@ecotte12 Мисловниот процес е дека нема мисловен процес. Реалноста е дека тој не мисли на девојката која ја ghost-нал, дури ниту кога и го гледа сторито. Таа е што мисли на него. И тоа е целата поента. Allow me to explain, го отвара сторито, го затвора. Ништо не мисли. Дури го отвара додека e со друга на кафе, во кревет. A man knows дека ако девојката го отследила, а не го тргнала од следачи, дека истата чека тој да и ги види сторињата. Знае дека таа ќе мисли на него и самата си се спречува да тргне напред/со друг. А тоа е супер за машкото его Значи за него, чиста забава/нема значење, за неа - ментална гимнастика Кога ова девојките ќе го сфатат, ќе сфатат дека покорисно е да седнат да бројат зрна ориз, отколку да анализираат постапки на кој не е заинтересиран за нив
А зошто мислиш дека те следат или ти гледаат стори само затоа што нешто се крие зад тоа? Јас се следам и со луѓе со кои што не сум во комуникација, а нема некоја позадина.. И кога гледам сториња често и не ги гледам туку само брзо искликам да не ми стојат горе како не отворени. Така што ако мислиш дека те следи некој што ти не сакаш едноставно избриши го.
Ме интересира мислење од машко, не од женско. Затоа сум во оваа тема ама да напоменам, оти и покрај насловот, пишуваат женски. Зошто кога некој не може да има некоја, почнува да зборува за неа лоши муабети, демек таа не чини? Жими сè, овој феномен не можам да го разберам, дај некое машко нека објасни. За мене е тоа толку бедно, одраз на немоќ и на неспособност, за самите подобро да се осетат. Гревови.
Фала за потсетникот. Ама да, во право си. Мисловниот процес е - заборавил дека те гоустнал, не па да му текне да те отследува. Никој од мажите што гоустнува не размислува толку длабоко колку што ние си замислуваме дека мислат.
Нема тука машко и женско, универзално е- кисело е грозјето. Уствари женско, ако некој не ја сака, триста филмови ќе сврти, што не чини со нејзе. За машко, традиционално-ако некоја не го сака, нешто не чини со нејзе. Просто универзално
Се гледаме со едно машко, и му велам ќе ставам филери на уста. И ми вели, леле никако, не е убаво. Односно, како сакаш ти И после гледам лајка слики, на некои девојки баш со такви усни. What's going on???
Што се филтри на уста и како би знаел дали некој има или не? Претпоставувам ботокс, па ако не е преочигледно односно да и се преголеми и несекојдневни сигурно не знае да препознае.. Друго од кај знаеш дека поради устата ја лајкнал сликата? Исто битно е која е девојката, познаничка или на рандом девојки лајка слики, ако е второто голем ред флег е..
Шо стори бе со ова машкиве... дај остави некое машко и за другиве девојки Ама озбилно. Ги споделуваш ли овие работи со психолозите, за твојот разнолик и бурен љубовен живот мислам? Според твоиве постови тука делува како секој месец нов дечко да „гледаш“ (што и да ти значи тоа гледање). Мислам дека тоа не е арно за никој човек, па ни за тебе. Имам и еден познаник што секој месец нова женска ќе најде и само ги пика дома. Психички ептен се изгуби. Не знаеа веќе што сака и кај тера со животот. Едно време многу ослаби, си помисли некоја сексуално пренослива болест да не закачи.
Најдобро да го прашаш него! Од кај да знаеме ние дали ги лајка сликите поради усните или очите или купачите
@GirlLove Не го центрирај животот околу мажите и нивното мислење. Ако лично сакаш филери, за себе, стави си. Ако ги ставаш за маж, think twice А зошто така велат, а друго прават? Како прво, 90% од нив не разликуваат која има филер, исто како што под природен изглед уствари мислат на девојка со неутрална шминка. Па затоа може филер во реалноста да го асоцира на нешто пренапумпано, драстично, фејк и не по негов вкус. Второ, луѓето онлајн лајкнуваат сè што е исполирано и стимулирачки, а тоа не значи дека истото го сакаат во реалноста. Често лајкот е low-effort engagement, отколку нешто калкулирано - тоа кажано за визуелниот вкус. Од друга страна, не ти треба маж кој те прави несигурна, без разлика дали се лајкови или филери во прашање
Прогуглај шо се де. Ботокс е едно, филери друго. Филери се коа ги праат напумпани усните ко патки. Добро изглеа само коа не се претерува, иначе е лошо и гадно. Се приметува иначе, само вие машките излеа не умеете да приметите. Нема нишо боље од девојка со природно полни усни, а филерите не се тоа тоа, али јбг не се сите надарени. Грл лав.. Прича за себе си бе жено. Упорно и упорно трчаш по неиживеани мочковци.. Се слагам со членот погоре, не сфаќам шо добивате од тој бурен љубовен живот, лекции? Ако да, барем да вродеа со плод, па да се исплатеше. Ајде, секој со своето, не знам шо да кажам, големи сте.
Машко кревко его, тоа кажува за неговиот карактер колку е всушност лош и ако не е по негово сака да повреди.
@GirlLove Истиот тој за кого велеше дека не ти е емоционална поддршка, си игра топло-ладно и не е заинтересиран за ништо сериозно со тебе? Не ти се мешам оф корс, доволно си возрасна, сепак самата знаеш зошто си со него Само би рекла да се сакаш и почитуваш себеси повеќе