
проблемов ќе го изнесам во оваа тема, чекам помош и од женските исто - Ситуација-летни журки; Мојата најдобра другарка (поприлично скромна девојка) се опијана навечер и легна со еден тип, тукушто запознат. Другата вечер со втор, па со трет.....(и дојде брачеда од Германија, и со неа кога излегува) Тотално се промени (има 25год. и имала претходни врски), не можам да ја препознаам, падната е на многу ниско ниво, и по однесување и по се`. И дадов до знаење дека си ги нарушува достоинството, почитта, доброто име, дека тие машки со кој била воопшто не ја ценат, само ја искористиле, дека треба на тие години да биде посериозна, а не како напалена тинејџерка. Но џабе! Се наоѓа во некој филм, сите муабети и се со кој била, колкав му бил, каков бил в кревет...и почнува да ми оди на нерви...Не можиме за ништо друго да разговараме, дури и да зборувам не ме слуша, си лета со умот... Како да реагирам, што да правам???
Знам... веќе одлучив да ја завршам приказната. А одолговлекувавме поради другите, сите зборуваа ее ти незнаеш какво момче е тоа не ни требало да му раскинуваш веќе нема да најдеш толку добар... Ама веќе не се замарам
Нека си тера работа он, си ја покажа културата.. Аа за твојот проблем, нензнам.. штом таа несака да ги прифати твоите совети, а ти и мислиш најдобро, тогаш самата ќе си се изгори од ова и ќе се освести дека прави погрешно.
^ ^^ А да престанете сите, Ве молам? Мистериозна и друже Елементал, има соодветни модераторски органи на овој форум, кои бришат мислења доколку ги оценат за нескладни и непотребни. Исто така, тоа што за вас е глупав пост без смисла, може за некој друг ќе е доволно за „глупав одговор, без смисла“, но што ќе и’ помогне на девојката. Доколку сметате дека постот е глупав и не можете да придонесете со совет, уште помалку придонесувајте со критика, потсмев и иронија/сарказам. Тереза, не продолжувај да цитираш и одговараш, те молам. Сакаше совет, го доби, нели? Сега гледај примени го најдобро што може. Најмалку од се’ е потребна негативна енергија на форумов, доволно ја имате насекаде околу Вас, во реалноста.
здраво јас сум нова незнаев каде да го поставам прашањево вака јас имам 17 години а тој има 23 се допишуваме на facebook и вчера ме покани да излезиме на кафе ама јас му реков друг пат бидејќи имам сколиоза ми е искривена кичмата и незнам како да му кажам или кога ќе се сретниме сам нека види? ме интересира дали за машките најважно им е изгледот на личноста (тело) или каков карактер има и какви други особини поседува ?????
Зависи како се носиш со тоа. Пример,јас имам крив нос. Паднав кога бев на три годинки во Бугарија,оти многу сум била мирно дете и ми остана. Сакав да правам операција,но тоа додека бев во пубертет. Мислам дека веќе ја надминав таа фаза,а со тоа и желбата ми помина,и научив да се сакам таква. Башка,и јас знам дека многу убаво ми стои на лицето. Зависи и колку ти е искривена. А со самото тоа што го праша овоа,значи тебе ти е гајле како ќе те гледа типот,значи самата гледаш дека е важен изгледот. И зависи колку време се допишувате,макар да тоа е само фб. Од тебе зависи,дали ќе бидеш искрена,прво со себеси,а после со него или не.
Спомни му го онака заобиколено низ разговор. Ако почне да ти пелтечи нешто, веднаш прекини контакт. Ако сеуште сака да излезете, тогаш знаеш дека дечкото има доволно карактер да свати дека не се отпишува девојка поради нешто што не зависи од неа. Сепак, ќе ти треба екстра самодоверба и цврстина за да си ги потиснеш мислите за сопствената состојба, бидејќи очигледно те замараат. Има доволно полиња на кои може човек да се истакне и шармира за тоа едно поле, физичкиот изглед (што е можно да си го преувеличила во тоа главчето) и да не е пресуден. Ова е барем мојот став. Пиши ни/ми што биднало од date-oт.
