Објави го јавно и тагирај го. И на другите што мислат така да прават, ќе им стане незгодно. Иначе, класичен манијак Недај боже да излезеш со него негде Не се сите машки такви, ама изгледа на такви наидуваш и ги прифаќаш за пријател/следач. Една слика од плажа да имаш, доволно им е на таквите и одма ко пирани напаѓаат.
Не мислев на ,,сама си го барала", туку дека има такви машки што ќе видат слика со купачи на плажа и одма се палат со патлаците. ,,Сама да си го барала" ќе треба да игра чочек со гол газ на улица, а тоа што се сликала со бикини на плажа не значи дека го барала.
Епа тоа помислив, да не некоја моја слика направила да биде така. А немам нешто којзнае какви слики ама и тие што ги имам ќе ги избришам. Ама дечко вака топ, светица ама се испонаша крш.
Да бил дечкото топ немало да го направи тоа. Дечкото е ПОТОП. Не мора да бришеш слики, ама не примај секого за пријател. А и да сакаш да прифатиш некој, одма по профилна му се гледа што човек е. Денес социјалните мрежи зборат 50% за карактерот на луѓето, така да лесно би можела да процениш кој каков е и какви намери би имал. Малку муабет да ти направи треба и ќе знаеш на што си со него.
@1Sanja-@ He's horny во моментот и мисли дека ќе бидеш импресионирана на исто ниво како кога нему некоја би му испратила nudes. А причината зошто уште на почеток форсира со разговор за секс, е затоа што вообичаено не ја гледа девојката за ништо сериозно во иднина. Тоа не значи дека дека таа не е материјал за врска, туку често значи дека тој не е + му недостасува емоционална интелигенција
Типично манијачко однесување и тоа значи дека му е само за секс... Ништо специјално не треба да правиш само стави го на блок листа.. Што се однесува до твоите слики нема потреба ништо да бришеш и без профилна и слики да си манијак си е манијак и не му е до сликите или дека ти го имаш "испровоцирано"...
Па добра му беше профилната и сликите и баш ме изненади. Ама добро фала ви на одговорите. Знам дека сите машки не го прават тоа, ама си мислев да не им некоја фора, да не не сум во тек со настаните. Мислам и да не му се свиѓам што ми пишува воопшто, или нека пише директно не е тоа начин да испраќа такви слики, јас ако сакам да гледам има на интернет колку сакаш. Сепак се гледа дека типчето беше некое уфилмано по лепота, преценето. На крај, приказната брзо заврши и он ме блокна, немаше време јас него.
И јас не знам и не разбирам ама знам дека проблемот не е во мене или тебе туку во нив. Делуваат сосем нормално на почеток и одеднаш леле мори мајко. Да сум јас тој тип или да е некој разговор во тој контекст ајде да сватам ама и мене не ми е јасно, им даваш до знаење дека не бараш некој за забава, нормално се однесуваш, нормални муабети и одеднаш слика ... Само не се секирај не е дека ти не ги гледаш профилите како треба. Ги има секакви има некои одма знаеш, има профили скроз ок па пак не може да знаеш, пушти ги овие експерти по читачи на профили.
Зашто ghost-ирате и продолжувате да не следите / гледате Ко, ако некоја личност не ја гледаш како доволно привлечна за да сте ниту партнери, нит другари, нит ја почитуваш за достоинствено да и го кажеш тоа, што ти е интересно да си 'гледач' од страна? Што точно те интересира да видиш?? Јас на пример на социјални мрежи се следам со личности што ми значат актуелно, + стари пријатели, познаници од средно/факс и по некој профил со добар контент што ме инспирира и ми е убав за гледање. Failed situationships не ми се на листата. Ако имам нешто со некој и тоа не прерасне ни во пријателство , апсолутно не ме занима да го следам - инстант unfollow. Бар во секој момент сум со сите на чисто. Исто така, кога сакам некој да одбијам директ го кажувам тоа, не го влечкам човекот. Сум приметила дека мажите не знаат да пресечат.
Те чуваат за секој случај, ако не им успее со друга да си пробаат пак кај тебе. Искрено, треба бришење сѐ вакво. Имам некои што ми се останати, лани баш бришев такви што ме додале од дејтинг аппс ама престанале да пишуваат (бидејќи немало реален интерес во моментот) и мене бидејќи ме мрзи обично да одам низ листа сум ги оставала. И на крај имаш само поголем број на views на стори кои се ко:
@ecotte12 Затоа што на овој начин одржува конекција со нула труд и ја гледа девојката како резервен план, во случај да не му успее со новата. Што значи, не е од никакви flattering причини. Буквално ти ја потценува интелигенцијата. Бидејќи и да се врати, ќе биде моментално, до следниот Петок. Затоа кога се прекинува комуникација со него, не одиш само на unfollow, туку и него директно го бришеш од следачи
Се слагам со двете ама кој левел на бед е да си пасивен гледач на некој што не ти се ни свиѓа, само за евтина валидација и бројка во followers? мислејќи дека така девојката ја држиш на лагер / во фиока за секој случај кај отиде срдечноста на луѓето... и најсмешно ми е кога тоа се истите мажи што викаат "social media ruined dating" ко се праат паметни и несфатени deep филозофи.. Затоа да видиме некој маж да одговори на ова