Е сега што пиша и ти, од женско немало да добие искрен совет. Убаво му кажаа сите, дека и кога сакаме сериозна врска, треба да го запознаеме човекот, а запознавањето не е одеднаш. Притоа, еве го делот кај што пишал дека се знаат една година Значи, едно е да се знаеш, друго е да излезеш на состанок со намера да почнеш врска. @Macedonianbro ти значи со неа прв пат си излегол на состанок официјално и од прв состанок очекуваш да ти рече "ајде бе се знаеме доволно, жени ме". Не оди тоа така. Пак ќе потенцирам, едно е да се знаеш со некој и да функционираш пријателски (иако ти си и ги кажал намерите, не било ништо официјално и за неа тоа било обична дружба) , друго е после да почнеш да функционираш како пар. Неа ете и годело дружењето со тебе, вниманието од тебе, затоа те маткала и влечкала со месеци, ама врска ете не сакала.
Познавање и дејтање се различни работи во мој речник. Можиш и цел живот да се знајш, ама ако сега излегваш прв пат на дејт - прв дејт е и се запознаваш за прв пат од друг агол. Така да еве ќе те прашам, од Март се дејтате? Или само се познавате?
А да си одите на кајгана да се тапшате? Се знаеле, ама прв дејт им бил, ама ваму биле, ама онаму. Ние глупи и неписмени, што не знаеме да читаме мисли и неписмени постови
Искрено, ако ова е прв состанок, не можеш да очекуваш "брда и планини" од неа, избрзани постапки иритираат, како што викаш биле средби до сега, значи не бил официјален "дејт" Некако одиш од тема во тема, и не можеш сосема да доловиш што е, и како е.. Ако мислиш дека треба да прекинеш, прекини веднаш, ако не разговарај пак, искрено ситуацијава на ни една страна не ми оди, а може да е заљубена во некој друг, се е можно.. Ама не може ти цел женски род во исто да го ставиш, поради неколку случки, а и ако не ти одговарало не требало да чекаш 10 месеци, требало на време да прекинеш и секој по свој пат. Плус едно објаснуваш, па друго мешаш, па за бившата кажуваш, па уште и "стара мома" wait whaaatt??? @Billy Idol како не даваме совети?
Зошто да одам на кајгана? Фемина е форум каде што можат и мажи да коментираат, да бараат совети, да даваат совети. Впрочем темава и е совети ОД МАШКА СТРАНА. Зошто таков bias за полови? Уште во првиот пост дечкото имаше пишано дека се знаат скоро една година. Мислам, очигледно беше завлекувањето и што значело тоа "не знам". Ама добро, сеа ќе се правиме глупи и неписмени.
Совети од машка страна за сите девојки На кајгана, пошто срамота е овде, на толку жени од различни возрасни групи и провиниенции- да им кажеш дека не даваат совет или коментираат пристрасно. Пошто се жени, и сите глупи и неписмени. Срамота.
Па со самото тоа што ме прати на кајгана да делам совети, се гледа колку непристрасно е. А за глупи и неписмени јас не пишав никаде. Пишав дека не можете да се ставите во негова кожа. Не ми лепи нешто што не сум пишал само за да добиеш на поента и да разгориш дискусија.
Не знам порано дали давала индиции дека не е заинтересирана за врска, но ако имало, си требал убаво да процениш. Не сака врска и тоа е тоа, а тоа не значи дека сите македонски жени ќе бидат исти. Јас би ти рекол дека подобро е да си фатиш девојка од тука, отколку од странство. Или па ако сакаш од странство, тогаш оди во Летонија, поживеј таму 1 години, и не една, туку 5 ќе фатиш таму и тоа за озбилно.
Баш е завлекување и сега ја бранат како женско и јас сум таргетирање сега. Една година те матка, јас и кажав, она ми кажа, не е време, ок и пак продолжува и ти се јавува и ајде ако може сами зошто братучетка ми и е најдобра пријателка од основно се и како гз и гаќи се и си помагаат што е супер, моја фамилија и е блиска и плус можда ќе сум со девојче која пак ќе стане фамилија. Знам полно примери така и затоа фул ин и дури бев. Дури и братучетка ми ја откачувала да "излеземе сами на кафе" за да помине време. Од тука и знаци. И имам речено на таква средба. Сакам да сум со тебе и она исто ок но не е спремна. И пак дава знаци знаци и викам пак од втор пат кажи сакаш пријатели или заедница "да сме". И пак некои слични муабети. (значи два пати и давам граница и одлука) Значи те навлекува една година, ти прави енергија, братучетка ми ми има признато без да знае она дека правеле муабет дека сака да сме заедно. Доволно инфо? Да продолжам?
@Billy Idol не рече ти глупи и неписмени, другар ти вреска одсабајле дека не сме знаеле да читаме. Значи да повториме-прв дејт. Продолжете да се тапшате.
Ти си се имаш уфилмено сам за знаците, или незнаеш да читаш знаци. Девојка шо навистина те сака, одма ќе прифати да биде со тебе. Се друго е....
Па сама ти кажала дека не е спремна во старт, за врска, сега праќала знаци, па може праќала, а тоа не го менува фактот дека може сака да се гледа со тебе, дека не сака врска. Може и стварно не е спремна. Ти си требало да пресечеш, а не да се надеваш без врска, жена одма знае дали сака нешто или не сака.
или е несигурна во себе и незрела и не знае што сака и чека друг да одлучува во нејзино име! значи она е уфилмана и те влече.
Како те влече, ти не си мало дете за да те влече. Ти одлучи си за себе дали сакаш да продолжиш таков однос со неа.