Ем незрелост, ем дволичност, ем ти се свиѓа како карактер и за озбилно Ајде, диши... не напнувај следниот пат
Јас ти гарантирам дека овој толку многу ја има напнато со тој муабет за врска шо она веќе незнаела ни шо да му одговори. Од шо е фина. Знаци - нема знаци. Он си ги измислил тие знаци. И да, негова грешка е шо дозволил толку време да го влечи она.
Ако он не сака по овие знаци да примети колку таа не сака да е со него во врска, тогаш не знам.... Ова и мало дете ќе знае дека е така, сега што тој не сака да си признае и оди со глава во ѕид, верува... па дури и напиња за во врска, по стоти пат, а му кажала дека не е спремна... Тоа е друга тема. А и сам кажува како е дете и е незрело однесување, ама не.. пак по неа и со надеж.
Да, ќе приметиме ние, сега, откога ја гледаме цела слика. Ама од друга страна девојчето му давало измешани сигнали. Никогаш не му одговорило на прашањето дали сака да се само пријатели. На братучеда му и кажала дека сака да се заедно. Биле во контакт пријателски толку време, знаела дека тој сака нешто повеќе од неа, директно и кажал неколку пати. Излегла на дејт каде што тој официјално пред дејтот нагласил дека не е пријателско излегување како претходно. И на тој дејт и кажал дека ја гледа за озбилно, за врска и сака да се заедно. И после сето тоа, девојката немала ниту доблест да му каже НЕ. Да не ја блокирал уште ќе го влечела. Такво однесување не е ок.
ок одговори на ова зошто продолжува комуникација со мене? зошто на нејзина другарка(нејзин братучед сум и близок) и кажува да ја поканам и прв потег да направам и после тоа кога ќе ја прашам и инсистира пак да "излегуваме и да криеме" и да лажеме а јас сум и кажал ме ставаш во лошо и не сакам да те притискам дали си сериозна за заедно да сме и тоа првиот пат!? после пак оди кај братучетка ми и зборува и врти исти муабет. ок се спуштам и се согласувам на нејзина игра. Се криеме под наводници и викам слушај јас сум сериозен и сега и ти ми призна дали сакаш или не? пак не знае и пак така зачаран круг , криј се лажи и трајни реков сакам да сум слободен, другари или дечко и девојка! 3ти пут и нема да ја лажам дада Елена
Каков пораз бре, женско го одбило, сосема нормална работа, и обратно да е исто е нормална работа, нема пораз победа, не е ова рукомет побогу.
@Macedonianbro мене ми е малку нејасно, како тоа претходно си ја прашувал дали сака да сте заедно, а уште сте немале појдено на официјален дејт? Демек еј ми се свиѓаш, ајде кажувај дали сакаш да сме заедно одма? А и ете, ако бил прв официјален дејт, можи и цел живот да се познавате, буквално нема обврска да ти даде одговор тогаш. Мене некое време ми пишуваше еден ветувајќи ми брда и долини и како не сакал да ме изгуби, а во реалноста не ми ја знаеше ни омилената боја. Тоа е буквално очај само за да имаш некого и да не си сам. Не се лути, ама мислам дека проблемот кај многу машки е што сакаат да се исфорсираат одма кај девојка за да не ја "земе" некој друг. За мене можам да зборувам, кога запознавам некој сакам прво пријателско зближување и работите да се одвиваат природно, а ако нема некаква конекција или остануваме пријатели или секој по свој пат. Не велам дека години треба за тоа, но исто така и не можи од денес за утре. Од она што прочитав, од твојата страна на приказната, мене ми личи дека таа не сакала да е со тебе, и си можел да се тргниш многу порано. Сега ти е машкото его повредено, па ја направи девојката ко да ти убила некој близок. Тоа е што е, нема потреба од тоа, продолжи понатаму и барај некоја што е слична на тебе.
Па една година без секс, и ти си мислиш дека она знаци ти давала за да биде со тебе? Не сакала друже. НЕ САКАЛА да е со тебе.
Како одма не си стави во глава дека не сака да е со тебе? Еве не знам.. Како што има вакви мажи, има и вакви жени, кои знаци ги гледаше ти побогу? Кога нејзиното однесување сосема друго ти покажувало?
Па прочитав дека си ја прашувал за врска уште пред да појдите на официјален дејт, а таа ти давала измешани одговори. И кога конечно сте пошле на дејт, те одбила. Моето погоре напишано уште стои.
види ја знаев уште првите 5 месеци но тоа што идеше кај Елена и правеше муабет и што продолжуваше да се јавува на мене и да се гледаме и ме покануваше да се гледаме заедно без да ја викам братучетка ми и плус ја наговараше јас да правам први чекори и одозгора се залапавме(значи физички контакт) имавме. што да кажам уште. И реков не биди дете. Значи независна е, зема солидна плата, има лојална добра другарка која ми е фамилија, значи се услови добри, стабилен сум и јас. Значи сака да е у врска, не сака криј се ок тоа, пак прави муабет и пак зачаран круг и реков излегуваме официјално, и реков после ова е последно дали сме заедно и кога ми рече абе не знаааммм. Идам до нотар, избришав се и тоа е. Јас решив да прекинам комуникација. Ме влечеш, лажеш најдобра другарка и мене, губам време. Доста