Само 5 до 10% сме високи, но зависи и што се подразбира под високо, секој има различни преференци, јас сум измеѓу 1,85цм и 1,90цм за некоја и јас сум низок, например за одбојкарка
Лажењето за висина е непотребно иако на многу им изгледа како ситница, ама реално тоа покажува несигурност и недостаток на самодоверба коа некој те лажи за ситна работа. Плус висината е нешто шо не може да се смени ниту па прикрие, па многу поважно е како човек се носи со тоа т.е да се прифати каков шо е него ли да се обидува да прикрива со лаги, оти нели кога ќе дојдиш со реалноста и се сретниш еве да речиме, тоа шо било прикриено ќе се види во живо нема кај да бега. Дополнително на ова е тоа шо ако некој лаже за ваква банална работа, нормално е да се постави прашањето за што уште би те лажел утре? Искреноста е основа за се и реално ако таа недостига од самиот почеток не знам како би се одвивал понатаму односот за некои други посериозни прашање ако би кликнал/а.
Ова е главниот проблем уствари. Он нема самодоверба, нејзе недостатокот на самодоверба и е трн-он, не дека 3 или 5 см се пресудни за нешто, реално не се забележуваат. Брат ми е понизок од мене 5см, дечко сум имала 5 см повисок, визуелната перцепција не е нешто различна. Комплекси се страшна работа.
Физичките карактеристики се небитни тотално. Она што ме прави среќен не е симетријата на лицето, туку карактерот, како комуницираме со нашите души и како се чувствуваме кога се држиме за рака. Ако е ниска може да ја изгубиш во гужва, се зезам Никој не треба да губи самодоверба за висина или изглед, лошо е лажењето.
Така е. Мојот бивши беше пренизок, ама сепак јас бев таа што прва му пријдов зошто ми беше привлечен. На штикли повисока бев од него и воошто не ми пречеше. Ама во текот на целата врска не престана да збори "леле пренизок сум, леле кепец сум, леле гените на мајка ми да и ги пљукнам". Е ете тоа постојаното кукање и немањето самодоверба ми беше трн оф на крајот, а не висината. Self-sabotage.
^ за ниски мажи баш таа самодоверба немање ми е најголем трн оф Не ми е гајле колку е висок (сите се од мене повисоки, 159 сирота) колку што ми смета некој толку да се опседнува и тоа влијае на други работи. @Polyincognito ме отепа со постот за сториња гледање До душа не се гоустнавме, се десија некои други муабети и на крај јас му кажав дека не сакам да се видиме, дечкото религиозно ми гледа сториња (башка не ни користи нешто мн. соц. мрежи, скоро ич) и си хранев его ете така Мн. сум смотана некогаш, 35 ги имам побогу
а над 50% сме со голема должина на алат. Си требала некои штикли да му купиш.Малце да му се крене самодовербата.
Ме интересира како се покажува интерес а да не испаднам очајна. Има тип што ми е симпатичен, од околу знам некои работи за него и сакам да го запознаам па ако се засвиѓаме супер. Немаме заеднички блиски пријатели, можеби само некои стари познаници преку кои не може да се оствари контакт. Не сакам да бидам некоја што ќе го демнее и чека тој да ја примети хаха мои другарки во овој случај излегуваат и со месеци на местата каде што им излага "симпатијата" и чекаат додека не ги примети и им пријде.. според мене таа изглумена ноншалантност е веќе детска и не е за после средно школо. сакав да пристапам искрено и директно, но имам чуство дека ниеден дечко не ги сфаќа таквите девојки за сериозно, барем такво било моето искуство до сега :/, ме свиѓале само оние за кои сум била недостапна и само таквите со месеци се труделе за мене.
Сум пришла ама поентата е што во животов никој не ми возвратил симпатии ако јас сум пристапила прва. Истово важи и за сите мои другарки. Воедно и сите мои другари фатиле девојка на која тие пристапиле први. Само 1 случај знам каде што било обратно. Изгледа мажите сакаат предизвик
Не знам дали некој го има спомнато ова, ама девојки, некогаш, или скоро секогаш, најубаво а на машко да му кажете директно дека ви се допаѓа. Отвореноста и директноста, барем за мене, се сто пати поценети отколку некои "Ме сака, не ме сака ли?" игри со мешани знаци кои ги праќате кон машкото за на крај двајцата да ве донесат никаде.
Lowkey висината воопшто не треба на никого да му биде битна, иако луѓе ќе речат "Ама тоа е сепак јас што преферирам!"
Јас пак сум имал женски кои први ми покажале интерес, секоја чест на храброста и секој различно ги цени работите.