Е сеа, ако е 155, ќе се примети, а ако е 166 или 170, не баш. Плус патика со подебел ѓон ако носи, додава неколку сантима на висина. Вечна мистерија, дали три плус или три минус. Обично се лаже за неколку сантима, ситни лаги, ради комплекси.
Многу машки лажат за висината, секогаш си додаваат 2-3 cm плус. Ама лошо е ако со иста висина ко девојката, не може да не се забележи дека лаже. Така и мене еден ми кажа дека е висок колку мене и на крај кога се видовме испадна дека е понизок за неколку cm Не ми беше висината проблем колку што беше проблем тоа што лажеше уште од сам старт. А ако лажат дека се 185 место 180 ств нема да приметам, ама нема такви за жал
Не знам по мене висината не е баш некоја пресудна работа.. карактер, мозок се побитни.. Не сум прашал девојка до сега колку е висока.. а сега 155 или 157 не е толку битно.. и јас не знам колку сум висок треба да се измерам..
@Ta-mara Јас искрено не верувам дека излажал со тоа што кажал дека е 170 Бидејќи тоа already не е високо за да некој би лажел за истото. А ако е понизок од ова, мислам и по слика може да се види - би требало да има пократки нозе Инаку, не дека точно може да процениш, но можеш во обзир да ја земеш целосната слика, позадината. Ако се сликал до нешто за кое отприлика знаеш колку големо е, како автомобил, врата, надвор некаде и сл
Ај за 2-3 сантими, ама за 10? Мене тоа ми се има случено. Мислам дека мажите треба да престанат да мислат дека нивната висина е најинтересното нешто за нив. Плус нема да речат дека они лажат нормално, туку тебе ќе те гаслајтнат. Али океј, мислам дека и од двете страни опсесијата со висина е нешто многу детинество. Ко на пример членкава, што има врска дали е колку тебе или еден сантим плус? 150 не е сигурно. Не е крај на светот ако си еден сантим повисока.
Често се лаже за висината, најчесто лагите се поврзани со тоа. Ама не драстично затоа што се приметува обожаваме да си заокружиме се на 0 и 5. Ако некој е висок од 175-179 ќе каже дека е околу 180, ако е од 180-184 ќе каже околу 185. И после некое време ќе се дознае колку е точно висок и ќе каже знаев дека сум околу 180 ама не бев сигурен колку точно.
Јас сум 169, викам 170, некако незгодно ми е да пишам 169. Али си ја сакам висината, џебно Венериче, т.е џебен Венер.
Путин, Зеленски, Макрон, Стармер, Грујо... ииии Мелони. Сите далеку догурале. Некој и до скала Спојлер: Спојлер. Ако се качува на скала за сликање, понизок е одошто тврди
Можно е да ми заличил на понизок бидејќи објавил слика кај што е сликан со повисоки , искрено не знам и сум за и не сум да излезам не сакам да излегувам ако знам дека нема да ми одговара
@Ta-mara Не излегувај Почнеш ли еднаш to nitpick, да се двоумиш или да се убедуваш да ти се допадне, не е тоа-тоа. Едноставно, не си го троши и не му го троши времето
Да, да, многу ги има....нашиов кандидат и титула годинава освои...пу,пу да не го урочиме, па на бајачка да мора после....инаку добар материјал е , либерален..... додуша малку е попаметен од твоиве набројани, ама ќе се снајде ај
Тој мене на почеток ме праша дали ми смета дали можеби сакам повисоки машки и му реков не ок е сега кога помина толку време допишување и ме викна на кафе ми е глупаво да му речам за висината или да излезам и после да му речам нешто не знам
@Ta-mara Штом те прашал така, низок е. И тоа е во ред, сметам дека бил коректен и искрен на еден начин. Сега ти биди коректна и културно не му го троши времето повеќе, т.е времето и на двајцата
Имаше еден тип, популарен е на интернет и открива кој колку е висок, преку слики, ко интернет детектив. Можда сте го виделе, Азијат е, млад дечко. Нека го контактира членкава Ај шала на страна, побогу излезете па ќе видиш. Го тупите без потреба