Мене ми е другар колку тебе што ти е. Ќе се тапшаме, ако е за тапшање. Ама, ако треба машко да се тапша, тогаш на кајгана мора само?
Те читам и да ти кажам по начинов на кој што пишуваш паметна одлука направила. Што би рекле "She dodged a bullet".
Кај сакате Били бе, се знаеме, не сме од вчера овде. И не мислам дека си лошо дете само оти си мушко дете. Ама се тригерираш безвезе, пошто мушко дете. Ај сега реално- прв дејт. И ти иде девојка, што ја знаеш од лани (многу битно), прв дејт, незалапани, и ти вика сеа за озбилно ќе идеме, немој да си ме оставил за друга. И ти ќе речеш- важи маче?
Она знае шо сака само шо ми стои дека е премногу фина и не и е убаво да те откачи дрско. Е тоа е проблемот со вас мажите, ако некоја ви кажува со убаво дека не сака, вие тоа како предизвик си го сфаќате за да напнете повеќе. А ако ве откачат дрско, пак нема да чинат. Ми стои дека девојчето уопште и не ти давало надеж, туку ти си ја имаш така сфатено, пошо многу си ја посакувал па се си гледал низ розови очила. Тоа е тоа. Преболи. Не е една и единствена.
Де бе Били, не е нејзина вина шо не сака да ги форсира работите од прв дејт. Значи некој на прв дејт да ме тера веднаш на сериозност мене би ми било биг трн оф. Со дечко ми сум 3 години, после 4 - 5 месеци зборевме кон каде сакаме да одиме со нашата врска. Овој уште непочнати, планови си прави.
Јас само ќе додам ова и тука завршвам, ако викаш друг дека е незрел - мора ти да покажиш зрелост инаку испаѓа, како беше она, магарето му вели на зајакот колкави уши имаш.
Она го прашала. И не гледам што лошо и кажал? "Изгубам" му е и во наводници дури ставено. Онака, баш фино и има одговорено. Не е тука за сериозно или не, туку она не сакала НИШТО со него. И му го кажала тоа меѓу редови со "не знам".
јас одлучив. избриши избриши комуникација после толку време и толку. неколку пати и кажав и лично и сум и кажал директно другари и нема љутиш или заедно како пар. Не сакам да идам против фамилија и братучетка ми. ми правиш лошо понекад и да не ја канам, сакаш сами да сме, ок ајде, поминуваат месеци, кажи дали сакаш заедно да сме, ми вика да, поминува пак неколку месеци и пак и викам ајде официјално баш баш на "прв официјален дејт" само братучетка ми да знае зошто искрено она не запозна и најдобри пријатели сте, лошо се осеќам и кон дада ми. Братучетка ми ми има кажано дека сака да сме заедно. Не било време. Ок ајде. Дојде време од трет пат, не можам веќе те молам одлучи се пријатели или заедно сме?! или да останеме другари и да си бркам комуникација со други девојки а ќе си останеме како пријатели заради братучетка ми и плус ми се допаѓаш како карактер, не е намќор, позитивна е и паметна и стабилна, ретко кој е пријател со некој од основно и е лојален пред се. Ме ставаш незгодно, да криеме и од братучетка ми, и зборуваш дека сакаш да сме заедно, братучетка ми доаѓа да направам и јас прв чекор покани ја официјално. Правам еднаш, правам два пати, ми се јавува и на службен работен телефон да се видиме сами. Ако ова веќе не е една година да се знаеме, член од фамилија умешан, двете страни искажано ДА и ДА за емоции дека се допаѓаме, тераш да кријам и од нејзина другарка и моја фамилија. Идеш ја буниш дури сака да сме заедно и "јас да сум го направил првиот потег" и тоа го кажала на Елена. Она дошла и јас после сум и кажал да донесе одлука пријатели или пар. Не еднаш, не два пати не на трети пат официјален официјален баш баш дејт наш како пар и сама да каже. И после Ама не Знаааамм Тогаш си незрела и несигурна и губам време и од работа одбивам пари што ќе заработам да се посветам со тебе, да ве однесам, сакала сама да отидеме на Offеst Скопје и бевме БЕЗ да ја поканиме сама побара. очаен сум.
Остај сега наводници, ненаводници, кога збориш нема наводници. Не ми одговори ти на моето прашање. Ама искрено, не е ни битно. Кој не знае да го види слонот во своите очи...и како беше понатака...
Абе каков таргет друже, сите ти кажуваат дека девојката НЕ ТЕ САКА. Значи гласно и јасно. Шо сакаш поточно од нас да ти кажеме?
И сто пати му рекла дека не е спремна и дека не е време, стварно не ми е јасно како не сфатил дека не го сака, дека тоа значи НЕ.
ама она рече и ќути не кажувај на братучетка ти(најдобра другарка) да се криеме, иде и збори сака да сме заедно и признава и ја наговара да сум ја поканил, она доаѓа и правам така и пак не знае и пак тера да криеш од фамилија и најдобра другарка и пак продолжуваш кога бара да излеземе да не ја викаме, ок фактички се криеме и пак и зборуваш на братучетка ми чека од мене. Ем правиш дволичност, ем ме тераш лоши потези ем МЕ ВЛЕЧЕШ, ем криј се ем лажи ем те сакам ем не сега. ВЛЕЧЕЊЕ и незрелост е тоа. Дете!
Се ова ти укажува дека не сака да е со тебе во врска! И толку, стави си во глава. Не те сака. И сам кажуваш како е незрело однесување, и е детски, и пак со глава во ѕид одиш.
Му го вадиш од контекст муабетот. Ова е претходно додека се знаеле таа година И претходно излегувале пријателски, кај што овој ја прашал директ дали сака пријателски или нешто повеќе. Плус му пуштала сигнали преку братучеда му. После толку време излегле на официјален дејт. Она го прашува дали е за сериозно, овој и одговара потврдно, она му одговара "не знам", или меѓу редови НЕ. Не згрешил он ништо со тоа што и рекол така. Единствено што згрешил е што дозволил да го влечат толку долго. Ама памет за друг пат.