Не знам што се замараме и очи си вадиме за членов. Очигледно е дека трола кога почна со курови да пафта. Ќе го јаде банот секако.
Машко шо имал било каков сексуален акт не се фали на соц.мрежи. Ама пошо ти е криво и цел ден ја оговараш шириш глупости на темава. Гроу ап. Те откачила. Живот иде даље. Па дури и да сте имале нешто повеќе од бакнеж биди муж и не ја брукај тука.
Мене ми изгледа дека воопшто не трола, реален е ама не доби совет каков што сакаше и сите сега му се криви, сакаше сите да плукаат тука по девојката и да го тапшаат по рамо..
Па му се сипаа безвезе на старт и после почна да трола, додека не добие бан. Ништо ново, ништо поинакво. Секој втор обид за совет вака завршува. Ќе се зачисти, и јово наново.
Не туку обратно станав јас како машко таргет дека јас лошо сум се однесувал со и кон жената и јас сум ја влечел преку целата година и да ставам под наводници не сум ставил крај на комуникацијата. Можеби не требаше да изреагирам импулсивно со бришење од социјалните мрежи и телефонскиот број. Но да бараш да лажам твоја најдобра другарка која не запознала, да бараш да лажам моја блиска роднина, да бараш да се однесувам лошо и против сите принципи и да ме ставиш во тесно зошто си незрела и не знаеш да одлучиш дали сакаш да сме другари или да сме дечко и девојка. Одиш кај другарка ти и ја лажеш постојано со месеци и ја наговараш да продолжиме комуникација и да и зборуваш дека ти си виновна што не си одлучна и си чекала јас да ти кажам дека те сакам и го направив тоа и после доаѓаш и ми ѕвониш те молам на другарка ми не и кажувај, фактички ајде да спиеме ама јас ќе продолжам да покривам дека сме двојка пред братучетка ти. сум сакам да пљукам. да сакам да пљукам откако се однесуваш лошо и очекувам да имаш последици. Прееска околу 4 и пишала на братучетка ми зошто сум ја избришал од инстаграм. еј, ме влечеше и лажеше а јас ти реков или сме заедно или остави ме да си барам друг социјален партнер.
@Macedonianbro Буквално не си таргет затоа што си машко и не знам како вака размислувате. Синдром на жртва од Тему Исти мислења ќе добиеше и девојка вака да пишуваше. Бикоз they do. Личноста била малку или воопшто заинтересирана. Тоа веќе уште на почетокот неколку пати ти го покажала. Понатаму тоа што си потрошил цела година е за жал, на твоја одговорност, сакал ова да го прифатиш или не. Бесот, тантрумите и она "очекувам да има последици" ти се јасен знак дека треба многу ама МНОГУ да работиш на себе, својата емоционална интелигенција, отсуството на дисциплина и мајндсетот
Ама ни ти не ја посакуваш вистински. Туку ти се чини дека би биле добар пар поради х причини. Ниедна друга не погледна година дена? Среќа па она препознала дека е сепак " на сила " работава....не и се испушта, но не и се ни зема....
Уствари ни ти ни она не сте сакале да бидете заедно туку некој трет. Затоа и не сте си одговарале и сте се влечкале така. Утре ти ќе живееш со неа не братучедка ти. Може и неа братучедка ти ја притискала како и тебе да бидете заедно.. Да ти рече утре братучедка ти оди фрли се во море ќе се фрлиш? Не слушај што ти кажуваат другите дека е добро за тебе и не прави да биде добро на другите, барај девојка што тебе ти се допаѓа, утре ти ќе живееш со неа, не тие кои што сакаат да сте заедно. Едит. Исто мислам дека не треба да ја обвинуваш неа, многу се веројатни шансите да не те манипулирала едноставно не знаела што да прави, не сакала со тебе да биде, ама ако не е со тебе мислела дека ќе и се налути другарка и.
Абе, многу ви е досадно во животот па немате друга работа освен да правите лажни профили и да тролате тука. И овој и тој другиот шо не тролаше пред месец дена со ебањето на самохраната мајка, се твои. Патем, тетките од форумов, супер си се. А од кај знаеш за нив, хм?
@Macedonianbro (Не знам дали е избришано последното мислење, не го гледам.) Но, и самиот велиш, си ја посакувал. Посакувањето не исто што и сакањето некого. Не можеш само неа да ја обвинуваш, а да не си и себе малку погледнеш Едноставно не сакаш да си признаеш дека си станал зависен од топло-ладниот однос. Двајца возрасни луѓе заедно си играле на мачка и глушец поради моменталниот адреналин. Факт е дека вистински заинтересиран сериозен маж ќе постапел на многу друг начин - не да глуми глув телефон преку трето лице. И сериозен зрел маж уште на вториот пат би оладил ако девојката не е зрела. Односот бил таков каков што е, бидејќи ти било и на тебе интересно. А уствари и на двајцата ви било само досадно. Но, сега бидејќи таа на некој начин прва пресекла, повредено ти е егото. И сега поради што имаш слаба контрола врз емоциите и lack of self-accountability т.е самиот не си толку зрел, вака реагираш