Пак мешаш поими. Јас не ти кажав дека е робинка, јас ти објаснувам дека кога се лајкува по други мажи/жени е непочитување кон твојот партнер/ка. Значи тебе ти е ок тоа пошто изгледа ти ставаш лајкови и коментари по други женски. Со еден збор џабе ти е врската кога немате почит во неа.
За луѓе е и тоа, ни први ни последни. 21 век сме, 2026 година, све е дозволено Си чул за фејк профили праење? На Снеп од кај си сигурен дека не комуницираат? А тоа шо се праел најголем верник, баш тоа кажува све
Ако е решила нека се плесни, тоа си е нејзино право со кој сака ќе се гледа и ќе легнува, сите изиграваме светци, а во реалноста е сосема друго. @Mrs. right со тоа што ја вработи кај него во институцијата доволно кажува дека уште комуницираат, дали на снап или на лажни профили, еден период имав комуникација со неа, иако негираше сепак доволно кажува тоа дека не е завршена прикажната меѓу нив...
Значи ти сакаш отворена врска. Сакаш слобода, а тоа во реалноста не постои. Изигравате јаки фраери и доста гледате амерички серии.
Ова сериозно? Не го почитувам дечко ми/маж ми ако лајкнам или искоментирам на слика на другар/пријател/познаник што тој не го познава? Мислам на пријателски кометари или интерна шега, честитки, не на додворување. Па не може тој сите луѓе што ги имам сретнато да ги познава ниту пак да ги избришам луѓето од мојот живот што не ги познава. Аман бре луѓе, со сите што комуницирате на социјални мрежи се плескате?
Јас искоментирав за полуголи девојки кои ги нема видено во животот, ги знае од градот само на добар ден и бифши. Никој не искоментира за пријатели. Плус во овие случаи ретко да има пријателски коментари, за жал. Обично се се сведува на додворување. Точно, ниту барам да ги брише сите луѓе од неговиот живот ниту ги бришам!
Не мешајте баби и жаби знајме сите многу добро на какви “пријателства” мислеше членката. Ако не се јавеше ти да не просветлиш ние не знаевме.
Вратете некоја страна поназад и читајте одново. Или се правите со сила наудрени или на различна фреквенција сте со @Burevesnik
Добро ај глупи сме ние не знаеме шо пишеме, ако сфати мило ми е што се разбравме, ако не разбра не исправувај криви дрини. Позз.
Па јас така го фатив мојот господинот си додава жени по ФБ па лајкнувал слики и после тоа не можел да излага имал обврски како па да не, удри му еден шах мат стави му in relationships на ФБ и ќе видиш како ќе изреагира. И после тоа кога го прашав дали си сериозен и дал ќе ме земеш за жена, ми одговорил имав две девојки но не се земавме и тоа за мене значи НЕ.