Искрено да ти кажам проценката ти е катастрофа, толку време ти требало да разбереш дека нема заинтересираност за сериозност кај неа?
Зошто мажите нештото шо буквално не е контрола, го сфаќаат како контрола. Демек не сакаат отчети да даваат никому? А никој не ги прашал за отчет? Зошто не сакаат обврски
Доколку тоа е навистина како што велиш, тогаш тоа е класично однесување на маж кој сака привремена девојка за задоволување на неговите сексуални потреби. Таквиот маж, после „средбата“ не сака да му се мешаш во неговиот личен живот. Не сака да го прашуваш кај иде, со кој иде, што прави во времето кога не е со тебе. Ако го прашаш, вината ќе ја префрли на тебе, дека ти си љубоморна, дека го контролираш и сл. Но, да не заборавиме дека и самите сме си лично одговорни како ги бираме нашите дечковци/девојки и колку долго ги запознаваме пред да им овозможиме пристап да може да не искористуваат и злоупотребуваат. Ако сме трпеливи, лесно ќе забележиме црвени знамиња во карактерот или намерите на другата страна. Но ако не сакаме да забележиме, туку сакаме инстант задоволство или инстант придобивки од „имањето партнер“, тогаш своеволно си го превземаме ризикот и за повредување, искористување, злоупотреба итн.
Муабето после беше општо и за нешто. Тој не оствал на жена него да му кажува дали тој ќе одел на тура или ќе бил со неа. Еднаш ми рече дека воопшто не се смета за вреден и стално сам си се потценува
Deckovo ne te ceni begaj podaleku nema popravka, ako ste golema razlika uste podaleku ne se ponizuvaj, trebalo od start koga se definirale nestata togas da presecese da ne gubis vreme za dzabe.
Таквите недозреани што се срамат да кажат дека дома комуницираат со жената за се што треба не се мажи за мене. Прав маж ќе ти даде и отчет и кога ќе го прашаат дали викенд сакаш да одиме со жените на пијачка ќе каже да се договорам со жена ми па ќе те известам. Тоа не е за потценување, или како што голем број такви гомнари коментираат дека тоа за нив е команда од страна на жена, не душо, тоа ти е РЕСПЕКТ спрема жена ти! За твојава ситуација дечково не само што не гледа нешто сериозно туку и не те цени, така да бегај подалеку и цени се самата себе си или пак однесувај се како него исто. Многу повеќе ќе го заболи кога исто како со него се однесуваш.
Ако има слога нема врска годините. Плус еве ти уште една причина за непочитување. Какво е тоа лајкување по секакви?! Аууу колко ме нервира тоаа, мој дечко/маж да гледам да ми лајкува по други... Одма ука бука станува. Знам што помислувам кога ќе видам некој во врска/брак ми лајкнува слика.
А што има врска тоа што лајкнуваат луѓе што се во врска или женети, ставете си на профил забрането лајкнување од зафатени и мирна глава ако не сакате зафатени да ве лајкнуваат или не ги прифаќајте за пријател.
Има врска, како така, ај женска ти/жена ти нека лајкува на слики на непознати мажи, на што те асоцира тоа? Мислам да лајкува на пријатели ок, ама на некои кои што ти не ги знаеш, дај те молам, знаеме како функционираат тука работите. Со секој лајк иде и порака, средба, неверство.
И без да се лајкнува може да дојде до средба и неверство, лајкот не е реперт дека сака нешто со таа личност да се има. Нека лајкнува, тоа ме асоцира на тоа дека и се допаѓа сликата што е ставена од таа личност.
Чист пример е ова како може да дојде до нешто такво инаку човек ако сака да изневери ќе изневери, свесни сме за тоа, ама лајкови, коментари на слики од друга жена/маж дур си во врска/брак е тотално непочитување спрема жената/мажот. Не зборам за жени/мажи кои се славни личности или нешто такво, зборам за 'блиски' другари/другарки, бифши или поранешни симпатии.