Каква сколиоза имаш, има таква која се приметува и која не се приметува. Ако е твојата приметлива дали одиш на терапија да ја исправиш кичмата затоа што има методи да се исправи. За дечкото ако е приметлива ќе му спомнеш уз муабет и ако те откачи (како што спомна ЕлеМентал) си заштедуваш едно разочарување плус. Ако веќе одиш на терапија за исправање и носиш можеби корсет спомни му го и тоа затоа што можеби нема поим што е тоа сколиоза и како се лечи .
Нова сум на форумов, и темата некако ми падна веднаш во очи Вака...пред некое време се мував со еден тип ( морам да напоменам дека бев пијана и малку повеќе отпуштена од што треба ), што е во исто друштво со мој бивши. Не се воопшто блиски, но после тоа бившиот ми не му зборуваше. Свесна сум за мојата грешка тука, во исто друштво се, минус за мене, но ете.. Како и да е, и после сите цинички и навредливи статуси на фб за типот од страна на мојот бивши, тој не се откажа и продолжи да ми се јавува, да ме кани на кафе и заедно да излеземе.. неговите поблиски другари не зафракаваат, се понашаат како да сме нешто повеќе од двајца што имале нешто за една вечер. Мене тоа не ми пречи,зошто тој ми се допаѓа и мислам дека почнувам да чувствувам нешто за него Но она што ме чуди е тоа дека и покрај многуте пати кога сме биле сами, на пример кога се понудува да ме испрати до дома, а тоа го прави скоро секоја вечер, тој не пробува да ме мува пак. Да не испадне дека сум желна за тоа , но сепак неможам да го сфатам. Можда е од оние типови што се прават мачо мен, а во душата се пи*ки. Воопшто не е таков,се колнам! Да не чека јас прва ?!?! Ноќеска кога ме испраќаше рече дека има нешто да ми каже но не сака сега бидејќи е пијан и не сака да помислам дека ми го кажал тоа бидејќи бил под дејство многу ме интересираше што има да каже, но не напињав. Ништо друго не ми преостанува освен да чекам и се разбира да слушнам ваше мислење,драги момци!
Tе испраќа, се однесува коректно кон тебе, те почитува, а ти се „дрзнуваш“ да го наречеш пи*ка? Грешиш девојко, пи*ка ќе беше доколку му беше поважно мислењето на твојот бивши и друштвото, и да не те рецкаше. Почекај и види што е тоа што „сакал да ти го каже.“ Можеби и самиот е во дилема и пред разрешување на она што го сака со тебе, но како и да е, биди трпелива, и цени го она што го прави за тебе, oсобено зашто, како што кажа сама, не сте ни заедно, што значи нема никаква обврска да го прави тоа.
Замисли ја сценава Јас Бившиот на maci95 на овој сончев ден се колнам дека веке нема - Повеке нема да лајкнувам статуси - Повеке нема да коментирам на нејзини статуси - ИЧ нема да ми падне на памет да ја боцкам во 2 саат наутро - Не ја поканувам на partys повеке - нема повеке да правам лажни профили и да коментирам и лајкнувам од тамо на нејзини слики и статуси - Може да сонува дека ке ми ја види фармата повеке ... - Веке нема да сум во момент "да ме грабнеш и да бегаш " , сега само во момент "да бегаш " Благодарам и ако може да ми го лајкнете статусов сите мои 4780 пријатели од кој 4770 се девојки кој ги манијачам
хмм интересна ситуација....ок дечково најверојатно сака нешто со тебе но незнае како да се постави или се кочи кога доаѓа до клучен момент....јас тоа го заклучувам од ситацијава....зашто јас не би испраќал некоја секоја вечер само заради тоа што сум фин...фак тхет !!!!! затоа 99% сум сигурен дека дечково сака нешто со тебе....Е сега ЗАШТО, не пробува пак да те смува, особено од кога веќе тоа се десило еднаш - е тука врска неам што да ти кажам.....јас би ти рекол почекај нека те испрати уште еден пат...ако не проба ништо, после тоа следниот пат кога ќе се видиме - прај го првиот чекор и тоа е тоа .... гуд лак !!!